ИСТОРИСКИОТ ДОГОВОР ВО ПРИЗРЕН 32

Од моментот на појавата на воената формација, ОНА, меѓународниот фактор вршеше притисок над албанските политички субјекти, да влијаат врз ова формација, со цел да отстапи од воената опција и да се даде можност за политички дијалог. Со посредувањето на американскиот амбасадор во ОБСЕ, Роберт Фровик, беше составен план кој за главна цел имаше амортизирање на сите екстремизми, како на албанските така и на македонските. Овој план беше потпишан на 22 мај 2001. год. во Призрен, од трите албански лидери: А. Ахмети, политички претставник на ОНА, А. Џафери, претседател на ДПА и И. Имери, претседател на ПДП. Ова спогодба, е позната како Призренски договор.
Призренскиот договор, спојува две значајни димензии за решавање на кризата во ПЈРМ, едната беше албанската “понуда” за македонското политичко рако-водство, за решавањето на кризата преку политички процес, додека другата димензија, беше унифицирана платформа што ја спречуваше поделбата на Албанците на “добри” и “лоши”, и крајно го спречуваше меѓуалбанскиот конфликт.
Во документот на Призренскиот договор се истакнува:
“Албанските лидери во Македонија, свесни за историскиот момент преку кој поминува РM, се согласуваат за заедничко дејствување во про-ширен национален и општествен консенсус, кој треба да ја реформира РM, на тој начин што ќе биде демократска држава на сите граѓани и на сите национални заедници. Постигнатиот кон-сенсус меѓу албанските лидери се потпира над овие принципи:
- признавање на фактот дека реформите за кои се ангажираат Албанците имаат за цел зачувување на интегритетот и мултиетнич-киот карактер на Македонија;
- признавање дека нема етничко терито-ријално решение за проблемите во РМ. и секој обид за етничко територијално распарчување донесува штета за самите граѓани на Македонија и мирот во регионот;
- признавање дека нема воено решение за проблемите во РМ;
- признавање дека процесот на трансформи-рање на РМ треба да оди само преку Евроатлантските интеграции;
- признавање дека решението ќе се најде внатре во политичките процеси, со олеснување од страна на САД и Европската Заедница.
Врз основа на овие принципи, албанските лидери во Македонија се одлучни да учествуваат во процесот на реформистичкиот дијалог, обра-ботувајќи ги овие прашања:
- амандманите на Уставот на Македонија;
-непреченото употребување на Албанскиот јазик, како службен јазиk во Македонија;
- етничкото пропорционално претставување на институциите на државата;
- проширување на надлежностите на локал-ната власт;
- потполна секуларизација на уставот, значи државата;
- воспоставување на консенсуалната демокра-тија, за прашањата во врска со националните права. Ограничување на процесот на надгласување во сферите за етничките права;
- правото за неограничено и слободно комуни-цирање во албанскиот културен простор;
Исто така, “внатре” се мерките за транс-формирање на животот на членовите на ОНА, во разни професионални форми, опфаќајќи ги и тие внатре владините институции;
Меѓу оваа расправа, посебно внимание ќе биде посветено на:
- рехабилитација и потполна ресоцијализација на сите членови на ОНА;
- изградба на селата и семејните економии уништени за време на борбите, како и водење грижа за воените жртви (инвалидите, семеј-ствата на убиените, сирачињата, и др.).
- извршување на воената служба во АРМ, во родната општина.
Во дијалогот, кој ќе се одржи на трка-лезната маса на лидерите на коалиционата влада, воден од претседателот на републкиката и со олеснување на САД и Европската Унија, ќе се создаде консесуалната форма на учествување на албанскиот политички фактор”.
По потпишувањето на Призренскиот договор, главните раководители на политичкиот и воениот фактор на Албанците, изјавија:
А. Џафери, председател на ДПА: “Првата цел беше да ја спречиме националната поделба, да најдеме една варијанта за координација на интере-сите, на точките и на стратегијата како да заврши оваа криза во Македонија. Другата цел беше постигнување на мирот во Македонија и регионот, со поставување на граѓанските параметри кои ги регулираат односите не само меѓу народите, но и меѓу државата. Со ова ние сега ја политизираме кризата. Другиот круг и припаѓа на владата на Македонија, која ќе треба да ја прифати добронамерната понуда на Албанците, за мир и за воспоставување на јасните правила на сожител-ството”.
