АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИ КОНФЛИКТ 2001

Нишка на конфликтот

Во 2001 година во ПЈРМ се случи албанско-македонски вооружен конфликт. Конфликтот беше последица на многу фактори, меѓу кои беа нерамно-правните општестевено-политички односи меѓу двата етнитети, што ги сочинуваа главните столбови на новата држава. Овие општествени односи во ова држава биле поставени од крајот на Втората Светска војна, од кога беше формирана Македонија како федерална единица на Социјалистичка Југославија. За време на постоењето на Југославија, албанско-македонските односи, под тутор-ство на Сојузот на комунисти, се развиваа во корист на македонските национални интереси. Етничките Албанци во ПЈРМ останаа на маргините на системот, дискрими-нирани. Значи, корените на конфликтот од 2001 год, во ПЈРМ, се од периодот на комунистичкиот систем.
Со почетокот на демократските процеси и политичкиот плурализам, системот од комунистичкиот период, на елегантен начин се транс-формираше, прилагодувајќи им се на новите околности. Поранешната камуфлирана комунистичка дискриминација, во плуралис-тичкиот период потполно беше легализирана.
Новата независна држава беше формирана врз основа на македонскиот национален концепт, без да се земаат впредвид интересите на Албанците, кој претставува значаен политички и економски фактор во ПЈРМ. Сите понуди на албанскиот политички фактор за еден албанско-македонски “историски договор” беа игнорирани од македонскиот поли-тички фактор.
Значи, албанско-македонските односи, почну-вајќи од периодот на комунистичкиот систем и низ целиот период на плуралистичкиот систем, беа напнати.
Само на крајот на Kосовската ослободителна војна, примвремено меѓуетничките односи беа релаксирани во ПЈРМ. Ова било забележано и од странските дипломати. Англискиот амбасадор во ПЈРМ, М. Дикинсон, околу албанско-македонските односи даде една ваква оценка: “Меѓуетничките односи во Македонија сега се многу подобри од предходно. Односите се на еден повисок степен, бидејќи ние видовме како беа ослободени градо-началниците на Гостивар и Тетово, видовме исто така дека албанските политички партии на власт, играат многу значајна улога чувајќи ја стабилноста во Македонија, за време на Косов-ската криза. Видовме дека Македонија прими голем број на бегалци, спасувајќи човечки животи. Исто така, сега гледаме дека со новиот договор на коалицијата се опфаќаат неколку согласувања, како што е образованието на Албан-ски јазик, телевизијскиот канал на Албански јазик. Мислам дека беше една добра и успешна година во меѓуетнич-ките односи на Македонија, особено за албанската положба. Македонија, мислам дека демонстрира, како начинот на добри меѓуетнички односи во неа, можаат да бидат поттик за добра соработка. Мислам дека сора-ботката на овие две заедници сега е многу поблизок од колку што беше претходно, и има едно поопширно и поцврство вклучување кон проблемите на двете страни ...”.
Слични оценки имаа и други дипломати кои ја посетуваа ПЈРМ. Но, како што одминуваше времето, албанско-македонските односи добиваа се поголема тензија, особено кон крајот на 2000 година.
Односите беа замрзнати уште повеќе со потпишувањето на договорот за простирање и опишување на границата меѓу ПЈРМ и Сојузната Федеративна Југославија и усвојувањето на овој закон во Собранието. Ова спогодба беше продол-жение на поранешниот договор од 1986 год. Договорот за границата го омалуважуваше Косово. Ова спогодба беше искористена од определени воени политички сили и видно влијаеше за зголемување на тензијата и избивањето на воору-жениот конфликт во ПЈРМ.
Првите искри на кризата избија во селото Танушевци, за да продолжи и на другите простори на пограничниот појас со Косово. Кризата во ПЈРМ беше проучена и во ООН и во НАТО. По многу-бројните средби на меѓународните релевантни дипломати со македонските претставници, сите излегоа со заеднички став, дека: “ја поддржуваат територијалната целина на Македонија и стабил-носта на нејзините граници”. Ова констатација ја конфирмираа и албанските политички субјекти на Албанија, Косово и ПЈРМ. Истовремено Секретарот на Департаментот на САД, Колин Пауел, им ги препорача на македонските владини кругови барањата на незадоволните, дека “треба да се направат уставни реформи и да се аплицира употребување на Албанскиот јазик”.
