ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЈРМ 1990-2001

Во Република Македонија живее население со разна етничка припадност, словени и несловени. Од самата етничка припадност ова земја претставува една мулти-етничка држава на Балканот. Со прогласувањето на Р. Македонија како независна држава, се очекувало да започне процесот на идентификација на етничките особености. Ова можеше да се направи преку реален попис на населението. За време на плуралистичкиот период беа одржани два пописа, првиот во 1991 год. и вториот во 1994 год.

1948 1953 1961 1971 1981

Македонци

789 648

68.5 %

860 699

66 %

1 000 854

71.2 %

1 142 375

69.3 %

1 279 323

67. 0 %

Албанци

197 389

17.1 %

162 524

12.4 %

183 108

13.0 %

279 871

17.0 %

377 208

19.8 %

Турци

95 940

203 938

131 484

108 522

86 591

Роми

19 500

20 462

20 606

24 505

43 125

Срби

29 721

35 112

42 726

46 465

44 468

Власи

9 511

8 668

8 046

7 190

6 384

Бугари

889

920

3 087

3 334

1 980

Попис во ПЈРМ

за време на Социјалистичка Југославија 20.

Ако ја прелистаме историјата на пописот на населението во Македонија, за време кога таа беше дел од Социјалистичка Југославија, јасно ќе ја забележиме тенденцијата за намалување на несловенското население, особено на албанското население. Целото време на постоењето на Социјалистичка Југославија, во ова републиката на разни начини се правеле обиди да се намали процентот на албанското население.

Од табелата може јасно да се види „играта” со пописот на населението во Македонија за време на Социјалистичка Југославија. По завршувањето на Втората Светска војна, во 1948 год. во Македонија имаше 17.1 % Албанци. Пет години подоцна овој процент бил намален на 12.4 %. Значи, многу јасно се гледа дека манипулацијата со бројот на Албанците, во ова република беше голема.

Во 1991 год. во новоформираната држава Маке-донија беше организиран попис на населението. Во тие историски околности, Албанците целосно го бојкотираа пописот, плашејќи се од нова манипулација, со нивниот процент. Во Статистичкиот завод немаше ниту еден вработен Албанец. Затоа, Албанците немаа доверба дека може да се направи реален попис на населението. Но, иако пописот во 1991 год. беше целосно бојкотиран, Статис-тичкиот завод ги објави резултатите, врз негова основа. Според овие проце-нувања ПЈРМ (Република Македонија) во 1991 год. имаше вкупно 2.033.964 жители, додека етничката припадност беше ваква:

Македонци

1 328 187

65.3 % %

Албанци

441 987

21.7 %

Турци

77 080

3.8 %

Роми

52 103

2.6 %

Власи

7 764

0.5 %

Срби

42 755

2.2 %

Попис на населението во ПЈРМ во 1991 год.

Во 1994 год, во Македонија се направи нов попис на населението, кој беше наречен како вонреден попис. Пописот се спроведе од 27 јуни, до 5 јули 1994 год. а меѓународно се набљудуваше и финасираше.

Составот и етничкиот процент на населението во независната држава имаше голема политичка важност. Прашањето на пописот не беше проблем за помалите етнички групи, како: Турците, Власите, Ромите и Србите, но беше проблем за албанско-македонските општествени односи и нивниот про-цент во ова држава, кои беа значајни елементи за припадноста на новата независна држава. Македон-скиот политички фактор преку пописот на населението се обидел да ја стави Меѓународната Заедница пред свршен чин. За реализирирањето на вон-редниот попис, самиот претседател, Глигоров, како што вели, се обидел да го убеди премиерот Црвенковски, да се организира пописот, не за нешто друго, но за да се потврди, меѓународно, процентот на Албанците во ПЈРМ, со цел да, како што вели тој: на Албанците, еднаш засекогаш да им се одземе правото на оспорување на државата”.

Според Законот, кој беше на сила при спроведување на вонредниот попис на населението на Р. Македонија, не влегоа тие што беа жителите на Македонија, со привремен престој во странство.

Вкупно

1 036 877

Во процент

Македонци

1 288 330

66.5

Албанци

442 914

22.9

Турци

77 252

4.

Роми

43 732

2.3

Власи

8 467

0.4

Срби

39 260

2.

Службените резултати од вонреден попис во 1994 год.

Вонредниот попис во 1994 год, под меѓународно наблудување”, во ПЈРМ извади на виделина еден голем апсурд. Според него вкупниот број на населението во ова држава беше намален, во споредба со пописот во 1991 год. Тогаш, ПЈРМ, вкупно имаше 2.033.964 жители. Додека, во 1994 год. бројот на населението беше намалено на 1.936.877 жители. Од податоците на горедадената табела може да се види јасно дека во 1994 год. ПЈРМ имаше 97.087 жители помалку од пред четири години, додека бројот на Албанците, беше зголемен за само 927 жители.

И овој пат беше потврдена големата манипу-лација со процентот на етничкото население во ПЈРМ. И со овој попис не успеа точно да се дознае етничката припадност на населението во новофор-мирана држава.

Значи, етничката припадност во ПЈРМ остана отворено прашање. Албанскиот фактор беше свесен дека албанската популација во ова држава опфаќа најмалку 1/3 од населението во државата. Овој податок се заснова на интерен попис што го правеше албанскиот фактор како и од резултатите на референдумот за политичката терито-ријалната автономија на Албанците, кога само бројот на гласачите, со право на глас, достигнуваше околу 400.000 жители.



20 Статистички годишник на Република Македонија, Скопје, 1997, стр. 94.