ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декларацијата за независност на Македонија беше првиот политички чин со историска важност за Македонија како држава, по првите плурални избори. Декларацијата беше усвоена во Собранието на Македонија на 25 јануари, 1991 год. Овој значаен акт беше првиот чекор кон независност на Македонија. Врз нејзина основа беа вградени сите понатамошни чинови на новата независна држава на Балканот. Меѓутоа, Декларацијата не ја изразуваше мултиетничката слика на Македонија, туку содржеше истакнати македонски национални карак-теристики. Македонскиот политички естаблишмент почна да ја објавува платформата за штотуку формираната македонска етничка држава. Оваа македонска национална платформа беше во спротивност со аспирациите на албанскиот народ во Македонија, а тоа повремено ќе создадеше меѓуетнички кризи.
Декларацијата за независност, своите поче-тоци ги бележи врз стремежите на еден народ што претендира да создаде суверена држава. Како таква и Декларацијата за независна држава Македонија беше почеток за основање на нова, независна држава, на балканските простори. Основните определби на Декларацијата за независност, ја искривуваат историс-ката и етничката вистина, врз кои требало да се создаде новата држава во Балканот. Според овие определби, проектот за независна држава Македонија се потпирал врз “територијалниот интегритет на македонската држава” и врз “правото на македонскиот народ за самоопределување” (член 1 на Декларацијата). Ова формулација јасно го изразува карактерот на новата држава, како национална држава на Македонците, отстранувајќи ја можноста на создавањето на мулти-етничка држава, во која би биле опфатени Албанците и другите народи кои живееле во Македонија.
Со чинот на усвојување на Декларацијата за независност, реагирањето на албанскиот политички фактор беше многу чуден. Албанскиот политички фактор под влијание на околностите што владеа во Социјалистичка Југославија, беше во потполно двоумење. Имајќи голема доверба кај својот политичкиот фактор, Албанците не го манифестираа своето незадоволство. Значи, албанскиот народ во Македонија беше во исчекување. Најбитниот албански политички фактор, ПДП, констатираше дека Декла-рацијата за независност на Македонија нема некое битно влијание и дека се ќе добие добар тек. Фактички, албанскиот фактор двоумејќи се, свесен или не, се лажеше себеси и албанскиот народ во Македонија.
На Втората Конференција на ПДП, одржана во Театарот на националностите во Скопје, на 19 мај, 1991 год. во извештајот на претседателството на ова партија, во врска со Декларацијата за суверена и независна Македонија, се вели: “таа треба да се третира како политички чин, а никако како правен и уставен чин. Според извештајот, Декларацијата содржи принципелни изразувања и не е одлука. Таа, не му дава за право на македонскиот народ да одлучува за другите народи во Македонија, а особено не за Албанците”.
Оваа констатација на една сериозна политичка партија беше голема невистина. Многу брзо, оваа констатација беше демаскирана, со чинот на усвојување на другите уставно-правни акти, кои како основа ја имаа Декларацијата за независност на Македонија.