Развитокот на подоцните настани забележаа ескалација на ситуацијата. На 14 март 2001 год. конфликтот се прошири и во планинските места над Тетово. Пукање од оружjе се слушна во 10.30 часот од Тетовското Кале. Почетокот на борбите беа пречекани со голема паника од населението, со што продавниците се затвараа, државните службеници ги напуштија работните места, додека учениците од училиштата во градот и студентите ја прекинаа наставата. Заканувањата дека вооружената борба многу брзо може да се прошири и во градот, ја стави во движење и дипломатијата на Меѓународната Заедница.
ПЈРМ, малку помалку стануваше опасна зона на криза, во Балканот.
Проширувањето на вооружениот конфликт сигнализираше избивање на едно востание со широки размери во ПЈРМ. Тензионирани беа и односите меѓу политичките фактори кои учествуваа во владата. Тие, поделени врз национална основа, пристапот кон проблемот го видоа од спротивни гледни точки.
Според гледната точка на македонскиот фактор, војната во ПЈРМ беше импортирана од Косово и таа истовремено беше поттикната од Меѓународната Заедница. Македонската гледна точка, не ги анализира корените на кризата, и многуте причини кои доведоа до криза и не го анализира подигањето на политичката и национал-ната свест на Албанците во ПЈРМ.
Обвинувајќи го Косово за вооружениот кон-фликт во ПЈРМ, македонските националистички кругови малку помалку ја навраќаа државата на патеката на српската политика, преобразувајќи ја неа, на адвокат на српската и руската политика на Балканот. Обвинувањето против Косово, наводно како агресор, во периодот кога таа беше меѓуна-роден протекторат, истовремено значи атак против ООН, Европската Унија и НАТО. Истите тие беа стационирани во Косово и го обезбедуваа мирот. Македонските националистички кругови, со нив-ната погрешна надворешна политика, ја преобразија ова земја на сателит на панславистичката политика, антизападна, која и служеше на политиката на Милошевиќ. Обвинувањето против Косово беше во функција на политиката на панславистичките кругови, кои се обиделе да создадат светско гледиште, дека интервенцијата на НАТО против Југославија беше погрешен и некорисен проект. По поразот на Косово, ова беше последното залагање на Милошевиќ и воено - потикнувачките српско-македонски кругови, за да ги запоседнат уште еднаш поранешните општесвено-политички односи на географ-ските простори населени со Албанци. Обвину-вањето на Косово требаше да ги сатанизира Албанците како перманентен дестабили-зирачки фактор на Балканот, за да ги принудат евро-американците да подигнат рака од Албанците. Овие панславистички кругови, антизападни и анти-НАТО, се потрудиле перманентно и да го градаат имиџот на Албанците, како виновници. Според нив, можниот конфликт со широки размери ќе го отвораше теренот за едно глобално обвинување против Албанците, како виновници на тој конфликт, позади кој панславис-тичката политика на Балканот, ќе излезеше како победник на “историската војна”, додека Албанците целосно ќе беа “поразени”, а со тоа и залагањата на Западот кон Балкан.
Во почетокот на конфликтот во ПЈРМ, руската политика кон Балканот беше реактивирана, обвинувајќи ги САД и другите западни земји како поттикнувачи на конфликтот. Рускиот министер за одбрана, Игор Сергеев, се закануваше дека ќе ја помогне ПЈРМ со воени средства: “Русија е подготвена да им даде конкретна помош на македонските воени сили за да му се стави крај на конфликтот со албанските екстремисти. Тој исто така истакна, дека Москва не може да седи индиферентна со тоа што се случува на Балканот, особено во Косово и Македонија. И даваме политичка подршка на Македонија, но е потребна уште една помош за вооружените сили на ова република. Според рускиот министер „за кризата во Македонија е одговорна НАТО, исто така има еден проект на Вашингтон што бара да ја рашири своетo влијание во Европа и Балканот, давајќи им подршка на албанските екстремисти.”.
