МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Односите со соседите

Додека албанскиот политички фактор не можеше да најде политички идентитет, македонскиот политички естаблишмент продолжи кон патот на независната Македонија. По заокружување на внатрешниот процес на создавањето на државата, Македонија се залагала за меѓународно признавање.

Република Бугарија – беше првата држава што ја призна Македонија, кога на 15 јануари 1992 год. Владата на Република Бугарија ја призна независноста на Р. Македонија. На 1 октомври 1992 год. Р. Бугарија отвори Генерален конзулат во Скопје, а на 1 февруари 1993 год. Р. Македонија отвори Генерален конзулат во Софија. На 21 декември 1993 год., владите на двете земји воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. Исто така, со Р. Бугарија беа одржани многу средби на ниво на претседатели на држави, на парламенти, на претседателите на владите и на ниво на министерствата за надворешни работи.
Во текот на 1992 и 1993 год. меѓу Бугарија и Македонија беа потпишани неколку билатерални договори:
Ø Во 1992 год, меѓу Бугарија и Македонија бил потпишан Договор за воспоставување на конзу-ларни односи како и отворање на Генерални конзулати во двете земји;
Ø На 20 ноември, 1992 год, во Скопје, беше потпишан Договор за соработка меѓу МВР на двете држави;
Ø Во текот на 1993 год., во Скопје бил потпишан Договор за економска и трговкска размена (ова не беше ратификувано од бугарскиот парла-мент);
Ø На 19 октомври, 1993 год., во Софија беше потпишана Спогодба за меѓународен патен пре-воз на стока и патници;
Ø На 25 ноември, 1993 год., во Софија, беше потпишана Конзуларна конвенција меѓу двете земји (не беше ратификувано од Парламентот на Р. Бугарија);
Турција –На 24 декември 1992 год. Република Македонија го објави Декретот за ратификација на Законот за воспоставување на дипломатски односи со Република Турција.
Oрганизација на Обединенитет Нации -на 9 април 1993 год., Република Македонија била примена како 181 членка на Светската организација. Според Резо-луцијата 817, усвоена од Општото Собрание на ООН, во документацијата на светската организација, Република Македонија била имену-вана: П Ј Р М - Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM) 19.
Република Албанија – ја признала независ-носта на ПЈРМ неколку дена по нејзиното призна-вање во ООН, на 26 април 1993 год. На 24 декември 1993 год. Р. Албанија и ПЈРМ воспоставиле дипло-матски односи. Дипломатските претставници на двете земји работеле и претходно, а со воспоста-вување на дипломатски односи, овие претста-вништва прераснаа во амбасади. За прв амбасадор на Р. Албанија во ПЈРМ бил именуван г. Шабан Мурати, додека ПЈРМ во Албанија, го именувала г. Никола Тодорчевски.
Во почетната фаза беа потпишани:
Спогодба за соработка во образованието и Спогодбата за научно-техничка соработка, како и повеќе протоколи за соработка меѓу министерствата за внатрешни работи, за економија, за земјоделство, за урбанизам, градежништво и заштита на чове-ковата околина;
По подолг застој во договорното регулирање на односите значаен напредок е остварен по изборите одржани во јуни-јули 1997 год. Во подоцнежните години (1997 и 2000) ќе бидат потпишани и многу други спогодби. При офици-јалната посета на Министерот за надворешни работи на Р. Албанија, г. Ханџиски (1997), биле потпишани шест спогодби:
Ø Спогодба за одржување, обновување и одбе-лежување на граничната линија;
Ø Спогодба за мерките за спречување и решавање на инцидентите на албанско - македонската граница;
Ø Спогодба за укинување на визите за дипломат-ските патни исправи и усогласување на таксите за издавање други видови визи;
Ø Спогодба за регулирање на малограничниот сообраќај во пограничната зона;
Ø Спогодба за потикнување и заштита на инвести-циите, и;
Ø Спогодба за стопанска соработка и трговија.
Ø Во 2000 год. беше остварена и првата службена посета на претседателот на Владата на Р. Албанија г. Фатос Нано, на Р. Македонија, кога беа потпишани уште осум билатерални спо-годби:
Ø Спогодба за меѓусебно извршување на судските предмети;
Ø Спогодба за правна помош во граѓанските и кри-вичните предмети;
Ø Спогодба за екстрадиција;
Ø Спогодба за одбегнување на двојното оданочу-вање;
Ø Спогодба за соработка во областа на заштита на растенијата;
Ø Спогодба за соработка на полето на ветеринар-ната медицина и;
Ø Спогодба за меѓународен патен превоз на пат-ници и стоки и за заемна соработка меѓу Цариснките управи на двете држави.
Република Грција – не ја признавала Маке-донија како држава со нејзиното име, Република Македонија.
Но, на 13 септември 1995 год. во New York беше потпишана Привремена Спогодба меѓу Р. Грција и ПЈРМ, со што отпочнале првите односи на овие две држави, додека разликите за името на Македонија продолжиле под покровителство на ООН.
Во јануари 1996 год. во Скопје беше отворена Канцеларија за врски на Р. Грција. За прв шеф на ова Канцеларија беше именуван г. Александрос Малјас. Кон средината на февруари 1997 год. во Атина беше отворена Канцеларија за врски на Р. Македонија. Првиот шеф на ова канцеларија бил г. Лупчо Арсовски.
По потпишувањето на Спогодбата во Њу Јорк, на 13 октомври 1995 год. беше потпишан Меморандум за практичните мерки во врска со реализацијата на привремената согласност. Ова овозможи истата година, во Атина, да бидат потпишани: Протоколите за заемен визен режим и таксите за транспорт и сообраќај, за практична примена на царинските работи, за меѓународна зелена карта, за осигурање на возилата.

Сојузна Република Југославија – воспостави дипломатски односи со Р. Македонија, на 8 април 1996 год. со потпишувањето на Спогодбата за регулирање на односите и за унапредување на соработката меѓу двете земји. Во јуни 1996 год. беше отворена Амбасадата на СР Југославија во Р. Македонија. За прв амбасадор беше назначен г. З. Јаначковиќ, додека Македонија ја отвори Амба-садата во СР. Југославија, во септември 1996 год. За прв амбасадор беше назначен г. С. Милосавлевски.
Со Југославија се потпишани неколку спогодби:
Ø Спогодба за трговија;
Ø Спогодба за редовен воздушен сообраќај;
Ø Спогодба за меѓународен патен превоз на патници и стока;
Ø Спогодба за регулирање на граничниот желез-нички сообраќај;
Ø Спогодба за заемно потикнување и заштита на инвестициите;
Ø Спогодба за царинска соработка и заемна помош;
Ø Спогодба за одбегнување на двојното одано-чување по однос на данокот од доход и данокот на капитал;
Ø Спогодба за соработка во областа на ветеринар-ството;
Ø Спогодба за соработка во областа на растител-ниот карантин и заштита на растенијата;
Ø Протокол за научна, техничка и економска соработка на полето на земјоделството;
Ø Спогодба за научно-техничка соработка;
Ø Спогодба за соработка во областа на културата, образованието и спортот;
Ø Конзуларна конвенција, и;
Ø Спогодба за укинување на визите.
Ø Исто така е покрената иницијатива за потпишување на спогодби за правна помош при граѓанските и кривичните предмети, екстра-диција, соработка во областа на информирањето, воена соработка, и др.
19 FYROM - Former Yogoslav Republic Of Macedonia (ПЈРМ).