СУДИРИТЕ ВО П Д П И НЕЈЗИНАТА ПОДЕЛБА

Со учеството на ПДП како коалиционен партнер во владата на Црвенковски, од 1993 год. односите меѓу албанскиот политички фактор почнале да се заоструваат. Факторите што влијаеле врз заострувањето на овие односи беа од субјективна природа, меѓучовечки неподносливост и помеѓу разните групи и политички природи, ПДП немаше стратегија за решавањето на албанското прашање во Македонија. Фактички двете албански партии, ПДП и НДП го признале територијалниот интегритет на Маке-донија, додека решавањето на албанското прашање, го предвидувале во Македонија. Судирите во ПДП се случиле за второто прашање, како да се решава албанското прашање во Македонија.
Спротивставените статови на албанскиот фактор го збуни и меѓународниот фактор, кој беше ангажиран за македонското прашање. Лордот, Герт Аренс, кој беше именуван како водител на Работната група за нацио-налностите и нацио-налните малцинства, од Лондонската Конференција, по многубројните контакти со албанскиот лидершип, јавно изјави дека “не му е јасно што бараат Албанците”. Ова изјава од еден висок европски претставник јасно покажува дека албанскиот политички фактор не знаел да ги разјасни своите барања за албанското прашање во Македонија, до Меѓународната Зедница.
Политичкиот фактор, со мандат на албан-скиот народ, во одлучниот момент, кога се создала новата држава во Балканот, се двоумеше помеѓу разни опции. Тој не знаеше да ја менаџира политиката на меѓународниот фактор и неговиот геостратешки интерес во Балканот, за да ја при-лагоди на политиката на интересот на својот народ. Оваа слабост, македонскиот фактор успешно го иско-ристил, создавајќи етничка држава на Македонците.
Македонскиот политички фактор покрај созда-вањето независна држава, сериозно се залагал за меѓународно признавање на ова творештво. Меѓутоа, на овој процес, во новата држава, не се гледаше, ни еден важен интерес за Албанците во Македонија. Сите најзначајни одлуки на новата држава беа донесени без согласност на Албанците. Се поставува прашањето, уште што требаше да се случи, албанското политичко раководство да разбере, дека во новоформираната држава, албан-скиот народ ги загубил сите национални права, како наследните така и историските.
Затоа, политичкиот курс ургентно требаше да се смени, бидејќи политичките настани не биле во интерес на демократските процеси и потполна рамноправност на албанскиот народ. Во најголемата албанска партија, ПДП, почнале вознемирувања на поширокото членство. Главните нејзини ограноци, тетовскиот, гостиварскиот и струшкиот, ги започ-нале реформите во насока на промена на политичкиот курс. Токму во овој момент, излегоа на виделина две политички линии во албанскиот политички субјект. Една од нив ја поддржуваше традиционалната политика, политика на исчеку-вање, додека новата линија бараше забрзување на процесите, донесувајќи поодлучен став во предност на интересите на албанскиот народ во Македонија. Ова прашање достигна до највисокото раководство на партијата, Централното Собрание, со што беше свикана Третата седница.
Како причина за заостану-вањето на политичките процеси, на највисокиот партиски орган беа собрани потписи, за разрешу-вање на раководството на ПДП. Развитокот на настаните донесе до оставка на раководството на ПДП и одржување предвремен Конгрес.
Главните причини на спротивностите во албанскиот политички субјект беа:
1. Недостаток на платформа за политичкото деј-ствување,
2. Маргиналната положба на Албанците во сис-темот,
3. Неуспесите за реформи на системот,
4. Партиципација во коалционата влада без плат-форма и условувања,
5. Омаловажување на оживувањето на Автоно-мијата на Албанците во Македонија.
Интересно е анкетирањето на албанската јавност во Македонија, за развојот на настаните во албанскиот политички субјект. Според нив 33.47 % од анкети-раните, за конфронтацијата во ПДП, мислеле дека тие избиле поради нерешаваното на политичкиот статус на Албан-ците во Македонија, додека 26.29 % мислеле дека спротивностите биле последица на пристапот за статусот на Албанците во Македонија, “државотворен народ” или “територи-јална политичка автономија – Република Илирида”.
Како последица на тешката ситуација на албанскиот политички фактор, настапија јавни обвинувања, каде претседателот на најголемата албанска партија, која беше носител на политичките процеси во Македонија, на место да го обвини македонскиот политички естаблишмент, за нереали-зирање на програмските определби на својата партија, тој ја обвини албанската дијаспора во Германија и Швајцарија, како и Р. Албанија.

