За сите албански патриоти
кои жртвувале сé
за албанската национална кауза

П Р Е Д Г О В О Р

Монографијата “Општествено - политичките настани кај Албанците во Македонија 1990-2001” ја опфаќа последната деценија на ХХ век.
Почетоците на монографијата, се од моментот на распаѓањето на Социјалистичка Југославија над чии урнатини биле создадени нови независни држави на Балканот. Македонија, како дел на Социјалистичката Југославија се обидувала да се одвои, осамостои и биде независна држава. Целиот процес на распаѓањето на Социјалистичка Југославија предизвикал голем број возне-мирувачки и страшни настани за сите слободољубиви народи на Балканот, Европа и во светот.
Монографијата, ги опишува општествено-поли-тичките настани кои се одвивале во Македонија од почетокот на политичкиот плурализам, до времето на потпишувањето на албанско-македон-скиот договор, во Охрид, во 2001 г.
Југославија, како држава била формирана при крајот на Првата Светска војна, со Версајскиот Договор. Србија, како сојузник на Силите на Антанта, победници во Првата Светска војна, како награда ги проширила териториите, кои некогаш и припаѓале на Австро-Унгарија. Пред Балканските војни, Србија опфаќаше мала територија, помеѓу реките: Сава, Дунав и Дрина. Балканските војни во 1912-1913 год., на Србија и овозможиле проши-рување кон југ, окупирајќи го Косово и сегашна Македонија. По поразот на Германија и Австро-Унгарија во Првата Светска војна, на Србија и овозможиле уште поголемо територијално проши-рување, на север кон реката Дунав и преку реката Дрина, во Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Значи, пред Балкан-ските војни и Првата Светска војна, Србија не се простираше во Косово, Македонија, Црна Гора и Војводина. Сојузништвото на Србија со побендичките сили и англо – француско - руските тенденции за ослабување на нивниот противник, во Средна Европа, Аустро-Унгарија, и даде можност на Србија да се прошири територијално, на несрпски простори. На овие простори Силите на Антанта создале нова држава, Кралство на Србите, Хрватите и Словен-ците, или како што подоцна се викала Југословенско Кралство. Значи, Кралството СХС, фактички беше територијално проширување на Србија, како договор на големите сили на Антанта. Поголемото географско подрачје на Кралството СХС, имало многу мал број на српско население, поради тоа новиот режим, доминиран од Србите, воден од нивниот крал, се обидувал преку процесот на колонизација и иселување, да ги србизира несрпските територии. Но, кога во 1941 год. Кралството на Југославија била нападната од фашис-тичките сили, таа многу брзо капитулирала, бидејќи никој не сакал да ја брани од фашистичкиот напад.
Југословенските комунисти, за време на Втората Светска војна, се залагаа за ослободувањето на Југославија од фашизмот и зедоа обврска дека Нова Југославија ќе ги корегира поранешните грешки, врз основа на “самоопре-делувањето на народите”. Социјалистичка Југославија, корегираше некои грешки во корист на словенските народи, но не го корегираше прашањето на несловенските народи. Југословенските комунисти и покрај идејната платформа, го негираа принципот на самоопределување и националната рамноправност, која ја прокламираа за време на Антифашистичката војна. Тие не само што ја негираа волјата на албанскиот народ во Косово, изразен со Бујанската Конференција, за обединување со Албанија, спротивно на оваа волја под воен притисок го принудиле Косово да се припои кон Србија, а другите албански простори ги поделиле Црна Гора и Македонија. Вака Југословенските комунисти не само што не ги признаваа правата на албанскиот народ за самоопределување и спојување кон Албанија, туку ја распарчија албанската национална целина во Социјалистичка Југославија.
Политиката на национално угнетување и ограничување на албанските демократски права, во Југославија, се претворило во еден програм на српскиот национализам, за запоседнување на нејзиниот режим на територијата на целата земја. Српските, црногорските и македонските национал-шовинисти, перманентно ги држеа на нишан Албанците, кои според дневната политика речиси секогаш беа виновни. При крајот на Втората Светска војна, Албанците биле обвинети дека се соработници на фашистичкиот окупатор, додека по 1981 год. биле сметани и како “контрареволуционерни”.
Распаѓање на Социјалистичката Југославија, беше еден неопходен процес, бидејќи таа не беше творба на слободно обединување на нејзините конститувни народи и како таква перманентно го имала потенцијалот за природно распаѓање. Демагошката пропаганда на Југословенските комунисти за братсво и единство на народите го овозможило постоењето на оваа држава, додека бил жив Ј. Б. Тито. По смрта на Тито излезе на сцена српскиот распуштен нацио-нализам, под водство на националистичките кругови, на чело со Слободан Милошевиќ, со што беше забрзан процесот на распаѓање на Социјалистичка Југославија. Српските националисти беа ангажирани за уривање на федералниот систем и враќање на унитарниот концепт и тоа концептот на српската хегемонија, кој доминирал помеѓу двете светски војни. Првиот чин на распаѓањето на Социјалистичката Југославија започнал кога на Косово и Војводина, кои беа конститутивни единици на Југословенската федерација, им се грабна автономијата, со што тие станаа админис-тративни регионални единици на Србија. Низ целиот овој период, хрватско - словенските политички кругови тактизираа врз грбот на Косово и Албанците, задо-волувајќи ги апетитите на српскиот национализам. Меѓутоа, нивната тактика се покажа погрешна, бидејќи српските националистички кругови по воспоставување на обединета Србија не застанаа само на ова, тие со сета нивна ароганција им се нафрлиле на Словенија, Хрватска и Босна.
За време на процесот на распаѓање на Соција-листичка Југославија, Македонија како нејзина консти-тутивна единица се залагаше за осамостојување и создавање независна држава. Но, македонскиот поли-тички фактор не сакаше да го дели суверенитетот на државата со албанскиот народ, кој со векови живееше во своите етнички огништа. Тие се залагаа, концептот на македонската национална држава да му се наметне и на албанскиот народ, кој живееше во Македонија. Ваквото залагање, перманентно се судрило со албанскиот политички фактор, со што чекор по чекор дојде до рециклирање на контролирани кризи, кои во 2001 год. избиле во еден вооружен конфликт.
Монографијата Општествено - политичките настани кај Албанците во Македонија 1990-2001 опфаќа четири поглавја:
Првото поглавје, прикажува јасна слика за поче-тоците на новите процеси во Македонија, во услови на распаѓање на Социјалистичка Југославија, со кои процеси се формирале многу политички партии, некои од нив беа легитимирани на првите парламентарни избори како релевантни политички сили; во продолжение, се одразу-ваат залагањата за создавање независна држава Македо-нија, преку Декларацијата за суверена држава и Референдумот на 8 септември 1991 год.; усвојувањето на Уставот на новата држава и залагања за меѓународно признавање. Во овој момент, албанскиот политички фактор се наоѓал во несигурна положба, од едната страна како причина на слабост и внатрешните контардикции и од друга страна како резултат на околностите на другите простори на Социјалистичка Југославија.
Референдумот на 8 септември и усвојувањето на Уставот на 17 Ноември 1991 год, забележуваа враќање (стагнирање) на многу започнати процеси (Уставот од 1974 г.). Овие настани предизвикувале остри внатрешни контрадикции кај албанскиот политички фактор, затоа еден дел се изјасни за самостоен Референдум на Албанците за територи-јално-политичка автономија, во Македонија.
Второто поглавје, ги опфаќа општествено -политичките збиднувања во Македонија, помеѓу 1994-1997 год. Почнува со вонредниот попис на населението во Македонија; излегување на сцена на новите албански политички сили, кои решително се спротивија на концептот за македонска национална држава; општинските избори во 1996 год, со што рефор-мистичкиот курс на албанскиот политички субјект, победил кај градските урбани општини со многубројно албанско население; процесот на соединување на албанските политички сили, јулските настани 1997 год.
Покрај политичките збиднувања, во 1994 год, беше основан Тетовскиот Универзитет, како највисока наставна институција, на Албански јазик. Ова инсти-туција беше основана како потреба на времето, поради тоа што од 1991 год. беа отежнати условите за студирање на Албански јазик, на Приштинскиот Универзитет.
Третото поглавје, почнува со третите парла-ментарни избори во 1998 год. и тесното соработување на албанскиот политички фактор, за време на изборите; создавање Влада од партиите на реформскиот курс; развојот на настаните во Македонија за време на Ослободителната Војна во Косово и улогата на албанскиот политички фактор во Македонија врз менаџирањето на војната и на државната политика во Македонија, во 1999-2000 г.
Четвртото поглавје, го опишува избувнувањето на кризата во Македонија и причините за нејзиното избивање; албанското вооружено востание и појавувањето на Ослободителната Национална Армија (ОНА); договорот меѓу албанските политички и воени сили, во Призрен; исто така во ова поглавје детално се опишува и Албанско-Македонскиот договор во Охрид; како и улогата на Меѓународната заедница за постигнување на мирот во Македонија.
Оваа монографија ги обелоденува најновите настани во политичката историја кои се одвиваа во Република Македонија, за време на последната деценија на ХХ век. и залагањата за запишување на историјата врз научна база, во земја, како што е Република Македонија, каде Албанците имаат претензии да ја изградат својата иднината.
Добредојдена е секоја соработка, која е во интерес на историската наука. Отворен сум за другите научници од оваа област, кои располаљгаат знаења и аргументи за историското минато и за најновите настани во Република Македонија.
Со почит Авторот

