ПОЈАВАТА НА ВОЕНАТА ФОРМАЦИЈА ВО ПЈРМ

Ослободителна Национална Армија - ОНА
Воениот развој во 2001

Ослободителната Национална Армија, ОНА28 за прв пат јавно излезе на 10 јануари, 1998 год. со едно соопштение според кое ја презела врз себе одговорноста за три акции извршени во периодот од декември 1997 год. до јануари 1998 год. Ова воена организација презела и одговорност за акцијата против полицијата во Арачино, во јануари 1999 год. При тоа, ОНА настапи со едно комунике, во кое се потенцираше:
“Чување на интегритетот на Македонија и нејзино зајакнување, но не само на Македонците”. Таа бараше промена на Уставот каде Албанците ќе имаат целосни права и ќе бидат признаени како уставотворен народ. “Гледајќи дека ова не може да го постигнеме со политички средства, избравме вооружен отпор” 29.
Појавата на ОНА беше мистериозна за македонскта јавност и пошироко. Ситуацијата беше многу конфузна, бидејќи не се знаеше кој беше главниот носител, мотивацијата, воената стратегија, воените цели како и политичката платформа. Конфузијата беше уште поизразена, кога на 22 јануари 2001 год. ОНА изврши нова акција врз полициската станица во Теарце, на патот Тетово-Јажинце. По ова акција јавноста беше запоз-наена со Комуникето бр. 4, потпишан од Генералниот Штаб на ОНА. Во него се вели:
“Вчера, на 22 јануари 2001 год. во Теарце Tетовско, една единица на специјалниот оддел на ОНА, поддржана од една група набљудувачи, ја нападна, со ракети и автоматско оружје, славо-македонската полициска станица. За време на нападот спротивните сили не пружиле отпор, додека други славо-македонски сили, од други правци, не се доближиле на време на местото на настанот. Нападот беше ограничен и имаше преду-предувачки карактер, за македонските освојувачи и нивните Албански говорници. Униформата на македон-скиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ. Ги повикаме сите полицајци да се вратат кај нивните фамилии за да не ги загубаат животите, служејќи им на македонските планови за доминација над албанското мнозинство” 30.
Ова комунике се разликуваше од претходните и изветсуваше за избивање на вооружен бунт за национално ослободување на Албанците во Македонија. Ова комунике се разликуваше од првото, бидејќи таа не го потенцираше “територијалниот интегритет на Македонија”.
Ослободителната борба на Косово против српскиот окупатор, создаде можност за воено искуство за Албанците, воопшто. Многумина од нив кои учествуваа директно или индиректно во косовската војна, стекнале воено искуство која беше употребена и за време на војната во ПЈРМ. Ослободувањето на Косово од српскиот окупатор го подигна моралот и кај Албанците во ПЈРМ да се бораат за национално ослободување. Но, на многу чуден начин, обидот за национално ослободување се редукти-раше во “борба за национални права”. Овој факт беше во спротивност на залагањата на угнетувачките народи, кои се стремееле кон национално ослободување.
Генералната платформа на ОНА, со еска-лација на ситуацијата во ПЈРМ, се пренамени од: “борба за национална независнот” (Комуникето бр. 4), во “борба за зачувување на територијалната целина на ПЈРМ и борба за етничка рамно-правност”. Ова најдобро може да се потврди и од изјавата на еден висок официр на ОНА, на поче-токот на вооружениот конфликт, кој рече:
“ОНА не оди по пат на уривање на Маке-донија и промена на нејзините граници, но затоа албанскиот народ и македонскиот народ треба да бидат рамноправни во сите аспекти. Ова значи, Уставот на Македонија треба се промени”31.
Надворешниот фактор преку јавните изјави остро ја осуди појавата на ОНА и избивањето на вооруженото востание. Генералниот секретар на НАТО, Џ. Робертсон, од 28 февруари 2001 год. во периодот на кризата, рече: “Се обврзува да ја поддржи стабилноста и безбедноста на Република Македонија...”.
Додека, претседателот на САД, Џорџ Буш, во една порака и даде потполна подршка на ПЈРМ за решавање на кризата.