И. Имери, председател на ПДП: “Албанците и овој пат се покажаа дека се конструктивни и дека се рационални во политиката. Сите релевантни албански субјекти во Македонија, така и политичкиот претставник на ОНА, се согласуваат дека примарна шанса му се даде на мирот. На другите народи на Балканот, да им се даде до знаење дека Албанците не бараат друга алтернатива освен мирот. Останува, другите да сфатаат и да ги реализираат политичките барања на легален начин и без губитници. Сите да бидаат победници”.
А. Ахмети, лидер на ОНА: “Со потпишува-њето на оваа Декларација, сакавме да и покажеме на јавноста дека Албанците се обединети во нивните политички барања. Додека, ние како војска не сакаме да се милитаризира ситуацијата, но нашето пра-шање да помине со политичко решение, решение кое оди во полза на двата народа, решение што отвара нови хоризонти, како во нашата национална поли-тика, така и на Балканот”.
Веднаш по објавувањето на Призренскиот договор, првиот реагирал идеологот на национал-ната држава на Македонците, К. Глигоров, кој многу остро ја осуди меѓуалбанската спогодба во Призрен. Тој истакна: “Настанот што се случи во Призрен и отворените определби, не можам да ги коментирам поинаку освен како почеток на изградување на нашата држава (Македонија) како бинационална држава, со цел за отцепување на РM. и нејзино припојување кон Косово или да се реализира старата идеја за создавање на една албанска држава во Балканот”.33
Понатамошното дејствување на албанскиот политички и воен субјект, потполно го поддржи Призренскиот документ, до потпишување на албанско-македонскиот договор, во Охрид, и покрај притисоци од меѓународните претставници над албанските политички лидери за повлекување од овој договор.
Призренскиот договор беше одлучувачки за дипломатската победа на борбата на Албанците во ПЈРМ. Таа бележи пресврт кон подобро, како на борбените боишта, така и во политичката маса. Албанскиот политички и воен субјект, заеднички постигна да ја интернационализира својата платформа и да ја инволвира и Меѓународната Заедница на решавање на кризата во ПЈРМ.
За разлика од македонскиот политички фактор, кој “неговото право” го бараше час на Исток и час на Запад, албанскиот фактор, и покрај јавните критики од меѓународниот фактор, ќе им остане верен на дока-жаните сојузници и на вредностите на западната демократија.
Пропагандата на македонските националистички кругови, меѓу друго ја лансираа и тезата дека Албанците се поврзани со терористичките исламски организации, со цел да го потикнат западот за непријателство со Албанците. Но, оваа анти-албанска пропаганда не постигна ефект, бидејќи Албанците во Македонија, беа созреани политички и национално. Во овие историски моменти Албанците дејствуваа како формиран народ, со определена политичка стратегија.


32 Дневникот >>Факти<< на 25 мај 2001 год. на еден свој запис со наслов: “Призрен ги обединува политичките и воените лидери во Мкадеонија”, информира дека: “Трите главни фигури на политчкото и военото организирање на Албанците во Македонија, политичкиот лидер на ОНА, Али Ахмети, претседателот на ДПА, Арбен Џафери и претседателот на ПДП, Имер Имери, на срдбата во Призрен, се согласиле, со еден договор, да ја продолжуваат соработката и контактите меѓу нив, исто така и го конфирмираа нивниот став за прифаќањето на територијалниот интегритет на Македонија, се изјасниле против нејзина федерализација, бараа новата Влада да прогласи воен мир, исто така и конфирмираа за нивното свекупо залагање во досегашната криза во Македонија, да се реши со мировни средства”.
33 Киро Глигоров, Македонија е се што имаме, Скопје, 2002, 594.