ПРВО ПОГЛАВЈЕ

ПРВИТЕ ЧЕКОРИ
КОН ПЛУРАЛНИОТ СИСТЕМ
1990-1994

ОСНОВАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Развитокот на настаните, во цела Источна Европа и во Социјалистичка Југославија, влијаеле на политич-киот плурализам и во Македонија, со што се распаднал поранешниот монистички систем. Новиот плуралис-тички систем родил надеж и кај Албанците во Македонија, сметајќи дека тој ќе биде базиран врз парламентарната демократија, обезедувајќи рамноправ-ност и национални права на сите народи.
Во Македонија, за краток период беа формирани многу политички партии кои претста-вуваа разни општествени слоеви и разни етнитети, кои со своите програми се обидувале да се вметнат кај народот. Голем број од нив не можеа да се легитимираат на изборите, но се обидуваа да останат на политичката сцена. Од блок на македонските партии беа:
МААК – Движење за Семакедонска Акција, на чело со Гане Тодоровски, како прва партија, која се залагаше за одбрана на македонските интереси, внатре и надвор од Македонија. Таа се залагаше главно за независна држава Македонија.
Поранешниот Сојуз на Комунистите на Македонија беше реформиран и со ново име, СКМ - Партија за Демократска Преобразба, на чело со Петар Гошев. Оваа партија претежно ги привлече поранешните членови на Сојузот на Комунисти на Македонија. На Првиот конгрес, по трансформацијата, во 1991 год. го промениле името во Социјалдемократска Партија на Македонија – СДСМ.
Поранешниот Сојуз на Социјалистите во Македонија, како филијала на СКМ, формирал самостојна партија со име Социјалистичка Партија на Македонија, на чело со Киро Поповски.
ВМРО–ДПМНЕ (Демократска Партија за Македонско Национално Единство) беше формирана како партија која се залагаше за соединување на сите Македонци во една држава. На нејзиното чело беше Љубчо Георгиевски. Оваа партија, се сметаше како десна политичка партија со националистичко определување.
Сојузот на Реформските Сили, која ја иницира последниот југословенски премиер, Анте Марковиќ, претендираше да биде една сејуго-словенска партија. За нејзин претседател во Македонија беше избран Стојан Андов. Во 1991 год. ова партија се соедини со Новата Демократска Партија и беше формирана коалицијата Сојуз на Реформски Сили – Либерална Партија.
Од албанскиот политички блок, во Република Македонија, беа формирани две политички партии: Партијата за Демократски Просперитет (ПДП), подоцна и Народна Демократска Партија (НДП).
Партијата за демократски просперитет беше формирана на 16 Април, во тетовското село Џепчиште, за нејзин претседател беше избран г. Невзат Халили2. Оваа партија беше легализирана кога излезе Законот за политички партии, со што ПДП беше регистрирана како прва партија на Албанците, на 25 мај, 1990 год. Ова партија предизвикала ентузијазам кај албанскиот народ и интелигенција, воопшто. Според нејзината програма, таа не беше национална партија, бидејќи во програмската определба на ова партија беше истакнато: “ПДП е граѓанска партија. Таа е партија на граѓаните со: албанска етничка припадност, муслиманска, турска, македонска, влашка, ромска ...”. Сепак, овој политички субјект успеа околу себе да приближи разни општествени слојеви на албанското општество. Во ПДП влегоа поранешни членови на Сојузот на Комунистите, поранешни албански политички затвореници и многу други членови со разни политички убедувања.
Втората албанска политичка партија, НДП, беше формирана на 23 Јули 1990 год. Со нејзиното формирање започнал политичкиот плурализам и кај Албанците во Македонија. За нејзин прв претседател беше избран, лекарот (кардиологот) од Тетово, Јусуф Реџепи.
Албанските политички партии во Македонија беа формирани во текот на распаѓањето на Социјалис-тичката Југославија. Во овие околности се создаде моментот, кога веќе требаше да се презема нешто за решавање на албанското прашање, во државата што се распаѓаше. Многу политички активисти за албанското прашање излегоа од илегала (некои од нив се ослободија од југословенските затвори, З. Р.) за да се ангажираат во легално политичко дејствување. Главната цел на нивното политичко ангажирање беше да обезбедат решение за албанското прашање, преку демократските форми на политичката борба, во околности на политичкиот плурализам.
Треба да се истакне, дека албанските политички партии во Македонија, не се разликувале многу во фундаменталните програмски определби. Двете први албански партии, ПДП и НДП, го признаа тери-торијалниот интегритет на Македонија. Ова требаше да значи дека решавањето на албанското прашање за Албанците во Македонија го предвидуваа како внатрешно прашање на независната држава Македонија.


2 Невзат Халили, претседател на Партијата за Демократски Просперитет (ПДП), е роден во 1946, во с. Порој – тетовско. Основно училиште завршил во родниот крај, средно во Тетово, а Филолошки факултет, смер: Англиски јазик и книжевност, во Скопје, 1970 год. Од тогаш, па до доаѓањето на чело на ПДП работел во средното медицинско училиште, како професор по Англиски јазик.

ПРВИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И АЛБАНЦИТЕ (1990)

По распаѓањето на комунистичкиот систем и легализација на политичкиот плурализам, во Македонија беа спроведени избори, во кои учествуваа многу штотуку формирани политички партии. На овие избори беа легитимирани политичките сили кои владееа со земјата во првиот парламентарен мандат. Како во Македонија и во другите републики беа спроведени првите плурални избори. Познати биле само тенденциите на новите политички структури за отцепување од Југославија, но не биле познати конкретните последици во услови на спротивставен стремеж на федералните единици на Југословенската федерација.
Првите парламентарни избори, во Македо-нија, беа спроведени според мнозинскиот модел, кој пред-видуваше два изборни круга. Цела Македонија беше поделена на 120 изборни единици, во секоја од нив требаше да се избере по еден пратеник.
Изборите во Македонија беа во центарот на вниманието на странските дипломати и коментатори. Тие истакнуваа дека, ако на изборите победат националис-тичките сили, тогаш Македонија, Југославија и Јужниот Балкан ќе се соочат со страшен национализам. Според >Liberasion<, во Македонија, зголемениот, македонски национал-изам, може да и нанесе серизни тешкотии на Југославија и тоа не само во однос на нејзините соседи, но и во Европа. Со голем интерес беше очекувано какви резултати ќе постигне на овие избори, Сојузот на Реформските Сили, на премиерот, Анте Марковиќ.
Изборите во Македонија, за А. Марковиќ, беа еден клучен тест, кој можеше да влијае над изборите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Од резултатот на изборите во Македонија, ќе зависеше продолжувањето на дијалогот, кој веќе беше почнат, за идното регулирање на Југославија. Но, идниот период покажа дека по изборите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, беа обновени недоразбирањата меѓу политичките структури на федерал-ните единици на Југославија.
Албанците во Македонија, и покрај незадо-волството од Изборниот закон, учествуваа на првите парламентарни избори, претставувани со две политички партии, ПДП и НДП, кои соработуваа како коалиција.
Предизборната атмосфера беше имопзантна. Речиси насекаде, албанскиот народ со достоинство одговори на поканата за избори. Ова беше разбирливо, кога се знаеше дека претходниот монистички систем се покажал многу суров кон Албанците. По тој повод, многубројни Албанци од дијаспората (кои работеле надвор од земјата), пристигнаа да гласаат за албанските претставници во Македонија. Светските електронски медиуми, известувајќи за извонредено големиот одѕив на албанските етнички гласачи, кои во голем број доаѓаа од дијаспора, за да гласаат за албанските партии, потенцирајќи дека Албанците претста-вуваат голем влијателен фактор на овие простори.
Првите плурални избори за прв пат ја истакнаа големата политичка сила кај Албанците во Македонија, преку демократскиот процес за присилување на праведно решавање на националното прашање. Од резултатите на изборите од првиот круг, не беа задоволни македонските националистички кругови, затоа тие кругови се подигнаа против демократските процеси. Таквите кругови го изразија незадоволството од изборниот процес преку бесмислени демонстрации на улиците во Гостивар, Тетово и секаде.
Демонстрациите целосно биле со анти-албански и антидемократски карактер. Тие, во суштина го демаскираа бившиот комунистички систем, кој во Македонија со децении развил антиалбански дух. Паролите кои се слушнаа на овие демонстрации беа:
“Смрт за Албанците”; “Смрт за ПДП”; “Албанците нека одат да гласаат во Албанијa”; “Сакаме нови избори”; “Доста чекавме”; “Ова не е Косово”; “Подигнете се Македонци”; “Каде сте Албанци”; “Чиста Македонија”; “Македонија е само на Македонците”; “Македонија и нејзиниот сувере-нитет не го делиме со никого”; “Рани куче да те јаде”…!!! Демонстрантите бараа: анулирање на изборите, оставка на Републичката комисија за избори, оставка на Републичката Влада, излегување на сите македонски политички партии со заеднички кандидати. Последиците од овие демон-страции со антиалбански карактер, беа многу големи за меѓуетничките односи во Македонија.
Првите парламентарни избори во плуралниот систем во Македонија започнале на 11 ноември, и завршиле во 23 декември, 1990 год. Во 120 изборни единици со 1.339.021 гласачи беше гласано за 1.115 предложени кандидати од 18 политички партии и 44 независни кандидати, вкупно 1.158 кандидати.
Во првиот круг беа избрани 24 пратеници.
Гласањата продолжија во вториот круг во 96 изборни единици. Во овој круг, учествуваа 372 предложени кандидати од 15 политички партии и 3 независни кандидати, вкупно 375 кандидати.
Со завршувањето на вториот изборен круг, во парламентот на Македонија беа избрани 120 пратеници, од кои 117 пратеници од 9 политички партии и 3 независни кандидати.
Според завршните резултати на првите парламентарни избори беа легитимирани овие политички сили:
ВМРО – ДПМНЕ, 38 пратенци;
СКМ-ПДП, 31 пратеници;
Партија за Демократски Просперитет, 17 пратеници;
Сојуз на Реформските Сили, 11 пратеници;
Сојуз на Реформски Сили-НДП, 6 пратеници;
Коалицијата: ПДП-НДП, 5 пратеници;
Социјалистичка Партија на Македонија, 4 пратеници;
Југословенска Партија на СРМ, 2 пратеници;
Народна Демократска Партија, 1 пратеник;
Партија за Еманципација на Ромите, 1 пратеник;
Коалицијата: Сојуз на Реформските Сили-НДП и Социјалистичка Партија на Македонија, 1 пратеник, и;
Независни кандидати, 3 пратеници.
Албанскиот политички фактор, ПДП и НДП, на крајот на првите повеќепартиски избори претставуваа голема политичка сила со 23 пратеници во Републичкото Собрание.
Бројот на избраните пратенци, не се поклопуваше со реалната бројка на населението и бројката на албанските гласачи, поради манипулациите што биле направени во определувањето на изборните единици и големиот број на гласачи кои не биле на гласачките листи. Албанскиот народ со право очекуваше многу од овие избори, бидејќи за прв пат во историјата, на демократски начин, со дирекно гласање, имал можност да ги избере политичките претставници, за највисокиот законодавен орган на републиката. Разновидниот етнички состав на повеќепартискиот парламент, даваше надеж, дека највисокиот законодавен орган, ќе основа мултиетничка држава и ќе создаде конценсуални механизми за прашањата кои се со различни етнички особености во Република Македонија.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декларацијата за независност на Македонија беше првиот политички чин со историска важност за Македонија како држава, по првите плурални избори. Декларацијата беше усвоена во Собранието на Македонија на 25 јануари, 1991 год. Овој значаен акт беше првиот чекор кон независност на Македонија. Врз нејзина основа беа вградени сите понатамошни чинови на новата независна држава на Балканот. Меѓутоа, Декларацијата не ја изразуваше мултиетничката слика на Македонија, туку содржеше истакнати македонски национални карак-теристики. Македонскиот политички естаблишмент почна да ја објавува платформата за штотуку формираната македонска етничка држава. Оваа македонска национална платформа беше во спротивност со аспирациите на албанскиот народ во Македонија, а тоа повремено ќе создадеше меѓуетнички кризи.
Декларацијата за независност, своите поче-тоци ги бележи врз стремежите на еден народ што претендира да создаде суверена држава. Како таква и Декларацијата за независна држава Македонија беше почеток за основање на нова, независна држава, на балканските простори. Основните определби на Декларацијата за независност, ја искривуваат историс-ката и етничката вистина, врз кои требало да се создаде новата држава во Балканот. Според овие определби, проектот за независна држава Македонија се потпирал врз “територијалниот интегритет на македонската држава” и врз “правото на македонскиот народ за самоопределување” (член 1 на Декларацијата). Ова формулација јасно го изразува карактерот на новата држава, како национална држава на Македонците, отстранувајќи ја можноста на создавањето на мулти-етничка држава, во која би биле опфатени Албанците и другите народи кои живееле во Македонија.
Со чинот на усвојување на Декларацијата за независност, реагирањето на албанскиот политички фактор беше многу чуден. Албанскиот политички фактор под влијание на околностите што владеа во Социјалистичка Југославија, беше во потполно двоумење. Имајќи голема доверба кај својот политичкиот фактор, Албанците не го манифестираа своето незадоволство. Значи, албанскиот народ во Македонија беше во исчекување. Најбитниот албански политички фактор, ПДП, констатираше дека Декла-рацијата за независност на Македонија нема некое битно влијание и дека се ќе добие добар тек. Фактички, албанскиот фактор двоумејќи се, свесен или не, се лажеше себеси и албанскиот народ во Македонија.
На Втората Конференција на ПДП, одржана во Театарот на националностите во Скопје, на 19 мај, 1991 год. во извештајот на претседателството на ова партија, во врска со Декларацијата за суверена и независна Македонија, се вели: “таа треба да се третира како политички чин, а никако како правен и уставен чин. Според извештајот, Декларацијата содржи принципелни изразувања и не е одлука. Таа, не му дава за право на македонскиот народ да одлучува за другите народи во Македонија, а особено не за Албанците”.
Оваа констатација на една сериозна политичка партија беше голема невистина. Многу брзо, оваа констатација беше демаскирана, со чинот на усвојување на другите уставно-правни акти, кои како основа ја имаа Декларацијата за независност на Македонија.

ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

По усвојување на Декларацијата за независност, во Собранието на Македонија, беше избран претседателот на Републиката. За прв претседател на независна Македонија беше избран Киро Глигоров.3 Методо-логијата на изборот на претседателот на Македонија не беше нималку сменет, од некогашната типична методологија на поранешниот комунистички систем.
Според сведочењето на самиот Глигоров, неговата кандидатура не течеше според легалната параламентарна процедура (значи, помеѓу лидерите на парламентарните
релевантни политички сили, З.Р.), туку кандидатурата била резултат на задкулисните дого-варања на македонските академски интелектуалци, кои од претходно биле ангажи-рани во “Македонскиот форум” за подготвување на националната програма. Значи, Киро Глигоров, веќе беше подготвен како најсоодветен кандидат. Неговите идеи беа во потполна согласност со идеите на Македонскиот форум. Во овој контекст, академик Блаже Ристовски, за дневникот „Нова Македонија”, на 24 јануари, 1991 год, изјавил: “Уште пред неколку месеци, работејќи во Македон-скиот форум за подготвување на Македонската национална програма, јас бев убеден дека Киро Глигоров е најсоод-ветен човек за претседателското место, бидејќи тој сублимира неколку релевантни компоненти во нашите услови: државјанин со искуство и способен политичар, како и утврден патриот, кој на најсоод-ветен начин го сосредоточува континуитетот помеѓу АСНОМ и првата суверена македонска држава”.
Значи, Киро Глигоров бил поставен на чело на Македонија, не од дирекните избори, туку од зад-кулисните националистички кругови, кои го избраа него преку претставниците во Собранието на Македонија, на 27 јануари, 1991 год. Албанскиот политички фактор, иако ги претставуваше интересите на целиот албански народ во Македонија, беше отстранет од овој одлучу-вачки процес. Но, и покрај презирот, албанскиот политички фактор го поддржи изборот на Глигоров за претседател на Македонија.
Платаформата на Глигоров ја предвидуваше Македонија како национална држава на Македонците, со другите малцинства. Но, кои беа “другите малцинства”? Без двоумење тој како национално малцинство го сметаше и албанскиот народ во Македонија, кој од сите аспекти не беше малцинство.
Глигоров, користејќи ја неговата умешност како способен политичар се залагаше да создаде суверена македонска држава, како национална држава на Македонците. Освен ова, кога тој станал претседател на државата, најавувал територијални претензии на Македо-нија кон соседите, користејќи го присуството на етничките Словени во соседните земји4.
Ако ја анализираме Глигоровата политика, од гледиште на интересот на албанскиот народ, во два рамништа, како што се:
1.Внатрешно рамниште – неговиот став кон албанскиот народ во Македонија;
2.Надворешното рамниште – неговата поли-тика кон Косово и Албанија.
Во внатрешната политика на Македонија, Глигоров како што одминувало времето ја разјасни неговата национална платформа, која истовремено беше анти-албанска и антидемократска платформа. Во периодот додека Глигоров беше претседател, во Македонија се случуваа многу настани, кои воглавно имаа антиалбански карактер. Хронолошки, во овој период се случиле:
- настаните во Струшкото село Ладориште;
- бруталните напади на македонската полиција, на скопски Бит Пазар;
- бруталните полицијски напади против основањето на Универзитетот на Албански јазик, во Тетово;
аферата на оружјето;
- бруталните полициски напади во Гостивар и во Тетово, јулските настани 1997 год;
- монтираните политички процеси против албанските челници во општините Тетово и Гостивар;
- Фашизоидниот проект за “транспортирање” на косоварите преку неговиот “коридор” (Глигоров) …
Сите овие настани се случиле во време кога Киро Глигоров беше претседател на Р. Македонија. Жртви на овие настани секогаш беа Албанците. За последните негови цели ќе зборувам во другите делови на ова книга.
Во надворешната политика, Глигоров ја афирми-рал тезата на политиката на еквидистанца. Фактички, тој ќе ја избере најнесоодветната теза за албанскиот национален интерес, бидејќи таквата политика се залагала за распарчување на националната супстанца и глобалната албанска политика. Таквата политика беше во интерес на хегемонистичките српски кругови и нејзините филијали во Македонија, кои сонуваа за „чистење” на Косово од Албанците. Според политичката логика на еквидистанцата, било што да се случеше во Косово, Албанците во Македонија требаше само да „набљудуваат”. Со други зборови, ако во Косово ќе избиеше вооружена војна, Албанците од Маке-донија не требаше да се мешаат во внатрешните проблеми на Србија. Оваа тенденција беше во директна спротивност со глобалната албанска политика (стратегија) и не беше во согланост со основните природни принципи на демократското право на албанскиот народ, за да се одбрани од српската воена машинерија.
Претседателот на Македонија, Киро Глигоров не беше во состојба да ја сфати будењето на националната свест кај Албанците во поранешна Југославија и нивната национална и духовна поврзаност. Тој не беше во состојба да ја сфати филозофијата на делување на албанскиот политички фактор, дека во случај на воен конфликт, Албанците ќе делуваат како еден народ.
Глигоров, никако не можеше да се согласи со Косово како независнната држава, или отцепено од Србија. За Глигоров, Косово е внатрешно прашање на Србија, додека Албанија се обидуваше да ја гледа како и сите други соседи, не влегувајќи воопшто во длабоки анализи за големото влијание на албанската држава врз Албанците во Македонија, кои беа значаен политички фактор во ова држава.
Косовското прашање, според Глигоров не постои, бидејќи Косово е само внатрешен проблем на Србија. Се поставува дилемата, зошто Глигоров е преокупиран со Косово и зошто се плаши од независно Косово?
Претседателот на Македонија го истакнува иселувањето на Србите од Косово, обвинувајќи го за ова Уставот од 1974 год.5 Тој ги искривува историските факти, кои сведочат за спротивното, за иселувањето на Албанците од нивните огништа, од Косово и другите краеви на поранешна Југославија. Значи, историските факти ја говорат спротивното од тврдењата на Глигоров. Тие говорат за колонизација на Косово и другите албански краеви со српски и црногорски колонисти и иселување на Албанци. Во овој момент ќе спомнам само некои непобитни факти: во 1918-1941 год. српските државни кругови во Косово и другите албански крајишта, присилно населиле 17.679 словенски семејства, кои го грабнаа имотот на Албанците. Од друга страна, во овој период од албанските огништа беа прогонувани 276.489 албанци, во Анадолија, Турција. Исто така, по Втората Светска војна, 1949-1967, српскиот комунистчки режим, во Косово создаде други околности со процесот на експропријација, за протеру-вање на Албанците од нивните огништа. Од педесетите години започна една дива кампања за да го потикне албанскиот народ, да се изјаснува со “турска” национална припадност. Истовремено, беше потпишан Џентелменскиот договор, Тито-Киприлили во Сплит, на 1953 год, според кој се протеруваа во Анадолија 412.000 Албанци, и според плановите на Александар Ранковиќ, поранешните албански земјишта требаше да се колони-зираат со 64.000 словенско население (српско- црно-горско).
Значи, Глигоров не знаеше ништо или не сакаше да знае за:
§ Српската национална програма “Начертанија”, 1844 г.;
§ Српската програма “Излегување на море”, 1881 г.;
§ “Турско-Југословенската конвента за иселување на Албанците во Анадолија”, 1938 г.;
§ “Џентелменскиот договор Тито - Киприлили, за протерување на Албанците во Анадолија”, 1953 г.;
§ “Југословенската програма за Косово”, од 1988 г.
Исто така, Глигоров не знае ништо за Елаборатот на Васа Чубриловиќ, од 3 ноември, 1944 год. и 5 јануари, 1945 год.
Врз основа на овој став кон Косово, од 1992 год. за време на Единбуршкиот самит, Глигоров апелирал кај Еврпоската Заедница, за признавање на Македонија и нејзиниот ангажман за непризнавање на косовското прашање. Во овој случај, тој изјавува: “Нашето призна-вање (зборот е за независна Македонија) ќе го олесни решавањето на Косов-скиот проблем и ќе ја отстрани опасноста, кризата да се внесе и во Македонија. Тој побарал од Меѓународната Заедница мировни сили, кои ќе бидат поставени на границите со Србија и со Албанија. Тој вели дека ако се случат немири во Косово, секако ќе бидат причина за балкански конфликт”. Глигоров со неговата итра политика се обидуваше да ја исплаши Меѓународната Заедница за можниот конфликт со големи балкански размери. Затоа тој бара, признавањето на Македонија да биде свршен чин, според неговиот концепт, со цел, целосно да го изолира Косово, ставајќи се на страна на српските нацио-налистички кругови. Но, треба да се истакне дека Меѓународната Заедница, не падна во замката на Глигоровата политика.
Понатамошниот развиток на настаните, за време на Ослободителната војна на Косово, покажа дека тезата на Глигоров беше “фалсификат”, бидејќи конфликтот не зеде балкански размери, како што пропагираше прет-седателот на Македонија.
Глигоров ќе продолжи да биде на страна на српските националисти и отворено ќе се залага кај странските дипломати, Косово да биде третирано како внатрешен проблем на Србија. Тој признава дека на странските дипломати, како на американ-ските така и европските, им сугерира дека: “не можат да си играат со тезата, Независно Косово, ова може да има големи и трагични импликации”*. Тој ќе се потруди до последниот момент да остане таен сојузник на националистичките српски кругови.
Низ периодот на Ослободителната војна на Косово, Глигоров како претседател на Македонија се обидел да го спречи поставувањето на логистиката на НАТО во Македонија. Но, овој пат општествено-политичките околности во Македонија беа променети на штета на неговата политика. Во тој момент, Глигоров немаше никаква внатрешна поддршка, од владата на Георгиевски ниту пак поддршката од Меѓународната Заедница.
Кон крајот на Ослободителната Војна на Косово, Глигоров за последен пат ќе се обиде да им се спротивстави на новите околности, спротив-ставувајќи се на средбите помеѓу косовските и македонските претставници, како две соседни земји, Косовскиот премиер, Хашим Тачи и Македонскиот премиер, Лубчо Георгиевски. Ваквите определби на претседателот на Македонија, Глигоров, донесуваат една логична заврш-ница, дека тој беше еден големомакедонски националист, типичен југословенски комунист, со една кристална антикосовка и антиалбанска политика, која сама по себе се влеваше во водите на српската политика и нејзините филијали во ПЈРМ.



