ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА НА КОСОВО - 1999

Развој на настаните во ПЈРМ

Косово или населените простори со етнички Албанци од Првата Балканска војна (1912 год.), беа окупирани од Србија и Црна Гора. Лондонската Конфе-ренција (1913 год.), ги остави надвор овие албански територии од независна Албанија.
Првата Светска војна и Париската Мировна Конференција (1919 год.), не го реши косовското прашање, туку го остави под власт на Србија и Кралството на Југославија, која само што се формираше над урнатините на Аустро-Угарија.
За време на Втората Светска војна, Албанија и најголемиот дел на Косово беше окупирано од Италија и Нацистичката Германија. Албанците од сите краеви активно учествуваа во Антифашистичката борба со ветување дека ќе го добијат правото на самоопределување. Југословенските комунисти не само што не им го допуштаа, правото на самоопределување, на Албаците, туку го распарчиле и компактниот простор на Албанците на повеќе федерални единици во Социјалистичката Југославија, додека Косово, преку воено администрирање го принудија да влезе во состав со Србија, со статус на ограничена автономија.
Расипувањето на албанско-југословенските (1948 год.), ја влоши уште повеќе положбата на Албанците во Социјалистичката Југославија.
Во 1968 год. Албанците во Југославија oрга-низираа демонстрации, барајќи: употребување на националните симболи (знамето), подигнување на статусот на Косово како Република, универзитет на Албански јазик, нов Устав.
Југословенските ко-мунисти под притисок на албанските демонстрации беа принудени да го допуштат отворањето на Косовскиот Универзитет (1970 г.), употре-бувањето на знамето на Албанците, додека Косово со уставните промени на 1974 год., го доби статусот на констутивна единица на Југославија.
Иако политичките реформи ги авансираа неколку албански права, Косово не го доби статусот како Република, исто така и Албанците не го добиле статусот нација, сметајќи се и понатаму како “малцинство”, или на комунистички начин, како “националност”.
Пролетта 1981 год. студентите и албанскиот народ повторно се подигнал на демонстрации. Главното барање на демонстрантите беше Косово-Република. Југосло-венските комунисти, на овие барања на албанскиот народ, одговориле со военополициско насилство, воспоставувајќи вонредна состојба. Пролет-ните настани на 1981 год. беа третирани како “контрареволуција”, и врз основа на оваа платформа се градела целата антикосовска и антиалбанска политика во Социјалистичка Југославија. Насилството и државниот терор против Албанците беше карактерис-тика за целиот период, а особено во периодот од 1981-1990 год.
Со излегување на сцена на политичкиот плура-лизам, Социјалистичка Југославија одеше кон распаѓање. Во тоа време, Косовското Собрание, на 2 август 1990 г. ја прогласи “Уставната Декларација”, за независност на Косово, додека на 7 септември 1990 год., во Качаник, беше прогласен Уставот на Република Косово.
На 26 – 30 септември, 1991 год. албанскиот народ на Косово се изјаснил за независна и суверена држава. Додека на 24 мај 1992 год., во Косово биле спроведени првите парламентарни избори, кои ги доби Демократскиот Сојуз на Косово, на чело со д-р Ибрахим Ругова, кој беше избран за прв претседател на независно Косово.
Новите општествено-политички настани во Косово, низ целиот период плуралистичкиот систем биле придружени со военополициско насилство, убивања и секојдневни торури врз Албанците. Положбата на албанскиот народ од ден на ден стануваше неподнослива. Во ноември 1997 год. на една посмртна церемонија на убиен учител од страна на српската полиција, за прв пат јавно се појави на сцена Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Борбата за ослободување на Косово од српската окупаторска власт, започна во Преказ на Дреница, на 28 февруари 1998 год. кога легендарниот Адем Јашари со целото семејство, Јашари, го започна вооружениот отпор против српската војска и полиција. По овој момент херојската борба на ОВК се прошири низ цело Косово и траше до целосното ослободување од српскиот окупатор.
По големата трагедија во Босна и Херцеговина, прогресивните и демократските сили во светот, не можеле да го набљудуваат одвивањето на настаните во Југославија. Затоа, во почетокот на Косовската криза, тие беа принудени да интервенираат, против уништувачката машинерија на српската солдатеска на Милошевиќ. Светската цивилизација не можеше да допушти уште една крвава трагедија, како во Босна и Херцеговина.
На 24 март 1999 год. сите светски теле-визиски канали, како “CNN”, “Euro News”, “RTL”, “Rai Uno”, “Rai Due”, “Rai Tre”, “Italia 1” и др. известуваа за почетокот на бомбардирањата над Југославија, од страна на НАТО. Според вестите, нападите започнале околу 19.40-20.00 часот. Утредента, радиото “Voice of Amerika” инфор-мираше за бомбардирањата во неколку српски градови: Белград, Нови Сад, Ниш и Подгорица, и др.
По првите бомбардирања на НАТО над Југославија, во Косово започна српската одмазда. Неколку стотини илјади косовски албанци од сите краеви на Косово, со сила беа протерани од нивните вековни огништа, во правец кон Албанија и Маке-донија. Овој процес имаше за крајна цел етничко чистење на Косово.
