ВЛАДАТА НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ

Улогата на албанскиот политички фактор
за време на Косовската војна

Со загубата на левите политички сили, на третите парламентарни избори во ПЈРМ, на СДСМ и нејзини сојузници, во републичкиот парламент беше променет односот на силите во корист на десните политички сили, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДА. Овој однос на политичките сили даде можност за формирање на Владата на Љубчо Георгиевски.
Владата на Георгиевски беше изгласано на 30 ноември 1998 год. Политичките сили кои учествуваа во оваа Влада имаа идентични погледи за многу битни прашања кои беа врзани со државниот и националниот интерес, како на Албанците така и на Македонците. Во овој правец, посебна улога имаа партиите, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.
Некои особености, овозможуваа овие партии да имаат идентични погледи:
Ø Двете партии и припаѓаа на анти-комунис-тичката провиниенција, со западна ориентација;
Ø Двете партии и припаѓаа на десниот центар;
Ø Двете партии и припаѓаа на националната провиниенција и не ги подгреваа илузиите на “сожителство”, на стариот комунистички мен-талитет;
Ø Двете партии беа за зближување, не само со оската Север-Југ, но и за Исток-Запад;
Ø Двете партии беа многу заинтересирани за интеграции во Евро-атлантските структури...
Во надворешната политика на партнерите на Владата на Георгиевски, две клучни прашања беа идентични:
1. Заедничката опасност за Косово и ПЈРМ, и
2. Интеграцијата на ПЈРМ во Евроатлан-тските структури.
Една од најзначајните одлуки што ја донела Владата на Георгиевски, беше инстали-рањето на логистичките сили на НАТО, во ПЈРМ. Ова одлука отвори пат за воените сили на НАТО, кои за време на Ослободителната Војна на Косово, влегуваа во ПЈРМ. За Косово, како и за целиот регион, ова одлука на Владата на Георгиевски имаше стратешко значење.
Владините партнери, ја сметаа Милошевиќ и Србија како потенцијална опасност. Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Л. Георгиевски, од порано ја сметаше Србија и нејзината политика како многу штетна за македонскиот национален интерес. Од 1991 год. тој изјавил, дека: “Најголемата опасност за Македонија и македонскиот народ може да дојде од Србија…”23.
Од друга страна албанскиот фактор (ДПА), видливо влијаеше дека ваквите погледи на Геор-гиевски, како претседател на владата, да менаџира во функција на ослободување на Косово, усогла-сувајќи ја владината политика на ПЈРМ, со политиката на Меѓународната Заедница.
Во моментот кога беше формирана Владата на Георгиевски, приоритет на политиката на Албанците беше Косово и нејзиното ослободување од српскиот окупатор. Косово и нејзиниот народ ги доживуваше најтешките моменти во својата исто-рија. Затоа, овој приоритет ја потикна ДПА да учествува во владата, токму во време кога Косовската криза влегуваше во завршната фаза. Стратешкиот и глобалниот албански интерес, во ова фаза, беше да им се даде простор за дејствување на НАТО во ПЈРМ, како и да се зачува мирот и внатрешната стабилност. Албанскиот политички субјект со најголема одговорност ја заврши својата историска мисија што ја постави врз себе и историски ја оправда својата егзистенција како политичка формација.
Од јануари 1998 год. по првите знаци на избивањето на борбата во Дреница, политичкиот фактор на Албанците во ПЈРМ, ги формира кризните штабови, кои за време на бегалската криза беа во служба на омекнување на воените после-дици. Така, во моментот кога почна флуксот на бегалците од Косово, ова перфектно организирање ги даде најголемите ефекти, отколку ангажирањето на разните светски хуманитарни организации. Сите меѓународни организации беа изненадени од нивото на организирање на Албанците во ПЈРМ.
Борбата за ослободувањето на Косово требаше да биде помогната и од ПЈРМ. Ова најдобро можеле да го направат новите антико-мунистички структури на ова држава. За време на Социјалистичка Југославија, Македонија како нејзин дел, беше користена како експериментален полигон на српската политика против Албанците. Затоа како таква, таа развиваше вазална политика од Србија. Низ целиот период на егзистенција на Социјалистичка Југославија, Македонија како и Србија, имаше идентично размислување околу косов-ското прашање. Политичките структури кои дојдоа на власт по првите повеќепартиски избори во ПЈРМ, на 1991 год. беа остатоци на стариот менталитет. Затоа, политиката на ПЈРМ кон Косово, и по прогласувањето на независноста, воопшто не се промени. Оваа политика продолжила за цело време, кога беа на власт Социјалдемократите и претседателот Глигоров. Само по третите парламентарните избори, по победата на десните политички структури во ПЈРМ, пристапот кон косовското прашање се смени темелно. Гледано од аголот на македонскиот интерес, новата надворешна политика беше и во нивен интерес, бидејќи таа не се судираше со геостратешката политика на Меѓуна-родната Заедница. Tаквата политика се сложуваше и со интересот на Албанците.
Од друга страна, Владата на Георгиевски, под влијание на политичкиот фактор на Албанците, индиректно го призна Косово како “петти сосед” на ПЈРМ. За време на косовската криза и по тоа, за прв пат се случиле средби на претседателско ниво, на Владите од двете земји: претседателот на Владата на ПЈРМ, Л. Георгиевски и претседателот на привре-мената Влада на Косово, Х. Тачи, во Скопје и во Приштина. За разлика од ова, поранешната Влада на СДСМ и К. Глигоров, имајќи идентични погледи со српските националисти, независното Косово го сметаа како потенцијална опасност за македон-ската држава, затоа никако не го признаа како “петти сосед” на ПЈРМ, додека средбите на Георгиевски со Х. Тачи беа сметани како штетни за ПЈРМ и беа остро напаѓани од самиот претседател Глигоров.
За време на војната на Косово, албанскиот политички субјект ја разјасни косовската кауза, на дипломатско рамниште, додека во ПЈРМ беше оневозможено создавање на српски и просрпски инфра-структурни проекти. Како што е познато, косовската криза заврши со потполна победа на Националната ослобо-дителната борба и пораз на колонијалистичкиот режим на Милошевиќ. Со ова, заврши една епизода од угнетувањето на Албанците во поранешна Југославија.
Се поставува историска дилема, што ќе се случуваше, ако за време на Косовската војна, беше дестабилизирана и ПЈРМ? Албанското, односно косов-ското прашање, во една таква ситуација може-ше да остане во сенка на големите прашања.
Внатрешната политика на Владата на Георгиевски, се базираше на антикомунистич-ката платформа, која имаше за цел демонтирање на структурите на бившиот систем.
Ова политика му одговараше и на албанскиот интерес. Таква констатација излегува бидејќи, политиката на СКЈ (бишите комунисти), додека таа беше под директно влијание на српските комунисти, за време на монистичкиот систем во ПЈРМ, имаше подигнато таков систем што беше под контрола на просрпските кругови, што есенцијално беа анти-албански ориентирани. Затоа, платформата на Владата на Георгиевски, го овозможи демонтирањето на таквиот систем, бетониран со децении.
Од Балканските Војни и по завршувањето на Првата Светска војна, регионот на Македонија беше сметан како “Јужна Србија”, додека, во Социјалис-тичката Југославија, таа се сметаше како “сателит” на Србија. Под ваква платформа, во ПЈРМ, систематски беа подигнати државни структури на системот кои беа лојални кон Србија или беа просрпски. Вака, со една мистериозна врска со Белград, беше составен и целиот државен апарат во Р. Македонија. Овие структури продолжуваа да бидат под големо влијание и по прогласувањето на независност на ПЈРМ, во 1991 год. Но, со промена на општествено-политичкиот систем, од монизам во плурален систем, не се смени структурата на стариот менталитет. Овој “бетониран” државен апарат беше препрека за реализирање на рамно-правноста на Албанците во системот, затоа неопходно тој требаше да се демонтира. Албанскиот политички субјект свесно и храбро влезе во таква активност.
Албанскиот политички фактор (ДПА) како партнер на владината коалиција, се обидуваше да ги претстави како никогаш порано интересите на албанскиот народ во ПЈРМ. Албанците низ целиот период на Социјалистичка Југославија и по тоа, низ периодот на повеќепартискиот систем, продолжуваа да бидат дискриминирани на перфиден начин, во сите животни сфери. По третите парламентарни избори, Албанците за прв пат почнаа да ги реали-зираат некои од етничките права.
Што добиваше албанскиот народ во ПЈРМ со учествувањето на ДПА во Владата на Георгиевски?
Во текот на овој мандат, беа постигнати неколку успеси, кои беа во интерес на албанскиот народ во ПЈРМ. Меѓу овие достигнувања ќе ги издвоиме:
Одлуката на Владата за амнестирање на поли-тичките затвореници, началниците на општините и претседателите на општинските одбори. Веднаш по формирањето на Владата беше усвоен декрет за објавување на Законот за ослободувањето на политичките затво-реници;
Основање на високо-образовни институции на Албански јазик, како што беше Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово;
Третиот телевизиски канал на МТВ, кој беше предвиден да се реализира кон крајот на мандатот на владата;
Најбитното прашање беше залагањето за адекватно претставување на Албанците во управ-ните структури на државата.
Во државната структура доминираше една најнеповолна ситуација за Албанците. На ним никогаш не им беа доверени управните значајни државни институции, било на општинско или републичко ниво. Беа направени незамисливи до пред тоа, кадровски промени, во интерес на Албанците. Податоците од средствата за информирање на времето, одразуваа многу поповолна состојба, од претходната, за интересите на Албан-ците во ПЈРМ.
Неколку примери:
§ Опфаќање на Албанците во дипломатските претстав-ништва на ПЈРМ, со шест амбасадори Албанци: Италија, Турција, Словенија, Данска, Хрватска и Швајцарија.
§ Опфатеноста на Албанците во МВР, порано била симболична. Во периодот на Владата на Георгиевски, за прв пат беа именувани Албанци, како: заменик министер и потсекретар на МВР во ПЈРМ и голем број на началници на регио-нални подрачни единици.