3 Киро Глигоров, македонски политичар, роден на 3 мај, 1917 год. Завршил Правен факултет. Му припаѓа на Студентското движење, пред Втората Светска војна. Активно учествувал во Антифашистичката војна, од 1941 год. Од 1944 год. беше член на СКЈ. Беше член на АВНОЈ и секретар на Иницијативниот одбор за повикување на АСНОМ и член на Президиумот на привременото Народно Собрание на Федеративна Југославија. По војната ги вршел овие задачи и функции: во периодот од 1974-1978 год. беше претседател на Собранието на СФРЈ, од 1948-1962, беше професор во Економскиот факултет во Белград. Беше избран (неколку мандати) како делегат на Федеративното собрание и на Собранието на СР Македонија. На VIII Конгрес, беше избран за член на ЦК на СКЈ, на IX Конгрес, за член на Претседателството на СКЈ, на X Конгрес, член на Претседателството на ЦК, СКЈ, додека на XI Конгрес на СКЈ, член на ЦК, СКЈ, >>Фљака<<, 30 јануари, 1991 год.
4 Цитат од книгата на К. Глигоров, ,,Македонија е се што имаме“ Култура, Скопје, 2002 год., стр. 170, „ … според мене, основно прашање преставува суверенитетот на македонската држава, судбината на деловите на македонскиот народ во соседните земји…”
5 Според Уставот на СФРЈ, од 1974 год., Косово беше конститутивна единица на Југословенската федерација. Устав на Социјалистичка Федеративна Југославија, член 2: „Социјалистичка Федеративна Република Југославија ја сочинуваат: СР Босна и Херцеговина, СР Македонија, СР Словенија, СР Србија, САП Војводина и САП Косово, кои се во состав на СР Србија, СР Хрватска и СР Црна Гора; Службен весник на СРМ, Скопје, 1974 год. стр. 29.

* Киро Глигоров, Македонија е се што имаме, Скопје, 2002 год., стр. 462.
3 Киро Глигоров, македонски политичар, роден на 3 мај, 1917 год. Завршил Правен факултет. Му припаѓа на Студентското движење, пред Втората Светска војна. Активно учествувал во Антифашистичката војна, од 1941 год. Од 1944 год. беше член на СКЈ. Беше член на АВНОЈ и секретар на Иницијативниот одбор за повикување на АСНОМ и член на Президиумот на привременото Народно Собрание на Федеративна Југославија. По војната ги вршел овие задачи и функции: во периодот од 1974-1978 год. беше претседател на Собранието на СФРЈ, од 1948-1962, беше професор во Економскиот факултет во Белград. Беше избран (неколку мандати) како делегат на Федеративното собрание и на Собранието на СР Македонија. На VIII Конгрес, беше избран за член на ЦК на СКЈ, на IX Конгрес, за член на Претседателството на СКЈ, на X Конгрес, член на Претседателството на ЦК, СКЈ, додека на XI Конгрес на СКЈ, член на ЦК, СКЈ, >>Фљака<<, 30 јануари, 1991 год.
4 Цитат од книгата на К. Глигоров, ,,Македонија е се што имаме“ Култура, Скопје, 2002 год., стр. 170, „ … според мене, основно прашање преставува суверенитетот на македонската држава, судбината на деловите на македонскиот народ во соседните земји…”
5 Според Уставот на СФРЈ, од 1974 год., Косово беше конститутивна единица на Југословенската федерација. Устав на Социјалистичка Федеративна Југославија, член 2: „Социјалистичка Федеративна Република Југославија ја сочинуваат: СР Босна и Херцеговина, СР Македонија, СР Словенија, СР Србија, САП Војводина и САП Косово, кои се во состав на СР Србија, СР Хрватска и СР Црна Гора; Службен весник на СРМ, Скопје, 1974 год. стр. 29.

ПРВАТА ВЛАДА НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Експертска влада


На почетокот на 1991 год. се одвиваше процесот на осамостојување на Македонија, како нова држава на Балканот. Покрај овој процес се одвиваше и реформата на институциите на системот. Старите институции на комунистичкиот систем малку по малку, им го препу-штиле местото на новите органи на плуралниот систем. Така се случи и со владата. Во првите месеци на 1991 год. и понатаму функционираше старата влада, на бившиот Сојуз на комунистите. На 20 март, 1991 год. беше избрана новата влада, која постоеше до 7 јули 1992 год.
Првата влада на независна Македонија се нарекуваше Експертска влада. На нејзино чело беа поставени две главни фигури од Македонскиот Форум, академик Никола Клусев, како претседател и академик Блаже Ристовски, како потпретседател. Со нивниот избор на чело на владата полека се пополнуваше таблото на плановите на Македонскиот форум, кој го имаше изработено македнската национална програма. Во ова влада влегоа и Албанци со цел да им се отстрануваат критиките како чисто етничка влада, што не се вклопуваше со етничката вистина во Македонија. Но, Албанците во ова влада беа опфатени само со еден ресор, само со Министерството за Труд и Социјална Политика. Ова отворено потценување направено врз албанскиот поли-тички фактор, како реална политичка сила, претставуваше стара изопачена логика на антиалбанската политика, развиена за време на комунистичкиот период.
Формалното претставување на Албанците во владата имаше две главни цели:
- Албанците да се задржаат врзани за Македонија, да не бараат алтернативни политички патишта за решавање на нивното прашање;
- Глигоровата политика, преку формалното вклучување на Албанците во владата и во некои други органи, формално требаше да ја афирмира идејата за мултиетничка држава ПЈРМ, која беше голема фарса за манипулација со меѓународниот фактор.
На внатрешен план, Експертската влада го заокружи создавањето на македонската држава, реализирајќи го успешно Референдумот на 8 септември и усвојувањето на Уставот. Но, Експертската влада немаше капацитет да ги продолжи другите процеси, за признавањето на Македонија на меѓународната арена. Поради тоа, на 7 јули 1992 год. Собранието на Македонија, според претходно подготвено сценарио гласаше за недоверба на Експертската влада. Од тој миг, целата власт во Маке-донија беше сконцентрирана во рацете на претседателот Глигоров, кој користејќи големо искуство од периодот на комунистичкиот систем, донесе на чело на републиката таква влада, која беше директно под неговото влијание. На 4 септември, 1992 год. Собранието на Р. Македонија ја избра новата политичка влада, на чело со Б. Црвенковски, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (поранешниот Сојуз на комунистите РМ.). Со изборот на Бранко Црвенковски, во Македонија беше отворен патот на власта за левите политички сили, на старите и новите комунисти, кои беа реформирани во социјалдемократи.

РЕФЕРЕНДУМОТ НА 8 СЕМПТЕМВРИ 1991 Г.

Република Македонија, за прв пат на Балканот, се појави кон крајот на Втората Светска војна (1944 год.). Неа ја создадоа југословенските комунисти, како федерална единица во рамка на Социјалистичка Југославија. Но Македонија немаше меѓународен субјективитет. Тој субјективитет можеше да го добие само со плебисцитарно изјаснување (сенароден рефе-рендум), каде народите кои живееле во оваа територија, ќе ја изразуваат волјата за независна држава. Значи, народите кои живееле во внатрешните граници на Македонија требаше да го потврдат фактот дека се, за независна и суверена Македонија.
Во периодот кога се спроведуваше сенарод-ниот референдум во Македонија, се појавиле две спротивни тенденции, кои се судриле меѓу себе. Од една страна, македонскиот стремеж и од другата, албанскиот стремеж. Македонскиот политички фактор, преку успешниот референдум, се обидуваше да ја претстави Република Македонија пред меѓународниот фактор, како национална држава на Македонците. Оваа тенденција, на груб начин го омалуважуваше интересот на другите народи кои живееле во Македонија, особено националниот интерес на Албанците. Додека, албан-скиот фактор под влијание на околностите на другите делови на Социјалистичка Југославија (војната во Хрватска) немаше јасна политичка визија што треба да одлучуваат Албанците во тој историски момент, во Македонија. Дилемата на албан-скиот политички фактор, му даде голем маневарски простор на македонскиот политички фактор, кој се обидуваше да формира македонска национална држава, која беше во спротив-ност со етничката реалност на Македонија. Политичките околности кои владеа во Македонија во тоа време бараа конкретно политичко дејствување, со цел на Албанците во Македонија да не им се повтори историјата од 1912 год. и 1944 год. На референдумот за независна држава, разни албански интелектуални и политички кругови, со право го поставиле прашањето, што добиваат Албан-ците од Македонија од овој референдум?
Општото убедување беше дека албанскиот народ, не само што не добиваше ништо, но со него и даваше легитимет на државата која се обидуваше да добие меѓународен легитимитет без Албанците, како негов конститутивен народ. Затоа, албанскиот народ во Македонија целосно го бојкотираше референдумот, со што го резервираше своето историско право за само-определување во иднина.
Тенденцијата на македонскиот политички фактор да ги забрза процесите за независна Македонија, беше забележлива и од владата на Клусев, која со забрзана процедура сакаше да биде донесена одлука за референдум и покрај тоа, да тече и процесот за усвојување новиот устав.
Одлуката за организирање на реферндумот за суверена Македонија предизвикал пукнатина меѓу албанскиот фактор. Избраните претставници на албанскиот народ во Македонија немале заеднички став за ова прашање, со големо историско значење. Беа објавени некои јавни изјави за македонскиот референдум, барајќи и од самиот претседател Глигоров да се изјасни јавно за некои барања на Албанците. Но, претседателот на Македонија остана глув и никако не му паѓаше на ум да одговори на барањата на албанскиот политички фактор. Затоа, сите слични барања беа премолчени, како да не постоеле. Молкот на Глигоров, јасно покажуваше дека тој немаше намера да ја подели сувереноста на Македонија со Албанците.
Беше одлучено Референдумот да се одржи на 8 септември 1991 год. Прашањето што беше поставено за народите од Македонија на овој референдум беше: “Дали сте за Македонија како суверена држава со право на влегување во Сојуз на суверени држави на Југославија”.
Според официјалните податоци, на референ-думот во 1991 год. излегоа 71.85 % од населението во Македонија. Меѓутоа, овие факти беа многу сомни-телни, бидејќи Албанците целосно го бојкотираа македонскиот референдум. Ако на овој, број што излезе на референдум, му се додаде и службениот процент на Албанците во Македонија (над 25 %), тогаш значи дека на референдумот на 8 септември, гласале повеќе од 97 % на населението во Македонија, што во нормални услови, на демократските процеси, е еден апсурд. Значи, сите општествено-политички процеси во Македонија се одвивале по сомнителни патеки.
Референдумот на 8 септември и одлуката за нејзино прогласување за државен празник, за Албанците во Македонија засекогаш ќе остане спорно прашање.

УСВОЈУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Декларацијата за суверена Македонија и референ-думот на 8 септември, 1991 год. создадоа услови за усвојување на Уставот на независната држава. Уставот како највисок правен акт на Република Македонија, беше усвоен од републичкото собрание на 17 ноември 1991 год. Претседателот на републиката, К. Глигоров, за ова иницијатива фомрирал работна група, која се занимаваше со составувањето на нацрт уставот. Работната група беше составена од овие експерти:
- Владо Поповски,
- Љубомир Фрчковски,
- Лазар Китановки, и
- Димитар Мирчев.
Значи, како што се забележува, во ова комисија не учествуваше ниту еден Албанец, кој ќе придонесеше за составувањето на уставот кој ќе ги опфати основните премиси на парламентарната демократија и мулти-етничкиот карактер на Македонија како независна држава.
Уставот е основен правен акт, кој им претходи на сите други законски акти. Тој, истовремено е “акт на создавање на власта и акт на потврдување на основните општествени односи, поради тоа што претставува правна основа за функционирање на општествено-политичкиот и економскиот систем, како и за реализи-рањето на правата и гарантирање на постоењето на уставноста во општеството”.
Структурата на уставот на Р. Македонија, усвоен во 1991 год. опфаќа:
- Преамбула;
I Основни одредби;
II Основни слободи и права на човекот и граѓанинот;
III Организација на државната власт;
IV Уставен суд на Република Македонија;
V Локална самоуправа;
VI Меѓународни односи;
VII Одбрана на Републиката, воена и вонредна состојба;
VIII Измена на уставот,
IX Преодни и завршни одредби56.
Преамбулата е уводен дел на уставот. Во преамбулата во нацрт-уставот составен од гореистакнатата група се зборува за минатото на македонскиот народ и залагањето за создавање национална држава, потпирајќи се на одлуките на АСНОМ, од 1944 год и референдумот од 8 септември 1991 год. Во преамбулата се истакнува:
“Тргнувајќи од историското културно-духовното и државно-наслетство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската Репу-блика и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Јуославија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија...”
Според скицираниот концепт на Преамбулата на уставот од 1991 год. беше омаловажено историското право и правото на наслетство на албанскиот народ во Македонија. Во продолжение во кратки точки ќе ги анализираме овие категории на правата, кои им овозможуваат на Албанците од Македонија да го бараат нивниот дел во оваа држава.
Историското право, се базира на фактот: Албанците како дирекни потомци на Илирите, во Македонија се автоктон народ. Овој факт може да се потврди и од многубројни антички автори. Но, Македонија како географски поим и како држава се спомнува од античкото време. Таа стана позната во времето на двајцата антички владатели, Филип II и Александар Велики – Лека, во IV век пред нашата ера. Додека за време на владеење на Филип II, Македонија се издигнува како држава и се зацврсти во воена смисла, за време на Александар, кој по мајка беше илирски внук, Македонија се прошири на три континента, Европа, Азија и Африка. Според грчките и римските истори-чари, на просторите на античката Македонија живееле Илирите, Тракејците и Хелените.
За време на Римската империја, Македонија падна под нејзината власт, во 168 год. пред нашата ера, додека во 148 год. пред нашата ера, таа беше проста римска провинција. Но, подоцна Македонија не се спомнува ни како провинција на некоја освојувачка држава, значи ни за време на Османлиското царство. Кон крајот на владеење на Османлиското царство, под влијание на ВМРО, создадена во Солун, во 1893 год. македонското прашање, за кратко време повторно беше актуализирано. Помеѓу двете светски војни, Македонија воопшто не беше спомната ниту како провинција. За време на владеењето на Кралството на СХС, таа била именувана како Вардарска Бановина. По распаѓање на Кралството на СХС, југословенските комунисти го реактуализираа македонското прашање, со што создадоа една територијална политичка единица, НР.Македонија, во која беа опфатени широки територии населени со етнички Албанци, од Куманово до Дебар. Албанците во Република Македонија, од исто-риска, територијална и демографска гледна точка, се дел од една национална целина која се простира од Јадранското и Јонското море, реката Каламас, долината на Јужна Морава и Вардар. Овој територијален географски простор, со мали промени, се поклопува со територијата, која во античкото време било населено со илирски племиња: Дардани, Пајони, Пелагони, Молоси6. Тоа значи, најголемиот дел од денешна Македонија, во античкото време била населено со илирски племиња, за кои има многу автентични сведоштва од грчки, римски и византијски историчари, како и археолошки остатоци. На крајот на Балканските војни, кога Лондон-ската Конференција (1913 год.) го печати создавањето на незавинсна албанска држава –Албанија, Конферен-цијата истовремено ја печати и поделбата на етничките албански територии, поделејќи ги на два дела, од кои најголемиот дел им се додели на Србија и Грција. Првата Светска војна и Мировната Конференција во Париз (1919 год.), не го промениле поделбата на албанските територии. Но, од тогаш албанските територии кои порано и беа доделени на Србија, Париската Конференција ги додели на новата
држава, Кралство СХС, која подоцна беше именувана Југосло-венско Кралство. Ваквата ситуација се одржувала до 1941 год. На крајот на Втората Светска војна, во јужните краеви на Кралството Југославија беше создадена нова федерална единица, Македонија, како република во рамките на Југословенската федерација. Албанските територии јужно од Шар Планина, влегоа во состав на оваа република. Овие територии во Македонија, иако перма-нентно го променија освојувачот, тие ипак останаа населени со етнички Албанци. Исто така, треба да се потенцира дека некои македонски псеудо-научници се обиделе да ја негираат автохто-носта на Албанците во Македонија, сметајќи ги тие како дојдени, но овие залагања немаат никаква научна основа.
Наследното право, е тесно поврзано со историс-кото залагање на албанскиот народ за национална слобода, покрај борбата на другите народи кои исто така беа под туѓо ропство. Фактички Република Македонија како заедничка држава, на македонскиот и албанскиот народ, е плод на Ослободителната борба против осман-ското ропство и плод на Ослободителната Антифашис-тичка војна 1941-44 год. Овие сведочења ги потврдуваат и многу македонски автори во нивните дела, како: Тодор Симовски7, Александар Христов8, Орде Ивановки9, и др.
Илинденското востание и реципрочната помош меѓу Албанците и Македонците беше првиот настан со историска важност, меѓу двете народи што живееле на просторите на денешна Македонија. Овие настани го забележуваа историскиот почеток на соработката меѓу Албанците и Македонците и нивната подготвеност за ослободување од османлиското ропство.
Втората можност што им се даде на народите од денешна Македонија, за ослободување од туѓите непри-јатели, беше Втората Светска војна. И во ова војна, како и другите народи, и Албанците активно учествуваа. Ова го потврдуваат многу документи. На еден од нив се истакнува:
“За време на Втората Светска војна, двете народи активно учествуваа во антифашист-ичката борба. Водачите на војната апелираа кај албанското и македонското население да учествуваат во борба под знамето на Скендербег и Крушевската Република. Затоа, на нив им се гарантираше слобода и рамно-правност, бидејќи како што се велеше, Македонија ќе станеше заедничка татковина на сите, значи и на Албанците” 10. Ова го потврдува и проф. д-р Ѓорѓи Цаца.
Тоа значи, дека фактите јасно покажуваат дека Албанците од Македонија, како поробуван народ, активно учествувале во сите ослободителни борби до нивната национална слобода. Сите залагања за национална слобода и потполна рамно-правност, на Албанците во денешна Македонија, бил направен обид да се круниса на крајот на Втората Светска војна. На 2 август 1944 год. во Прохор

Пчински беше одржано Првото заседание на АСНОМ. Заседанието претставува почеток на Република Маке-донија, во рамките на Социјалистичка Југославија.
Албанците од Македонија и покрај нивните големи залагања не ја реализираа потполно културно-политичката рамноправност, бидејќи и овој пат беа залажани од југословенските комунисти, кои низ целата Антифашис- тичката војна пропагираа потполна рамноправност до самоопределување. Значи, вековниот идеал за национално обединување, составен на Призренската Лига, и за време на антифашистичката борба, остана една нереализирана желба.
Настаните што се одвиваа на крајот на Втората Светска војна и потоа за време на „слободата” (периодот по Втората Светска војна), ги издадоа идеалите за кои Албанците во Македонија беа ангажирани. Во овие околности за Албанците во Македонија беше сменет само туѓиот освојувач, по Балканските војни овој освојувач беше Србија, по Првата Светска војна, беше Кралството СХС (Кралството на Југославија), додека по Втората Светска војна улогата на освојувачите ја зедоа југосло-венските и македонските комунисти.
За време на постоењето на Социјалистичката Југославија, во Македонија се случија уставните реформи, кои беа една комунистичка фарса, криејќи се зад паролите за „братсво-единсво”. Со уставните промени од 1974 год. беше постигната највисоката фаза на фиктивната рамноправност на Албанците во Македонија.
Значи, историското право и наследните нацио-нални права, на Албанците во Македонија им дадоа потполно право за поделување на суверенитетот на независната држава Македонија.
Преамбулата на уставот на Македонија, од 1991 год. се стремел многу јасно кон македонска национална држава. Ваквата тенденција беше во спротивност со интересите и стремежите на албанскиот народ во Маке-донија. Ваквиот проект тешко газеше над историјата на Македонија и ја определуваше јасно позицијата на Албанците како национално малцинство. Овој концепт на предложениот устав, во идниот период станал главен генератор на кризата во Македонија и извор на сите меѓуетнички албанско-македонски несогласувања. Албан-скиот народ, никогаш не можеше да се согласи со статутот на малцинството во Република Македонија. “експертите” што го составиле уставот, заедно со главниот предлагач, К. Глигоров, ја носат најголемата историска одговорност за избивањето на вооружениот конфликт, кој започна десет години подоцна, во 2001 год.
Периодот на усвојување на уставот, на 17 ноември 1991 год. претставува една изгубена историска можност, да на централните балкански простории, по распаѓањето на Југославија, да се создаде „Балканска Швајцарија”, која ќе ги спречеше сите конфронтации на соседите, како неутрална зона на интересите на главните народи на Балканот: Албанците, Грците, Бугарите и Србите. Оваа историска можност не ја искористи македонскиот политички фактор, кој го сочинуваше мно-зинството на собранискиот глас. Затоа, анализирајќи од историски агол, носителите на тогашната политика, носаат историска одговорност за сите понатамошни настани кои ќе служаат како искри за меѓуетничкиот конфликт во Македонија.




56 Устав на Република Македонија, Скопје, Ноември 1991 год.
6 Александар Стипчевиќ, Илири,Приштина, 1990 год. стр. 37.
7 Тодор Симовски,“За учество на националностите во Илинденското востание”.
8 Aлександар Христов, “Организација на власта во востаничката територија за време на Илинденското востание”.
9 Орде Ивановски, “Никола Карев – бессмртни претседател на Крушевската Република”.
10 “Зборник на документи на АСНОМ: 1944 -1964”, Скопје, стр. 71, 177-178.





РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ПОЛИТИЧКО-ТЕРИТОРИЈАЛНА АВТОНОМИЈА НА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Автономна Република И л и р и д а


По завршувањето на македонскиот рефе-рендум на 8 септември и усвојувањето на уставот во 1991 год. на албанскиот политички фактор не му преостана ништо друго освен да бара друго решение за албанското прашање, во Македонија.
Едно од ваквите решенија беше организирањето посебен референдум, каде албанскиот народ во Македонија ќе ја истакне својата волја преку сенароден плебисцит. Ваквите политички настани, преку плебис-цитарно изјаснување беа карактеристика за сите народи кои се залагаа за слобода преку демократски процес. Во Македонија, референ-думот на албанскиот народ беше контраодговор кон сите еднострани одлуки на македонскиот политички фактор, кои крајно ги омалу-важувале националните интереси на Албанците во Македонија.
Референдумот на албанскиот народ во Македонија се одржа на 11 и 12 јануари 1992 год. Одлуката за прогласувањето на референдумот за територијална и политичка автономија на Албанците во Македонија го донесе Собранието на Автономијата на 27 декември 1991 год. Албанските граѓани требаше да се изјаснуваат:
“Дали се за политичко територијална автономија на Албанците во Македонија” .
Референдумот на Албанците во Македонија беше спроведен во импозантна и свечена атмосфера. Речиси целиот албански народ му одговори на плебицитарниот повик со надеж дека ова е најсоодветното решение. Според информацијата на Комисијата која раководела со процесот на референдумот, тој беше целосно успешен. Извеш-тајот на Собранието на Автономијата од 16 јануари 1992 год. бил испратен и кај меѓународните институции: Европската Заедница, Претседателот на Мировната Конференција за Југославија, г. Лорд Карингтон, претседателот на Европскиот Парламент, претседателот на Арбитражната Комисија за Југославија, секретарот на Организацијата на ООН, Конгресот, Сенатот и Департаментот на САД. Во овој извештај беше истакнато дека референдумот за Политичка територијална автономија на Албанците во Македонија беше целосно успешен. Но, исто така беа потенцирани пречките и пропагандата на македонската власт против референдумот, на средствата за инфор-мирање и на нивните националистички партии, како и заканите кои им биле упатени на Албанците и на носителите на албанскиот политички фактор.
Резултатот на референдумот на албанскиот народ во Македонија беше позитивен. Од вкупно 383.539 гласачи, колку опфаќаше гласачката листа, за автономија гласале 360.928 или 99.9 %, додека 57 гласачи, од оние што излегле на гласање, гласале против. Македонската полиција се обидела да го спречи процесот на гласањето, претресувајќи 260 гласачки места, додека во 120 од нив го конфискувала гласачкиот материјал. Меѓународниот фактор бил запознат и со еден друг факт, дека бројот на Албанците според службената статистика од 400.000 жители, целосно беше фалсификуван, бидејќи по референдумот излезе на виде-лина уште еден значаен податок, дека албанското гласачко тело опфаќа над 383 000 гласачи.
Се поставува прашањето, кое беше образло-жението на референдумот на Албанците во Македонија и ангажирањето за политичката територијална автономијата.
Меѓународната Заедница перманентно го потен-цирала принципот за не насилно менувањето на границите. Според овој принцип, Албанците во Македонија не само што останаа надвор од матичната држава, Албанија, но по распаѓањето на Социјалистичката Југославија, териториите насе-лени со етнички Албанци беа распарчени уште повеќе. Фактите покажуваат дека Албанците во Македонија се простираат во една компактна етничка територија, почнувајќи од Куманово со околината до Струга, Охрид и Битола. Оваа автохтона албанска популација живее на овие простори од античкото време. За време на Османлиското царство овие простори се простирале во два албанска вилаети, на Косовскиот и Битолскиот. За време на Ослободителните војни, етничките Албанци во Македонија им се приклу-чиле на ослободителната војна, како за време на Призренската Лига така и за време на подоцнежните војни. По Втората Светска војна, со уставот од 1974 год. на Албанците од Македонија им било признаено државнотворниот статус. Подоцнежните уставни реформи го редуктира државно-творниот статус на Албанците. Уставот од 1991 год. Албанците во Македонија, ги стави во положба на национално малцинство, со што тие не се согласуваа, притоа одлучиле да ја изразуваат својата политичка волја за самоопределување, преку референдум кој требаше да ги донесе до албанската автономија, во Македонија.
По успешното завршување на референдумот, Собранието на Автономијата ја именувало новата политичка територијална единица - ИЛИРИДА11.
Илирида требаше да опфаќа: неколу општини со околини, како: Куманово, некои општини во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга. На територијата на Република Илирида требаше да живее 1/3 од населението на Македонија, претежно со Албанци.
Низ развитокот на референдумскиот процес на албанскиот народ, се подготвуваше уште еден проект кој го предвидуваше решението на албан-ското прашање во Македонија, преку територијалната политичка автономија. Тој проект предвидуваше еден транзиционен период за автономијата под меѓуна-родното наблудување со цел создавање услови за формирање на албанска федерална единица, во една федеративна албанско-македонска држава. Според овој проект решението на албанското прашање во Маке-донија, беше предвидено со формирање на бинационална држава со две федерални единици, албанска и македонска. Во овој проект, исто така беа потенцирани и негативните појави кои одеа на штета на албанското национално прашање во Македонија, како: несе- риозниот албанско-македонскиот дијалог без некој конкретен резултат, учествувањето на албанските прет-ставници во извршната власт ... Во него, исто така станувало збор за распростеното албанско прашање, како на надворешен така и на внатрешен план; за можностите за основање на експертска комисија која би се занимавала со студирање на албанското национално прашање во поранешна Југославија, што требаше да помогне за негово правно решение; можните опции на македонската дневна политика и нејзиниот став кон албанското прашање; создавање на механизми за унапредување и оживување на политичката територи-јална автономија на Албанците во Маке-донија; за големата улога на албанската дијаспора кон албанското национално прашање; координација на политичкиот фактор меѓу албанските простории на поранешна Југославија; ангажирањето на матичната држава за решавањето на албанското прашање; сериозниот албанско-македонскиот дијалог за решавање на сите отворени прашања; унапредување и составување на рамката на политич-ката територијална автономија на Албанците во Македонија; обезбедување на албанската автоно-мија; и на крај, промена на уставот на Македонија.
Собранието за политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија, состави предлог за промена на уставот на Република Македонија. Во уводниот дел на овој документ се истакнува:
“Тргнувајќи од основа на плебисцитарните барањата и многубројните активности на албанскиот народ, на политичките партии и другите општествени асоцијации потпрени на одлучноста на Европската Заедница и ООН, за решавање на југословенската криза, по мирен пат, со демократски методи, почитувајќи го правото на секој народ за самоопределување, барања кои беа крунисани со Референдумот одржан на 11 и 12 јануари 1992 год, како и почнувајќи од определбите на уставот на Република Македонија, со која се “гарантираат правата и слободата на човекот и граѓанинот и националната рамноправност”, врз основа на член 130 од уставот на Република Македонија, ние долупотпишаните граѓани на Република Македонија му предлагаме на Собранието на Република Македонија предлог ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”
Во првиот дел на овој документ на Собранието на Автономијата биле појаснети причините за промена на уставот. Како главна причина била потенцирана нерамно-правноста на албанскиот народ и несоодветната правна и уставна положба во Република Македонија.
Во вториот дел била опишана целта за промената на уставот, каде било истакато дека решавањето на албан-ското прашање може да се постигне преку федерализација на Р. Македонија.
Во третиот дел на овој документ била предло-жена промена на Преамбулата на уставот12 и некои членови на уставот, како член 313, член 514, член 715, член 4816, член 5117, и член 5218, кои во уставот ќе ја инкорпорираат албанската автономија, Автономна Република Илирида. Исто така, беше предложен додатен дел на уставот, со наслов: АВТОНОМНА РЕПУБЛИКА ИЛИРИДА, во која беше одредена нејзината дефиниција како автономна политичка територијална и демок-ратска заедница, во која албанскиот народ и другите националности требаше да ги реализираат нивните суверени права, освен тие што се од заеднички интерес, со нивната волја и согласнот во уставот на Република Македонија, ги носаат и реализираат во Република Македонија и со една друга диспозиција да се определи територијата на Автономната Република Илирида.
На крајот на овој документ, се истакнува: “Ако Собранието на Република Македонија не го прифати предлогот за промена на уставот на Македонија и не ги определува и гарантира барањата за политичка територијална автономија на Албанците во Македо-нија, ќе бидеме принудени да ја забрзиме нашата политичка определба во согласност со природното, етнич-кото, и историското право на албанскиот народ за самоопределување”.
Како се одвиваа политичките процеси во поната-мошниот период?
Меѓу албанскиот политички фактор немаше едно-гласен договор за прашањето на референдумот и автономијата. Ова можеше да се види и од јавните изјави и усвоените документи во седниците на политичкиот фактор. Од другата страна, албанскиот политички фактор не беше сериозен, бидејќи од една страна се ангажираше за референдум и политичка автономија на Албанците, а од друга страна прегова-раше за учество на политичкиот субјект во македонската коалициона влада.
Спротивставените ставови меѓу албанскиот политички фактор предизвикаа голема загуба во поната-мошното дејствување околу решавањето на албанското прашање во Македонија. Истовремено, овие настани отворено влијаеа во раздорот кај албанскиот политички фактор во Македонија.


11 Илирида е име на реката која во античкото време ги прскаше ридовите на трите Илирски кралства: Дардани, Пајони и Енкелеји. Оваа река поминуваше од просторите на илирското племе Пенести, во околината на античката Хускана и Пајонските земји и се одлеваше во реката Акс (денешниот Вардар), во Дарданија. Реката Илирида фактички е денешната Треска.

12 Преамбулата на уставот треба да се потполни со аспирациите на албанскиот народ за ослободување и рамноправност со македонскиот народ...
13 Во членот 3 на уставот беше предложена додатна алинеја: „во рамките на Република Македонија е и Автономна Република Илирида”.
14 Во членот 5 исто така беше предложена нова алинеја: „во Автономна Република Илирида се употребуваат рамноправно, покрај симболите на Република Македонија и симболите на Автономната Република Илирида и симболите на другите националности”.
15 Во членот 7 на уставот се предлагаше: „во републичките органи рамноправно да се употребуваат Македонскиот и Албанскиот јазик и нејзините писма”.
16 Во членот 48 беше предвидено да се одредува норма која требаше да обебеди рамноправност на националните колективитети, на македонскиот и албанскиот народ.
13 Во членот 3 на уставот беше предложена додатна алинеја: „во рамките на Република Македонија е и Автономна Република Илирида”.
14 Во членот 5 исто така беше предложена нова алинеја: „во Автономна Република Илирида се употребуваат рамноправно, покрај симболите на Република Македонија и симболите на Автономната Република Илирида и симболите на другите националности”.
15 Во членот 7 на уставот се предлагаше: „во републичките органи рамноправно да се употребуваат Македонскиот и Албанскиот јазик и нејзините писма”.
16 Во членот 48 беше предвидено да се одредува норма која требаше да обебеди рамноправност на националните колективитети, на македонскиот и албанскиот народ.
17 Во членот 51 требаше да се регулираат односите помеѓу уставните акти како и другите акти на Автономна Република Илирида и законите на Република Македонија.
18 Во членот 52 се беше предвидено законите и другите акти кои се објавуваат во „Службениот весник” на Република Македонија да се објавуваат на Македонски и Албански јазик и нејзините писма.