Најголемиот број на косоварите, протерани со сила од нивните домови, оделе во два правца, кон Албанија и кон границата на ПЈРМ. Но, поминување на македонската граница беше отежнат, особено на граничниот премин Блаце. Оделни македонски кругови се обиделе да ја држаат границата затво-рена, став кој го иритираше албанскиот политички фактор. Овие кругови биле под водство на актуелниот председател К. Глигоров. Тој во овие тешки моменти за протераниот косовкски народ, го повика Советот за национална безбедност, и донесе одлука, во име на националната безбедност, херметички да ги затвори границите. Оваа одкука, фактички го произведе “Блаце”, и сите малтре-тирања на Албанците од Косoво во граница.24 Во меѓувреме, за време на Косовската криза беше одржана средбата меѓу Клинтон и Глигоров, во Вашингтон. Американскиот претседател остро го критикувал македонскиот претседател, за непријателскиот однос кон косовските Албанци.25.
Најголемиот број протерани од Косово кои влегуваа во ПЈРМ, започна да се регистрираа од 2 март 1999 год. Според евиденцијата на Црвениот Крст во Тетово, на овој датум беа регистрирани околу 1547 лица, кои во поголем број биле сместени во албански семејства. Со почеток на бомбардирањата на НАТО над Југославија, бројот на протерани од Косово рапидно се зголемуваше. На 26 март 1999 год. овој број достигнал до 13.626 лица.
На 1 април 1999 год. започна долгата колона на протераните од Косово кои влегуваа во ПЈРМ. Еден ден подоцна овој број, според Хуманитарното друштво “Ел Хилал”, достигна на 50.000 лица, кои биле сместени во Куманово, Скопје, Тетово и Гостивар. На 16 април, Министерството за Внатрешни Работи на ПЈРМ имаше регистрирано целосен број на протерани од Косово, кои влегоа во Македонија, од 122.895 лица. На 27 април, овој број достигна до 180.000 лица.
Вo мај 1999 год. со зголемен интензитет продол-жуваше да расте бројот на протерани Албанци од Косово кои влегуваа во ПЈРМ. На 3 мај, МВР, инфромираше дека во Македонија биле сместени 221.000 лица протерани од Косово. Според информациите на МВР, вкупниот број достигнал до 224.357 лица.
Секојдневните инфромации на хуманитарните организации, од земјата и од надвор, како и на државните органи на ПЈРМ, информирале дека бројот на протераните постојано растеше и во втората половина на мај, 1999 год. Според “Radio Internacional” на 28 мај 1999 год. продолжило влегувањето на косовари во ПЈРМ. Според неа, вкупниот број достигна над 250.000 лица.
И во текот на јуни месец, 1999 год. во ПЈРМ влегле голем број протерани косовари. Така, вкуп-ниот број на Албанците и на сите протерани од Косово, кои влегле во ПЈРМ достигна до 379.523 лица. Од овој број 92.100, беа трансферирани во трети земји, додека 154.989 лица, беа сместени кај албански семејства во ПЈРМ, а 112.434 лица беа сместени во кампови, кои специјално беа изградени на почетокот од Косовската криза.
За време на Косовската криза, ПЈРМ изгра-дила специјални кампови за протераните од Косово. Вкупно беа изградени девет кампови: Блаце, Стенковец 1 и Стенковец 2, во кои биле сместени околу 79.000 лица, кампот во Непроштено, околу 6.800 лица, Сенокосе, околу 6.500 лица, Чегране, околу 69.000 лица, Бојане, околу 5.800 лица, и кампот во Радуша, во кој биле сместени околу 5.000 протерани лица.
На 9 јуни 1999 год., по усвојувањето на Резолуцијата на ООН, за посредување на меѓународ-ните сили во Косово, под командата на НАТО, беше потпишан Мировниот договор меѓу Генералот Џексон и српските генерали. Според “Vоice of America”, се очекувало 50.000 војници на НАТО да влезат во Косово
По потпишаниот договор, преку “Voice of America”, можеше да се слушне историската порака на претседателот на САД, Бил Клинтон, кој му се обрати на албанскиот, косовски народ: “Вие ќе се вратите во вашите домови. Вие ќе имате ваши училишта и ќе имате ваша вера. Вие ќе ги изберете вашите раководители и сами ќе одлучувате за вашата иднина. Вие нема да и плаќате данок на Југославија. Вие нема да ги испратите вашите синови, војници во Југославија. Вие ќе ја имате вашата монета, марка или долар”.
Посебна историска заслуга за омекнувањето на последиците на Косовската криза, без дилема имаа Албанците од ПЈРМ. Во овие тешки историски моменти, Албанците во ПЈРМ, не штедеа ништо за да им помогнат на косовските браќа. Фактички, Косово и косоварите, низ целата најнова национална историја, беа најмногу жртвувани, затоа Косово и косоварите ја залужуваа помоштата на целиот Албански народ.
Албанците во ПЈРМ за време на Косовската криза, влегуваа на листата на народите кои најмногу давале за решавање на Косовското прашање.
Под притисок на албанскиот народ и неговиот политички фактор, освен големиот број на проте-раните косовари, кои се задржиле во близина на границите со Косово, ПЈРМ беше принудена да прими повеќе од 20.000 војници на НАТО, кои во Македонија се подготвувале за мировната мисија на Косово. Ова беше една голема помош за целиот регион, а особено за Косово и албанската нација, воопшто.
24 „Работен извештај”, на Вториот Конгрес на ДПА, Тетово, 30-31 јули, 1999 год.
25 Арбен Конди, Злосторството на крајот на векот, Тирана, 2003, стр.45.