Весли Кларк, еден од најголемиот пријатели на албанскиот народ и на Косово, бившиот врховен командант на НАТО трупите во Европа, исто така не ги поштеди Албанците од острите критики.
Во овие насоки беше и албанскиот фактор. Официјална Албанија не го поддржуваше албанското востание во ПЈРМ. Така постапи и официјално Косово, нејзините политички раководители јавно се изјасниле против вооруженото востание.
И најголемиот албански писател, Исмаил Кадаре, ги осуди востаничките групи. Тој истакна: “Албанците кои веруваат дека секоја година може да се повторува Kосовската епопеја или се лесноумни или имаат многу сомнителни цели”.
По овие јавни изјави на меѓународнииот и албанскиот фактор, се очекуваше голем притисок над албанскиот политички фактор со цел локали-зирање на конфликтот, до крајното потиснување на вооружените групи од ПЈРМ.
Балканските прашања беа многу и носеа тежина од историското минато, како резултат на определени интереси на големите сили. Спротив-ностите помеѓу големите сили беа присатни и за време на избивање на кризата во Македонија. Со понатамошно продлабо-чување на кризата, големите сили, САД и Русија се построија на спротивни страни. Русија, како чувар на славизмот на Балканот одлучила да прати воена помош за македонските трупи, исто така ја обвини САД дека “ги помага терористите”. Спротивставеноста на двете Големи Сили, со различни интереси на Балканот, можеше да доведад до конфликт со големи размери, кој можеше да го опфати целиот регион.
Албанскиот политички фактор во ПЈРМ, имајќи ја в предвид комплицирината ситуација и пораките од меѓународниот фактор, Косово и Албанија, во почетокот на конфликтот беше воз-држан и се залагаше да ја реши кризата со поли-тички методи. Албанскиот политички фактор во овие околности беше многу загрижен за рушење на позитивниот углед на Албанците кај меѓународната заедница, кој беше стекнат низ периодот на Косовската војна. Но, по ескалирањето на борбите, тој не можеше да седи настрана од текот на настаните. Многу брзо и тој се стави на страна на идеалистите кои се бореа со оружје в рака за една нова концепција на државата ПЈРМ и за потполна рамноправност на Албанците во системот.
Почетниот сигнал за ваквото дејствување беше дадено од лидерот на Албанците, Арбен Џафери, кој иако учествуваше во Владата на Георгиевски, јавно ги објави причините кои доведоа до кризата. Значи, со избивањето на кризата, албанскиот политички фактор почна да ги разјас-нува мотивите на кризата во ПЈРМ. Овој обид предизвика напнатост во односите на политичките фактори, кои учествуваа во Владата на Георгиевски. Малку помалку, албанскиот фактор се повлече од кооперативната политика со македонскиот еста-блишмент, за да ја брани нацијата и вооруженото албанско востание.
Македонските военопотикнувачки кругови, почнаа да се зближуваат и да соработуваат со Белградските националистички кругови, кои албан-ското прашање го сметаа како заеднички проблем. Во меѓувреме кога борбите продолжија со зголемен интензитет, кон крајот на месец април, 2001 год. поради одмазда на убиените полицајци, во близина на Селце, Тетовско, македонските примитивни банди, во Битола, на вандален начин ги изгореле сите локали на Албанците и на муслиманите. Но, и албанскиот политички фактор не седеше со вкрстени раце. Започнаа интензивните контакти меѓу политичките и албанските воени субјекти, што резултираа со еден меѓуалбански договор, кој беше потпишан од политичките и воено-албански претставници во ПЈРМ.
28 ОНА, Ослободителна Национална Армија, кратенка „ОНА” е слична на Ослободителната Војска на Косово, кратенка (ОВК) на албански е: УЧК.
29 Комунике бр. 1, ОНА, Роберт Горо, FYROM, Супермација на инфериорност, 2002 год., стр. 44.
30 Комунике бр. 4.
31 >>Факти<<, „Не сакаме да ја разурнуваме Македонија и промена на нејзините граници”, 15 март, 2001 год.