ВРИЕЊЕ КАЈ АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ

Во текот на 1992 год., Македонија, чекор по чекор се издигнуваше, како независна држава на Македонците, влегувајќи во фаза на меѓународно признавање. Во ова фаза Македонија веќе имаше заокружено многу процеси, особено на внатрешен план, таа го имаше завршено процесот на нејзиното формирање како држава, преку три значајни акти: Декларацијата за независнот, референдумот за суверена држава и уставот. Истовремено таа имаше основано државни институции, како: парламент, претсе-дателство и влада. Се поставува прашањето, што правеше албанскиот политички фактор во ова фаза?
Албанскиот фактор, ПДП, која го претста-вуваше мнозинството на албанскиот народ во Македонија, остана на маргините на политичките настани. Ваквата ситуација беше последица на две причини: распуштениот маке-донски национализам - старата славо-комунистичка логика и последица на неодлучноста - внатрешни слабости на албанскиот политички фактор, кој го имаше добиено вердиктот на албанскиот народ во Македонија. Значи, во оваа историска фаза Албанците во Македонија не го одиграа улогата како одлучувачки фактор за некои прашања од важен интерес, што се врзуваа со судбината на штотуку формираната држава или својата судбина како народ. Единствениот успех беше учеството на некои министри во владата на Кљусев. Во овие околности се оддржа Првиот Конгрес на Партијата за демократски просперитет.
Првиот Конгрес на ПДП беше добредојден за две причини: како прво за да се анализираат политичките настани во Македонија, во предход-ната фаза и врз основа на овие анализи да го определи второто прашање, а тоа е стратегија за понатамошното поли-тичко дејствување.
Анализирајќи ги документите на Конгресот на ПДП може јасно да се види дека во експозеето на претседателот на ова партија, г. Невзат Халили, се зборува за основањето на партијата, за нејзините односи со македонските партии, за учеството на првите парламентарни избори, за недозволување на функционирањето на општинските собранија, конституирани во Тетово и Гостивар, за учеството на Албанците во владата со еден министер, за многу-бројните неуспешни средби со републичките лидери, за соработката и контактите со косовските партии, како и тие од Албанија, за дејствувањето на албанската парламентарна група и многу други општесвено-политички прашања.
За време на работата на овој Конгрес, остро и полемички беше дискутирано меѓу делегатите за многу прашања на политичките настани во Македонија. Во овој случај, во Конгресот отворено се виде дека во ПДП владеат две контрадикторни линии:
Првата ја оправдуваше усвојувањето на Декла-рацијата за независност на Македонија без албанскиот услов, и решавањето на албанското прашање во Македонија го сметаше како внатрешно прашање, прифаќајќи го македонскиот референдум и усвојувањето на уставот.
Додека втората линија се спротивстави на усвојувањето на Декларацијата за суверена Македонија, усвојувањето на уставот, и кои се ангажираа за подржување на референдумот за политичко-терито-ријална автономија на Албанците во Македонија, кои решавањето на албанското прашање во Македонија исто така го сметаа како внатрешно прашање, но во една бинационална или федерална Македонија.
Овие спротивставени ставови како одмину-вало времето станаа се по истакнати и завршија со поделба на две политички партии, што се случи подоцна. Првиот Конгрес на ПДП не ја определи јасно опцијата за понатамошно дејствување, но дозволи и понатаму да дејствува непринципиелната политика за фундаментал-ниот интерес на Албанците во Македонија.
Од историска гледна точка, Конгресот не беше оправдан, бидејќи не ја разјасни стратегијата на политичкото дејствување на албанскиот субјект.
Конгресот не успеа да ја состави политичката платформа, околу која ќе се собираа политичките активисти. Платформата требаше да биде оска на политичкото дејствување, затоа што нејзиното отсуство причинуваше забуна во членството. Оваа празнина оставаше простор за манипулации и неодговорни политички дејствувања, кои многу ќе го оштетија политичкиот интерес на албанскиот народ во Македонија, а од друга страна причини конфузија и го подлабочи расцепувањето во политичките редови и воопшто на членството. По завршување на Првиот Конгрес на ПДП, беше потпишан договор за протерување на ЈНА од територијата на Македонија. Договорот беше многу значаен за Македонија како независна држава.
Како се одвивал договорот помеѓу челниците на југословенската армија и претставниците на Македонија, кои дадоа согласност, уште е непознато. Но, според мемоарите на Глигоров, почетните договарања за отстранување на Југословенската војска од Македонија, се одвивале помеѓу него и шефот на Југословенската Народна Армија, генералот Вељко Кадиевиќ. Подоцна за постиг-натата согласност и другите детали, во Македонија бил испратен генералот Б. Аџиќ. Глигоров вели дека во овој договор учествувале: претседателот на Собранието, Стојан Андов, министерот за одбрана, Т. Гоцевски и некои македонски генерали. Значи, со самиот факт дека во овој договор не учествувал ниту еден Албанец, остава сомнеж за некоја српско-македонска завера против албанските интереси.
Во текот на преговарањата со Југословенскиот генералштаб, за Глигоров не било разумно да покани некој албански претставник во Македонија, исто како што ќе постапи со чинот на признавање на Македонија во ООН, кога беше потребно пред меѓународниот фактор да се претстави, дека Албанците во Македонија учествуваат во процесот за независна држава на Балканот, Македонија.
Од друга страна многу е интересен и симпто-матичен фактот како беше постигнат договорот за отстранување на Југословенската војска, кога се знаеше дека истата таа војска не се повлекол на мирен начин од Република Словенија и од Република Хрватска.
Во меѓувреме покрај проектот на Собранието на Автономијата за промена на уставот на Македонија, во пролетта 1992 год. албанскиот политички фактор, ПДП и НДП, презедоа заедничка иницијатива за промена на уставот на Република Македонија. Ова иницијатива имаше за финална цел, да ги спречи наопаку започнатите процеси во Македонија, кои секогаш можеле да доведат до меѓуетнички конфликт. Од оваа иницијатива на двете албански партии бил составен документ, каде бил истакнат мултинационалниот, конфесионалнниот и хетерогениот состав на државата, распаѓање на Југославија и создавање нови држави, како резултат на самоопределување на народите, исто така и политичката волја на албанскиот народ во Македонија, изразена на референдумот на 11 и 12 јануари 1992 год.
Предлогот за промена на уставот, беше демо-кратско право на претставниците на албанскиот народ, по институционален пат да ја реализираат националната рамноправност во Македонија. Овој предлог-документ ја разјаснуваше етничката реал-ност во Македонија. Со овој предлог Албанците во Македонија преку парламентарна процедура, бараа промена на националниот карактер на државата, Македонија, со што ќе се отстранеше институционалната нерамноправност на сите национал-ности кои живееле во новоформираната држава. Албанскиот фактор предло-жил дводомен парламент, кој би обезбедил потполна рамноправност на народите и националните етнички групи, со што ќе беше онемоз-можена етничка мајоризација во Републичкото Собрание. Од историски аспект овој документ е многу значаен, бидејќи беше првата сериозна понуда на албанскиот фактор, за демократско-институционално решавање на меѓуетничкото прашање во Македонија.
Овој предлог-документ беше игнориран од страна на македонскиот фактор, со што во продолжение ќе бидат предизвикани етнички тензии во Македонија, кои од време на време избиваа како мали кризи, кои го зголемиле незадоволството на Албанците кон државните институции.
Но, како што одминуваше времето и ова ини-цијатива остана само идеја, исто како политичката автономија на Албанците во Македонија, која беше амортизирана, за да се заборави засекогаш. Широ-кото членство, полека, ја изгуби довербата кај најсилниот политички субјект, дека може да влијае за промена на политичкиот и правниот статус на албанскиот народ што живееше во Македонија.

ВТОРАТА ВЛАДА НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Владата на Бранко Црвенковски


По паѓањето на Владата на „експертите” на Н. Кљусев, беше избрана нова политичка влада на чело со Б. Црвенковски, кој истовремено беше и претседател на СДСМ (бившата СКМ). Ова влада беше избрана на 4 септември 1992 г. Б. Црвенковски ja водел македонската влада, не само до крајот на првиот парламентарен мандат, но и низ целиот втор парламентарен мандат, до 1998 год. кога социјалдемократите изгубиле на парламентарните избори.
Албанскиот политички фактор, ПДП, учес-твувал во ова влада како владин коалиционен партнер со пет министри и четири заменици министри. Со самиот факт на учество на албанскиот фактор како владин коалиционен партнер, беа омалуважувани сите превземени обврски од овој политички субјект за оживување на политичката територијална автономија на Албанците во Македонија.
Периодот на владеењето на социјалдемократите во Македонија беше најодлучниот период за сите процеси кои се одвивале во ова новоформирана држава, како во внатрешните меѓуетнички односи, така и во меѓународните односи. На овој период многу политички процеси, за време на овој период завршиле на штета на албанското национално прашање. Албанците во Македонија остана во внатрешните граници на новоформираната држава, додека политичкиот и правниот статус на албанскиот народ остана “национално малцинство”. Во економската сфера Албанците, во ова фаза не можеле да создадат стабилна основа од државниот имот. Тие не можеле да привати-зираат ниедно државно претпријатие, кои за ова време беа приватизирани, со што биле отстранети од можноста за економска добробит. Од друга страна, вклучувањето на Албанците во државната администрација, остана на симболичен процент.
Во првиот мандат на Црвенковски се случиле два настани со голема антиалбанска позадина, што ескалираа со брутални полицијски напади, судења и затворења на Албанци: првиот беше настанот на скопски Бит Пазар и вториот беше Афера со оружјето.

Бит Пазар
На 6 и 7 ноемри, 1992 год. на Скопскиот Бит Пазар, се случиле несакани настани, кои предизвикале нарушу-вање на јавниот ред и мир, потикнати од предходно сценарио од македонско воено-потикнувачки кругови во Македонија. Со овој чин, македонската полиција демон-стрираше брутална сила против Албанците.
Според информацијата на Министерството за внатрешни работи на Македонија, овие нстани завршиле со четири убиени и четиринаесет тешко повредени, како и претресување и лишување од слобода на голем број Албанци.
Интересен е еден факт кој редовно ќе се повторува, за време на драматичните настани на Бит Пазар, претседателот на Р. Македонија, К. Глигоров секогаш патуваше по “службени работи” надвор од Македонија. Сличните настани потврдуваат дека во Македонија ништо не било направено без претходно сознание на Глигоров.
Албанскиот политички фактор кој учествувал во владата на Црвенковски, како главен виновник го прогласи Министерството за внатрешни работи на Македонија, кое го имаше подготвено крвавото сценарио во Бит Пазар. Но, исто така треба да се потенцира дека ништо не било превземено од страна на албанскиот политички фактор, за спречување на сличните сценарија.
Никогаш не беше обелоденета позадината на настаните во Бит Пазар. Не беше јасно, зошто му требаа овие трагични настани на тогашниот политички естаблишмент? Едно е јасно, дека „Бит Пазар” беше подготвено сценарио за да се аргументира фактот, некако дека новоформираната република е во “опасност” од Албанците, со што можеше да се дестабилизира и балканскиот регион. Значи, македонските националис-тички кругови се обиделе преку крвавите антиалбански сценарија да ги претставуваат Албанците, пред меѓународниот фактор, како дестабилизатор на Македонија, се со цел да го забрзаат процесот на признавањето на новата држава.

