Универзитетот на Југосисточна Европа

Ангажирањето на албанскиот политички фактор во владата беше крунисано со основањето на Универзитетот на Југоисточа Европа во Тетово. За ова високо-образовна институција, во почетокот не постоеше ни закон, ни локација и не беа формирани меѓународните финансиски фондови. Но, многу брзо беше донесен Законот за високо образование, беше најдена соодветната локација и започнале да се собираат финансиски средства.
Познатиот генерал, Весли Кларк, соопшти дека Американската Влада одвоила 5 милиони долари за основањето на Универзитетот на Југоис-точна Европа.
Основачкиот акт на овој универзитет беше потпишан на 19 ноември 2001, во Тетово, потпишан од Макс Ван Дер Штул, претседател на Меѓунардната фондација и Замир Дика, претседател на Фондацијата на универзитетот.
Во овој документ беше истакнато:
Во согласност со Законот за високото образование на Р. Македонија, Одборот на Фондацијата на УЈИЕ во Цирих („Меѓународна Фондација”) во согласност со договорот на 19 ноември на 2001 год. со Фондацијата на УЈИЕ (“Фондацијата на универзитетот”) со посре-дување на Заедничкиот одбор, како основувач, го основа УЈИЕ во Република Македонија, како приватна високо-образовна институција, кој се занимава со образовна и научно-истражувачка дејност.
Универзитетот на Југоисточна Европа беше големо постигнување за виското образование на Албански јазик, во ПЈРМ. Меѓутоа, Универзитетот на Југоисточна Европа не ги исполнуваше сите потреби за образованието на Албанците во ова земја. По овој настан, Тетовскиот Универзитет продолжил и понатаму да функционира како и порано, во исчекување на најсоодветен момент за неговото официјализирање.