ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПЈРМ (1996)

Во 1996 год. во Р. Македонија беа одржани избори за локалната власт. За разлика од првите локални избори во 1990 год. кои беа спроведени според стариот изборен закон, од периодот на комунистичкиот систем, локалните избори во 1996 год. беа одржани по усвојувањето на Законот за локална самоуправа и Законот за територијална поделба.
Од периодот на прогласувањето на независ-носта на ПЈРМ, македонските националистички кругови издигнаа таков централизиран систем, кој практички на Албанците не им даваше власт. Со овој систем, Албанците и во општините каде беа мнозинство не беа одлучувачки фактор за многу животни прашања, како на економски, образовен, културен, здравствен и безбед-носен план. Законот за локалната самоуправа, кој беше усвоен во 1995 год. не беше прилагоден, бидејќи локалната власта беше ставена во потполна зависност од централната власт.
На локалните избори во 1996 год. освен маке-донските партии учествуваа и три албански политички партии: ПДП, ПДПА и НДП. Главната политичка битка на овие избори се биеше во повеќето случаи помеѓу двете крила на поранешната ПДП, Партијата за демократски просперитет (стара струја) и ПДПА (нова струја).
Локалните избори беа голем предизвик за албанскиот народ во Р. Македонија, кој требаше да избере меѓу двете можни опции: традиционалната политика на албанската партија на власт, ПДП, или реформаторската опција на албанската опозиција, ПДПА, која се обидување да го реализира националниот интерес на Албанците во Македонија.
Иако процесот на гласање, долго време беше манипулиран, особено во Тетово, крајниот резултат на локалните избори во 1996 год. покажа дека Албанците со големо мнозинство го поддржиле реформаторскиот курс на албанската опозиција во Република Македонија. Овој реформаторски курс (ПДПА), постигна успех во два главни урбани центри со албанско мнозинство, Тетово и Гостивар, и ги добии повеќето општински совети во Р. Македонија. Значи, кај Албанците во Македонија, преку локал-ните избори на 1996 год. беше легитимирана поли-тика, која од една страна сведочеше за албанската изопачена и апатична политика и истовремено сведочеше дека општествено-политички процеси се одвивале на штета на албанскиот национален интерес.
Застанувајќи на чело на локалната власт, новиот политички фактор на Албанците ја започна реали-зирањето на својата платформа, обидувајќи се да ја подобри положбата на Албанците во системот, тоа што го овозможуваше Законот за локална власт. На чело на Јавните претпријатија кои беа под општинските ингеренции, за прв пат беа избрани албански раководители. До тогаш, раководните улоги во тие претпријатија ги имале само Македонците. Другиот битен чекор беше подобрувањето на националната структура на вработените во тие претпријатија, кои секогаш биле на штета на Албанците. Многу важно прашање беше подобру-вањето на општинската инфраструктура, која со години била запоставена. Исто така, употребувајќи го уставното право од член 48 на Уставот на Р. Македонија, во кој се опфаќаат правата на националностите кои живеат во Македонија, за изразување на нивните етнички особености, Собранието на општините Тетово и Гостивар и Собранијата на другите општини, каде Албанците беа мнозинство, донесоа одлука за употребата на нацио-налното знаме, кое било поставено пред општинските објекти, покрај државните симболи на Р. Македонија. Уставниот Суд препорача привре-мена забрана на сите албански национални симболи, со образложение дека општините не се компетентни за тоа. Уставниот Суд, понатамош-ната обврска за спроведување на одлуката ја остави на владата. Сето тоа, за едно определено време остана отворено прашање. Но, Владата го чекаше најсо-одветниот момент за брутална полоциска интервенција.
Во периодот кога се одвивале овие процеси, се случил и голем настан со политичка важност, соединување на еден дел на албанскиот политички фактор, од двете опозициски политички партии, ПДПА и НДП.