Но, и Албанците во такви околности имаа свои пријатели кои сигнализираа за можните опасности. Еден од аналитичарите vo текот на развитокот на настаните, Ј. Бугајски, пишуваше: “Антиалбанското, српско-руско, лобирање, пот-врдува дека Албанците не се во состојба да раководат на демократски начин, бидејќи се примитивни, патријархални, криминали, фундаменталисти, и ориенти-рани како антизападни. Целта на ова пропаганда, е преку тајните служби, сите Албанци да ги претстави како терористи, криминалци, трафиканти на дрога и исламски фундамен-талисти. На овој начин, нивните дејствувања да ги изедначуваат со тие на Талибанците, како една закана за цела Европа... Вака, спротивно од успесите на НАТО да го спречи геноцидот на Косово, Русија, непрестанато го обвинува КФОР, дека неговата мисија не е успешна, бидејќи толе-рира воена клима за Албанците и промовира регионална дестабилизација. Таа, во оваа прилика, ја поканува НАТО или да ја оневозможи албанската герила или да го напушти Балканот. Со ова ќе се отвореше патот за српските сили, еднаш и за секогаш да ja тргнат од врат, “албанското прашање”, без ниедно човечко чувство, слично како што постапува Русија во Чеченија. Бугајски ја споменува посетата на министерот за надворешни работи на Русија, Игор Иванов, кој констатираше дека “пасивната реакција” на НАТО на распространување на Косовскиот конфликт во Маке-донија, претставува опасност за мирот низ целиот регион и поттикнува етничко територијални конфликти. Иванов, исто така истакна дека интервенцијата на НАТО, не постигна успех за решавање на регионалните проблеми…”
Проширувањето на конфликтот на Шар Планина ја разбуди целата светска дипломатија. Нивните пораки, за време на кризата, доаѓаа од Европската Унија, САД, Русија, Албанија, Косово и другите Балкански земји. Речиси сите релевантни фактори, вооружениот конфликт, во ПЈРМ, го оквалификуваа негативно.
Според гледната точка на албанскиот политички фактор, вооружената војна во ПЈРМ беше резултат на нерамноправноста и дискриминацијата на Албанците во државниот систем. Албан-ците никогаш не се согласуваа со статусот на национално малцинство во новата држава. Меѓутоа, Албанците не ја дестабилизираа ПЈРМ, придржу-вајќи се на меѓународните универзални принципи за непроменување на границите. Злагањата на албанските претставници преку политичкиот процес да добијат национална рамноправност, не го дадоа очекуваниот резултат, затоа дискриминацијата и нерамноправноста ги натераа Албанците да се фатат за оружјето, за да ги реализираат нивните национални права.
Излезот од кризата го отвори македонскиот националистички концепт за независна држава, игнори-рајќи ја фактичката реалност на етничкиот состав во ова држава. Македонската национална држава се обидуваше да се прошири во географски простор, каде половината од населението е несловенско, која Албанците сочинуваат 23 %. (според службената статистика на 1994 год.) Ваквата политика беше идентична со српските националистички кругови која се обидуваше да ги колонизира и несрпските простори. Кај Македон-ците се создаде мислење дека “албанското малцинство” е еднакво како другите етнички малцин-ства: Ромите, Власите, Турците, Србите, и др. Но, во категоријата “национално малцинство” беа пресметeни и Албанците, значи беа ставени во истото рамниште како малцинствата кои немале некоја политичка, бројна, културна или економска тежина. Врз стандардите на “малцинството” биле вградени принципите на човеко-вите права.
Ваквиот пристап на албанското прашање во ПЈРМ, продолжил и по ослободување на Косово. И понатаму, продолжувале залaгањата на македон-скиот политички естаблишмент да ја чува нa статускво, уставно-правната положба. Понудите на албанскиот политички фактор за уставни промени или беа одбивани или игнорирани, што доведе до понатамошното продлабочување на меѓует-ничката криза во ПЈРМ. Општествено-политичките околности, по завршувањето на војната на Косово, се променија во корист на албанското прашање. Залагањата на албанскиот политички фактор преку политичкиот процес, во институциите на системот, да ја избегнуваат кризата, не ги дадоа очекуваните резултати. Кај македонскиот политички фактор, повторно се родиле апетитите на српско-македон-ските националистички кругови за решавање на кризата преку вооружена војна. Ваквите кругови се стремееле да ја користат ПЈРМ како воено поле, каде ќе може да ги реализираат нивните национа-листички и антиалбански цели.