СОЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР

Во пролетта, 1997 год. Албанија беше турната во тотална анархија, како резултат на банкротирање на “Пирамидалниот” систем. Српскo-македонските анти-албански кругови се обиделе да го искористаат дадениот момент за да ги оствараат нивните соништа. Тие започнаа да ги координираат нивните политички и воени комбинирани дејства. Додека Србите во пролетта, 1997 год. ги засилија воените полициски дејства на Косово, Македонците го подготвуваа сценариото “9 јули” за да им стават крај на радикалните албански барања. На ваквите антиалбански политички тенденции, во ПЈРМ, албанскиот политички субјект им одговори преку нов процес, процес на соединувањето на политичките сили, формирајќи политички макро-структури. Овој процес беше можен по локалните избори во 1996 год.
Првиот чекор, во ова насока го направиле опозициските албански политички субјекти, со нивното соединување. Овој процес беше крунисан со соединување на ПДПА и НДП, на Конгресот, кој беше наречен “Конгрес на соединување”, на 4 јули 1997 год. во Домот на културата во Тетово. Со оваа можност, по претходното подготвување на Собранијата на ограноците и определба на делегатите, на Конгресот на соединување се формираше нова политичка партија: ДПА-ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ. Овој пример на соединување на албанскиот политички субјект беше поздравен од широкото членство како и од албанскиот политички фактор надвор од Р. Македонија.
Процесот на соединување на политичките сили навестуваше нова фаза во структурирањето на политичките партии во Р. Македонија. Овој значаен политички чекор овозможил формирање на албан-ски политички макроструктури, кои би имале значајно влијание во развитокот на политичките процеси и би ги корегирал дотогашните грешки. Но, овој процес беше потик за вознемирување на македонските националисти, како и просрпските кругови, затоа едно по друго започнаа напади, не само за престанок на овој процес, туку и за омалуважување на политичката дејност на новата партија и нејзина целосна елиминација од политич-ката сцена. Контраодговорот на таквите кругови кои предвидуваа опасност од соединување на Албанците, не задоцнил многу. Пет дена по “Конгресот на соединување”, тие кругови, го подготвиле сценариото на 9 јули.
Владата на Црвенковски преку поттикнување на конфликт, сакаше да го обвини тој дел на албанскиот политички фактор, кој се обидуваше да формира албанска политичка макроструктура, како дестабили-затори на ПЈРМ. Реагирањето на албан-скиот политички субјект, што партиципираше во актуелната влада, беше бледо. Нејзините министри во Владата на Црвенковски изјавиле дека за интервенцијата во Гостивар и Тетово “не знаеле и не беа инфромирани за полициската акција во Гостивар”. Оваа јавна изјава јасно сведочи дека Албанците иако партиципенти во државната власт, не беа одлучувачки фактор, но биле користени само како “фигури” за да се оправда пред јавноста и Меѓународната Заедница, “наводно” како држава со мултиетничкиот карактер.
Сценариото на “9 јули” имаше за цел спречу-вање на процесот на соединување на албанскиот политички фактор и враќање во фазата на сервилноста на Албанците. Во Гостивар и Тетово избил полициски терор против незаштитеното албанско население и активисти на ДПА. Бруталните тортури кон политичките активистите на новата партија и бруталните тепачки на Албанците, имаа за цел да го заплашат населението. Последната цел на ова сценарио беше крајно елиминирање на соединетата партија од поли-тичката сцена, наречена ДПА – ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ.