ПРВАТА ВЛАДА НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Експертска влада


На почетокот на 1991 год. се одвиваше процесот на осамостојување на Македонија, како нова држава на Балканот. Покрај овој процес се одвиваше и реформата на институциите на системот. Старите институции на комунистичкиот систем малку по малку, им го препу-штиле местото на новите органи на плуралниот систем. Така се случи и со владата. Во првите месеци на 1991 год. и понатаму функционираше старата влада, на бившиот Сојуз на комунистите. На 20 март, 1991 год. беше избрана новата влада, која постоеше до 7 јули 1992 год.
Првата влада на независна Македонија се нарекуваше Експертска влада. На нејзино чело беа поставени две главни фигури од Македонскиот Форум, академик Никола Клусев, како претседател и академик Блаже Ристовски, како потпретседател. Со нивниот избор на чело на владата полека се пополнуваше таблото на плановите на Македонскиот форум, кој го имаше изработено македнската национална програма. Во ова влада влегоа и Албанци со цел да им се отстрануваат критиките како чисто етничка влада, што не се вклопуваше со етничката вистина во Македонија. Но, Албанците во ова влада беа опфатени само со еден ресор, само со Министерството за Труд и Социјална Политика. Ова отворено потценување направено врз албанскиот поли-тички фактор, како реална политичка сила, претставуваше стара изопачена логика на антиалбанската политика, развиена за време на комунистичкиот период.
Формалното претставување на Албанците во владата имаше две главни цели:
- Албанците да се задржаат врзани за Македонија, да не бараат алтернативни политички патишта за решавање на нивното прашање;
- Глигоровата политика, преку формалното вклучување на Албанците во владата и во некои други органи, формално требаше да ја афирмира идејата за мултиетничка држава ПЈРМ, која беше голема фарса за манипулација со меѓународниот фактор.
На внатрешен план, Експертската влада го заокружи создавањето на македонската држава, реализирајќи го успешно Референдумот на 8 септември и усвојувањето на Уставот. Но, Експертската влада немаше капацитет да ги продолжи другите процеси, за признавањето на Македонија на меѓународната арена. Поради тоа, на 7 јули 1992 год. Собранието на Македонија, според претходно подготвено сценарио гласаше за недоверба на Експертската влада. Од тој миг, целата власт во Маке-донија беше сконцентрирана во рацете на претседателот Глигоров, кој користејќи големо искуство од периодот на комунистичкиот систем, донесе на чело на републиката таква влада, која беше директно под неговото влијание. На 4 септември, 1992 год. Собранието на Р. Македонија ја избра новата политичка влада, на чело со Б. Црвенковски, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (поранешниот Сојуз на комунистите РМ.). Со изборот на Бранко Црвенковски, во Македонија беше отворен патот на власта за левите политички сили, на старите и новите комунисти, кои беа реформирани во социјалдемократи.