Аферата со оружје
Ипак, трагичните настани на Бит Пазар не беа единствените кој се обидувааа да сведочат “за опасноста” на Македонија од Албанците.
Другиот настан, со уште поголеми размери, ќе го потресе целиот албански политички фактор во Македонија, а исто така ја погоди и Република Албанија. Тоа беше таканаречената “афера со оружјето”, која избувнува во есента 1993 год. поточно во време кога се појавија тенденциите за реформи во албанскиот политички фактор. Преку овој настан, од напред подготвен, исто така од кујните на антиалбански националистички кругови, пред меѓународниот фактор, биле обвинети не само Албанците во Македонија, но и самата Р. Албанија, како деста-билизаторски фактор на Р. Македонија и на регионот. Причина за избивањето на таканаречената “афера со оружјето” беше фиктивната организација за самоодбрана, во случај на опасност. За ова организирање беше запознаена и Владата на Р. Македонија.
За време на избивање на “аферата со оруж-јето”, многу луѓе, чесни патриоти, завршиле зад решетките. Никој од главните лидери на албанскиот политички фактор не даде објаснување за поширо-ката јавност, што се случува. Некои избрани албан-ски претставници изјавиле дека за ова “ништо не знаеле” или “за прв пат слушаат”. Сите овие изјави ги демантирал, изјавата на еден висок функционер во Министерството за одбрана на Р. Македонија. Според него: “За идеjата на самоодбрана на Албанците беше запознаена и Владата на Кљусев. Подготовките за самоодбрана немале за цел терито-ријално загрозување на Македонија ... Тој рече дека: Владата на Македонија и нејзиното Минис-терство за одбрана не ја обвинува Албанија за ова афера”.
И покрај овие јавни изјави од страна на албански владин претставник, министерот за внат-решни работи, Љубомир Фрчковски, ја обвини Р. Албанија, тој во тоа време истакна дека: “фактите за импликација на Албанија им ги понуди на некои пријателски странски инфор-мативни служби, кои можеле да ги потврдат. Значи, ова да не остане само потврда, но им рековме: “повелете, утврдете ги овие факти: жиро-сметките во банки, потек-лото на оружјето со бројки, врските, фотогра-фиите, видеолентите ...”! И тие можеле да го потврдат ова.
Резултатот беше, меѓународен притисок кон Албанија. Мислам дека тие го заслужиле тоа”.
Проектот на “самодбрана на Албанците” со кој без сомнение дека беше запознаена и Владата на Кљусев, имаше две штетни димензии:
- преку овој проект индиректно беше имплицирана Р. Албанија, која според сценаристите беше обвинета од меѓу-народните дипломатски кругови како дестабилатор на ПJRM и на регионот, и;
- остави тешки последици за албанскиот политички фактор и Албанците во Македонија во целина, беше дека преку импликацијата на таканаречената “само-дбрана”, според сценаристите и македонска дневна политика, постоела можност Албанците, да бидат обвинети како терористи и непријатели на Р. Македонија, причина што создадеше предуслови за разно-разни афери и нови затворања, така како што и се случи. Албанскиот политички фактор, додека беше имплициран и “виновен”, премолчуваше, и никогаш не ги разјаснуваше точно, албанските национални интереси, затоа што сценаристите можеле да ја реактивираат мрежата на новите затворања, секогаш кога ќе им притребаше во дневната политика, за постигнување на некоја политичка цел. Значи, аферата со оружјето го држеше како залог политичкото раководство на Албанците во ПЈРМ, и преку неа и албанските политички активисти кои дејствувале и кои на еден начин биле имплицирани во аферата.
За жал албанскиот политички фактор крена рака од проектот на “самоодбрана”, дистанцирајќи се, а тоа им даде можност на македонските нацио-налистички кругови да го искористат тоа, како голема замка за да им стaваат кочници на “радикалните Албанци”, а истовремено стана сигурен инструмент во рацете на македонскиот политички естаблишмент за обвинување на Албанците и Р. Албанија, како дестабилизаторски фактор на Р. Македонија и пошироко, на регионот.

СУДИРИТЕ ВО П Д П И НЕЈЗИНАТА ПОДЕЛБА

Со учеството на ПДП како коалиционен партнер во владата на Црвенковски, од 1993 год. односите меѓу албанскиот политички фактор почнале да се заоструваат. Факторите што влијаеле врз заострувањето на овие односи беа од субјективна природа, меѓучовечки неподносливост и помеѓу разните групи и политички природи, ПДП немаше стратегија за решавањето на албанското прашање во Македонија. Фактички двете албански партии, ПДП и НДП го признале територијалниот интегритет на Маке-донија, додека решавањето на албанското прашање, го предвидувале во Македонија. Судирите во ПДП се случиле за второто прашање, како да се решава албанското прашање во Македонија.
Спротивставените статови на албанскиот фактор го збуни и меѓународниот фактор, кој беше ангажиран за македонското прашање. Лордот, Герт Аренс, кој беше именуван како водител на Работната група за нацио-налностите и нацио-налните малцинства, од Лондонската Конференција, по многубројните контакти со албанскиот лидершип, јавно изјави дека “не му е јасно што бараат Албанците”. Ова изјава од еден висок европски претставник јасно покажува дека албанскиот политички фактор не знаел да ги разјасни своите барања за албанското прашање во Македонија, до Меѓународната Зедница.
Политичкиот фактор, со мандат на албан-скиот народ, во одлучниот момент, кога се создала новата држава во Балканот, се двоумеше помеѓу разни опции. Тој не знаеше да ја менаџира политиката на меѓународниот фактор и неговиот геостратешки интерес во Балканот, за да ја при-лагоди на политиката на интересот на својот народ. Оваа слабост, македонскиот фактор успешно го иско-ристил, создавајќи етничка држава на Македонците.
Македонскиот политички фактор покрај созда-вањето независна држава, сериозно се залагал за меѓународно признавање на ова творештво. Меѓутоа, на овој процес, во новата држава, не се гледаше, ни еден важен интерес за Албанците во Македонија. Сите најзначајни одлуки на новата држава беа донесени без согласност на Албанците. Се поставува прашањето, уште што требаше да се случи, албанското политичко раководство да разбере, дека во новоформираната држава, албан-скиот народ ги загубил сите национални права, како наследните така и историските.
Затоа, политичкиот курс ургентно требаше да се смени, бидејќи политичките настани не биле во интерес на демократските процеси и потполна рамноправност на албанскиот народ. Во најголемата албанска партија, ПДП, почнале вознемирувања на поширокото членство. Главните нејзини ограноци, тетовскиот, гостиварскиот и струшкиот, ги започ-нале реформите во насока на промена на политичкиот курс. Токму во овој момент, излегоа на виделина две политички линии во албанскиот политички субјект. Една од нив ја поддржуваше традиционалната политика, политика на исчеку-вање, додека новата линија бараше забрзување на процесите, донесувајќи поодлучен став во предност на интересите на албанскиот народ во Македонија. Ова прашање достигна до највисокото раководство на партијата, Централното Собрание, со што беше свикана Третата седница.
Како причина за заостану-вањето на политичките процеси, на највисокиот партиски орган беа собрани потписи, за разрешу-вање на раководството на ПДП. Развитокот на настаните донесе до оставка на раководството на ПДП и одржување предвремен Конгрес.
Главните причини на спротивностите во албанскиот политички субјект беа:
1. Недостаток на платформа за политичкото деј-ствување,
2. Маргиналната положба на Албанците во сис-темот,
3. Неуспесите за реформи на системот,
4. Партиципација во коалционата влада без плат-форма и условувања,
5. Омаловажување на оживувањето на Автоно-мијата на Албанците во Македонија.
Интересно е анкетирањето на албанската јавност во Македонија, за развојот на настаните во албанскиот политички субјект. Според нив 33.47 % од анкети-раните, за конфронтацијата во ПДП, мислеле дека тие избиле поради нерешаваното на политичкиот статус на Албан-ците во Македонија, додека 26.29 % мислеле дека спротивностите биле последица на пристапот за статусот на Албанците во Македонија, “државотворен народ” или “територи-јална политичка автономија – Република Илирида”.
Како последица на тешката ситуација на албанскиот политички фактор, настапија јавни обвинувања, каде претседателот на најголемата албанска партија, која беше носител на политичките процеси во Македонија, на место да го обвини македонскиот политички естаблишмент, за нереали-зирање на програмските определби на својата партија, тој ја обвини албанската дијаспора во Германија и Швајцарија, како и Р. Албанија.

Вториот Конгрес на ПДП
По долгите подготвувања на групите од разни политички провиниенции, кои порано излегоа на сцена во ПДП, и по многубројните средби и консултации, во Тирана и Приштина, на крај беше свикан Вториот Вонреден Конгрес на ПДП.
Подотвувањето на Конресот го направи Советот за подготвување на Конгресот, кој донесе одлука, Конгресот да биде одржан на 12 февруари 1994 год. во Тетово, во Културниот Дом. Заедничкиот совет ги избра заедничките комисии за организирање на Конгресот и на 7 февруари 1994 год. во тек на подготовките за Конгресот, бил одржан вториот состанок. На овој состанок, на дневен ред биле разгледувањето на нацрт документите и извештајот на комисиите. При тоа била усвоена нацрт-програмата на Конгресот и биле составени принципите за претставување на деле-гатите. Според нив, Конгресот вкупно требаше да има 244 делегати.
На 12 февруари 1994 год. така како што било предвидено, свечано бил отворен предвремениот Конгрес на ПДП. Во работата на Конгресот учеству-вале многу гости, меѓу кои и: Секретарот на Демократската партија на Албанија, г. Тритан Шеху, претставникот на Републи-канската Партија на Албанија, претседателот на Народна Демократска партија, г. Илјас Халими, претседателот на Форумот за човекови права, г. Милаим Фејзиу, членот на Владата на Косово, г. Мухамет Бицај, додека поздравна телеграма испратил и претседателот на Владата на Косово, г. Бујар Букоши.
За жал, уште пред да започне со работа, дел од присатните делегати на Конгресот, излегувале од салата каде се оддржувал Конгресот. Ова беше еден сигнал дека најзначајниот албански политички фактор ќе се подели на два дела.
Во салата на Домот на културата, во Тетово, работата на Конгресот траела до доцните часови, на 12 февруари и првите часови на 13 февруари 1994 год. На крајот на работата биле усвоени завршните документи и Декларацијата на предвремениот Конгрес. Исто така, биле избрани раководните партиски органи, Централ-ното Собрание и Претседателството на ПДП. За претседател на партијата бил избран г. Арбен Џафери, кој во поздравниот говор пред делегатите, истакнал:
“Оваа тешка и одговорна задача ја прифаќам со грижа, од многу причини, но ќе споменам само неколку: задачата претседател на партијата доаѓа во едно време кога многу политички процеси веќе завршиле. Завршиле бидејќи многу аспекти, како во уставот и признавањето на некои држави, го стегнуваа просторот на поли-тичкото дејству-вање. Меѓутоа, ова ја зголемува мотивацијата за работа и се надевам дека има уште простор за промена на многу нешта. Второ, затоа што овде вечерва се случили поделба без потреба, и се случи една поделба, да кажам проце-дурално. Ние секогаш се поделуваме за мали прaшања, а не за програмска платформа. Кога ја усвојивме програмата сите бевме едногласни и сите бевме со исто мислење да работиме за таа програма. Јас, со сигурност не можам да ви ветам многу, но ќе ви ветам дека партијата нема да биде во функција на индивидуи, што ја водат неа, но ние, сигурно и јас, ќе бидеме во функција на партијата”.
Со изборот на новото раководсвто, ПДП како најголема албанска партија во Македонија, темелно го промени курсот на политичкото дејствување. Таа од една дефанзивна политика помина во офанзивна политика, мобилизирајќи ги широките народни албан-ски маси, со надеж дека ќе ги поврати политичките процеси, толку колку што беше можно.
Додека, другиот дел од делегатите што заминале од салата на Домот на културата, одржале друг паралелен Конгрес, во малата сала во зградата на Општина Тетово. Со ова, дефинитивно беше поделена ПДП - најголемата албанска партија во Македонија.
И на Конгресот, што се одржал во салата на тетовската општина, исто така биле усвоени заклучоци на Конгресот, биле избрани партиски органи, Централното Собрание и ново раководство, на чело со г. Џеладин Мурати.
Што се случи неколку денови подоцна?
На 16 февруари 1994 год. во канцелариите на ПДП, кои ги користеше раководството на ПДП, избрана во Домот на културата, полициските органи им предадоа судска одлука, според која беа побарани печатите на партијата и канцелариските клучеви. На Владата на Македонија не и преостана друга можност, освен отворено да се меша во внатрешните работи на албанскиот политички субјект. Вмешувањето на држав-ните органи ќе остави тешки последици меѓу симпати-зерите на двете фракции на ПДП.
На крај, во политичкиот простор на Албанците во Македонија, биле формирани две политички линии, логиката на старата линија, која се сметаше како „умерена” и логиката на новата линија, која се сметаше како „радикална”, која бараше промена на политичкиот курс, преку демократските процеси што ги овозможува политиката.