ПРВИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И АЛБАНЦИТЕ (1990)

По распаѓањето на комунистичкиот систем и легализација на политичкиот плурализам, во Македонија беа спроведени избори, во кои учествуваа многу штотуку формирани политички партии. На овие избори беа легитимирани политичките сили кои владееа со земјата во првиот парламентарен мандат. Како во Македонија и во другите републики беа спроведени првите плурални избори. Познати биле само тенденциите на новите политички структури за отцепување од Југославија, но не биле познати конкретните последици во услови на спротивставен стремеж на федералните единици на Југословенската федерација.
Првите парламентарни избори, во Македо-нија, беа спроведени според мнозинскиот модел, кој пред-видуваше два изборни круга. Цела Македонија беше поделена на 120 изборни единици, во секоја од нив требаше да се избере по еден пратеник.
Изборите во Македонија беа во центарот на вниманието на странските дипломати и коментатори. Тие истакнуваа дека, ако на изборите победат националис-тичките сили, тогаш Македонија, Југославија и Јужниот Балкан ќе се соочат со страшен национализам. Според >Liberasion<, во Македонија, зголемениот, македонски национал-изам, може да и нанесе серизни тешкотии на Југославија и тоа не само во однос на нејзините соседи, но и во Европа. Со голем интерес беше очекувано какви резултати ќе постигне на овие избори, Сојузот на Реформските Сили, на премиерот, Анте Марковиќ.
Изборите во Македонија, за А. Марковиќ, беа еден клучен тест, кој можеше да влијае над изборите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Од резултатот на изборите во Македонија, ќе зависеше продолжувањето на дијалогот, кој веќе беше почнат, за идното регулирање на Југославија. Но, идниот период покажа дека по изборите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, беа обновени недоразбирањата меѓу политичките структури на федерал-ните единици на Југославија.
Албанците во Македонија, и покрај незадо-волството од Изборниот закон, учествуваа на првите парламентарни избори, претставувани со две политички партии, ПДП и НДП, кои соработуваа како коалиција.
Предизборната атмосфера беше имопзантна. Речиси насекаде, албанскиот народ со достоинство одговори на поканата за избори. Ова беше разбирливо, кога се знаеше дека претходниот монистички систем се покажал многу суров кон Албанците. По тој повод, многубројни Албанци од дијаспората (кои работеле надвор од земјата), пристигнаа да гласаат за албанските претставници во Македонија. Светските електронски медиуми, известувајќи за извонредено големиот одѕив на албанските етнички гласачи, кои во голем број доаѓаа од дијаспора, за да гласаат за албанските партии, потенцирајќи дека Албанците претста-вуваат голем влијателен фактор на овие простори.
Првите плурални избори за прв пат ја истакнаа големата политичка сила кај Албанците во Македонија, преку демократскиот процес за присилување на праведно решавање на националното прашање. Од резултатите на изборите од првиот круг, не беа задоволни македонските националистички кругови, затоа тие кругови се подигнаа против демократските процеси. Таквите кругови го изразија незадоволството од изборниот процес преку бесмислени демонстрации на улиците во Гостивар, Тетово и секаде.
Демонстрациите целосно биле со анти-албански и антидемократски карактер. Тие, во суштина го демаскираа бившиот комунистички систем, кој во Македонија со децении развил антиалбански дух. Паролите кои се слушнаа на овие демонстрации беа:
“Смрт за Албанците”; “Смрт за ПДП”; “Албанците нека одат да гласаат во Албанијa”; “Сакаме нови избори”; “Доста чекавме”; “Ова не е Косово”; “Подигнете се Македонци”; “Каде сте Албанци”; “Чиста Македонија”; “Македонија е само на Македонците”; “Македонија и нејзиниот сувере-нитет не го делиме со никого”; “Рани куче да те јаде”…!!! Демонстрантите бараа: анулирање на изборите, оставка на Републичката комисија за избори, оставка на Републичката Влада, излегување на сите македонски политички партии со заеднички кандидати. Последиците од овие демон-страции со антиалбански карактер, беа многу големи за меѓуетничките односи во Македонија.
Првите парламентарни избори во плуралниот систем во Македонија започнале на 11 ноември, и завршиле во 23 декември, 1990 год. Во 120 изборни единици со 1.339.021 гласачи беше гласано за 1.115 предложени кандидати од 18 политички партии и 44 независни кандидати, вкупно 1.158 кандидати.
Во првиот круг беа избрани 24 пратеници.
Гласањата продолжија во вториот круг во 96 изборни единици. Во овој круг, учествуваа 372 предложени кандидати од 15 политички партии и 3 независни кандидати, вкупно 375 кандидати.
Со завршувањето на вториот изборен круг, во парламентот на Македонија беа избрани 120 пратеници, од кои 117 пратеници од 9 политички партии и 3 независни кандидати.
Според завршните резултати на првите парламентарни избори беа легитимирани овие политички сили:
ВМРО – ДПМНЕ, 38 пратенци;
СКМ-ПДП, 31 пратеници;
Партија за Демократски Просперитет, 17 пратеници;
Сојуз на Реформските Сили, 11 пратеници;
Сојуз на Реформски Сили-НДП, 6 пратеници;
Коалицијата: ПДП-НДП, 5 пратеници;
Социјалистичка Партија на Македонија, 4 пратеници;
Југословенска Партија на СРМ, 2 пратеници;
Народна Демократска Партија, 1 пратеник;
Партија за Еманципација на Ромите, 1 пратеник;
Коалицијата: Сојуз на Реформските Сили-НДП и Социјалистичка Партија на Македонија, 1 пратеник, и;
Независни кандидати, 3 пратеници.
Албанскиот политички фактор, ПДП и НДП, на крајот на првите повеќепартиски избори претставуваа голема политичка сила со 23 пратеници во Републичкото Собрание.
Бројот на избраните пратенци, не се поклопуваше со реалната бројка на населението и бројката на албанските гласачи, поради манипулациите што биле направени во определувањето на изборните единици и големиот број на гласачи кои не биле на гласачките листи. Албанскиот народ со право очекуваше многу од овие избори, бидејќи за прв пат во историјата, на демократски начин, со дирекно гласање, имал можност да ги избере политичките претставници, за највисокиот законодавен орган на републиката. Разновидниот етнички состав на повеќепартискиот парламент, даваше надеж, дека највисокиот законодавен орган, ќе основа мултиетничка држава и ќе создаде конценсуални механизми за прашањата кои се со различни етнички особености во Република Македонија.