Вториот Конгрес на ПДП
По долгите подготвувања на групите од разни политички провиниенции, кои порано излегоа на сцена во ПДП, и по многубројните средби и консултации, во Тирана и Приштина, на крај беше свикан Вториот Вонреден Конгрес на ПДП.
Подотвувањето на Конресот го направи Советот за подготвување на Конгресот, кој донесе одлука, Конгресот да биде одржан на 12 февруари 1994 год. во Тетово, во Културниот Дом. Заедничкиот совет ги избра заедничките комисии за организирање на Конгресот и на 7 февруари 1994 год. во тек на подготовките за Конгресот, бил одржан вториот состанок. На овој состанок, на дневен ред биле разгледувањето на нацрт документите и извештајот на комисиите. При тоа била усвоена нацрт-програмата на Конгресот и биле составени принципите за претставување на деле-гатите. Според нив, Конгресот вкупно требаше да има 244 делегати.
На 12 февруари 1994 год. така како што било предвидено, свечано бил отворен предвремениот Конгрес на ПДП. Во работата на Конгресот учеству-вале многу гости, меѓу кои и: Секретарот на Демократската партија на Албанија, г. Тритан Шеху, претставникот на Републи-канската Партија на Албанија, претседателот на Народна Демократска партија, г. Илјас Халими, претседателот на Форумот за човекови права, г. Милаим Фејзиу, членот на Владата на Косово, г. Мухамет Бицај, додека поздравна телеграма испратил и претседателот на Владата на Косово, г. Бујар Букоши.
За жал, уште пред да започне со работа, дел од присатните делегати на Конгресот, излегувале од салата каде се оддржувал Конгресот. Ова беше еден сигнал дека најзначајниот албански политички фактор ќе се подели на два дела.
Во салата на Домот на културата, во Тетово, работата на Конгресот траела до доцните часови, на 12 февруари и првите часови на 13 февруари 1994 год. На крајот на работата биле усвоени завршните документи и Декларацијата на предвремениот Конгрес. Исто така, биле избрани раководните партиски органи, Централ-ното Собрание и Претседателството на ПДП. За претседател на партијата бил избран г. Арбен Џафери, кој во поздравниот говор пред делегатите, истакнал:
“Оваа тешка и одговорна задача ја прифаќам со грижа, од многу причини, но ќе споменам само неколку: задачата претседател на партијата доаѓа во едно време кога многу политички процеси веќе завршиле. Завршиле бидејќи многу аспекти, како во уставот и признавањето на некои држави, го стегнуваа просторот на поли-тичкото дејству-вање. Меѓутоа, ова ја зголемува мотивацијата за работа и се надевам дека има уште простор за промена на многу нешта. Второ, затоа што овде вечерва се случили поделба без потреба, и се случи една поделба, да кажам проце-дурално. Ние секогаш се поделуваме за мали прaшања, а не за програмска платформа. Кога ја усвојивме програмата сите бевме едногласни и сите бевме со исто мислење да работиме за таа програма. Јас, со сигурност не можам да ви ветам многу, но ќе ви ветам дека партијата нема да биде во функција на индивидуи, што ја водат неа, но ние, сигурно и јас, ќе бидеме во функција на партијата”.
Со изборот на новото раководсвто, ПДП како најголема албанска партија во Македонија, темелно го промени курсот на политичкото дејствување. Таа од една дефанзивна политика помина во офанзивна политика, мобилизирајќи ги широките народни албан-ски маси, со надеж дека ќе ги поврати политичките процеси, толку колку што беше можно.
Додека, другиот дел од делегатите што заминале од салата на Домот на културата, одржале друг паралелен Конгрес, во малата сала во зградата на Општина Тетово. Со ова, дефинитивно беше поделена ПДП - најголемата албанска партија во Македонија.
И на Конгресот, што се одржал во салата на тетовската општина, исто така биле усвоени заклучоци на Конгресот, биле избрани партиски органи, Централното Собрание и ново раководство, на чело со г. Џеладин Мурати.
Што се случи неколку денови подоцна?
На 16 февруари 1994 год. во канцелариите на ПДП, кои ги користеше раководството на ПДП, избрана во Домот на културата, полициските органи им предадоа судска одлука, според која беа побарани печатите на партијата и канцелариските клучеви. На Владата на Македонија не и преостана друга можност, освен отворено да се меша во внатрешните работи на албанскиот политички субјект. Вмешувањето на држав-ните органи ќе остави тешки последици меѓу симпати-зерите на двете фракции на ПДП.
На крај, во политичкиот простор на Албанците во Македонија, биле формирани две политички линии, логиката на старата линија, која се сметаше како „умерена” и логиката на новата линија, која се сметаше како „радикална”, која бараше промена на политичкиот курс, преку демократските процеси што ги овозможува политиката.