Иако политичкиот субјект на Албанците беше во фаза на потполното реализирање на политичка платформа, и покрај големите успеси, самиот беше незадоволен со постигнатите резултати и темпото на реализацијата на рамноправноста на Албанците во системот.
Елиминацијата на дискримирањето на албан-скиот народ во ПЈРМ уште беше многу далеку, бидејќи беше изгубен историскиот “чекор” од периодот на монистичкиот систем.
Главната препрека на рамноправноста на Албaнците во системот беше политичкиот и правниот статус на Албанците во Уставот на ПЈРМ, како национално малцинство. Но, откако Косово беше под српската окупаторка власт, Албанците од ПЈРМ не го забележуваа застојот на нивната неправда, бидејќи косоварите беа во потешка положба. Но, кога овие последните, преку ослободителната борба и помошта на Меѓународната Заедница, ги избркаа српските окупа-тори, Албанците во ПЈРМ го забеле-жаа заостанувањето споредувајќи се со нивните косовски браќа.
За реализирање на потполна рамноправност на Албанците во системот, требаше да се унапре-дува статусот на албанскиот народ во ПЈРМ. Ова можеше да се направи со нови уставни реформи, со што би се ридефинирале општествено-политичките и албанско-македонски односи.
23 >>Зери<<, „Србија е најголемиот непријател”, Приштина, 28 септември 1991 год.