НАСТАНИТЕ ОД 9 ЈУЛИ, 1997 ГОД.

По излегувањето на сцена на Ослободи-телната војска на Косово (ОВК), како последица на српската репресија кон Албанците, антиалбанската пропагаганда започнала да ја шири тезата за “албанскиот тероризам”, “албанскиот исламски фундаментализам”, за Албанците како “дестабили-затори на Балканскиот и регионот”, и др.
Антиалбанските кругови создадоа негативна слика за Албанците, кај Меѓународната Зедница.
И македонската пропаганда беше активна и својот екстремизам го достигна на 9 јули 1997 год. со брутален полициски напад во Гостивар и Тетово. Блокирањето со вооружени македонски полициски единици на овие два града, ја демаскираше целата политика на “оазата на мирот” на Глигоров. Многу јасно се виде дека ПЈРМ добиваше физиономија на полициска држава, користејќи ја финансиската помош на Меѓународната Заедница и издигнувајќи силни воени и полициски структури, кои имале единстена цел, преку сила да ги покорат Албанците.

Што се случи на 9 Јули 1997?
Причина за воено-политичкиот напад беше националното албанско знаме кое беше ставено пред општинските згради, во Гостивар и Тетово, како и во другите општини каде доминираа Албанците. Локал-ните органи на општините, потпирајќи се на нивните надлежности, донесоа одлука за официјална употреба на националното албанско знаме пред општинските згради. Но, одлуката за употреба на знамето потикнуваше забрзани едногласни реакции на Владата на Црвенковски. Беше активиран и Уставниот Суд на Р. Македонија, кој на 21 мај 1997 год. се изјаснил дека овој чин и “се заканува” на независноста на државата и бараше да се отстрани националното албанско знаме. Подоцна, на 8 јули, Собранието на ПЈРМ, со забрзана процедура го усвојил Законот за употребата на знамињата. Одлуката во Собранието беше донесена околу 23.00 часот, значи во истиот ден, додека околу 03.00 часот наутро, специјалните сили на македонската полиција веќе ги преземаа позициите и воспоставија полициски режим во Тетово и Гостивар. Полицијата вршела невиден вандализам во канцелариите на општините кршејќи ги вратите и уништувајќи ги техничките средства. Тогаш почнале и киднапирања, затворања, тепања и убивања на политичките активисти на ДПА.
Последиците од настаните на 9 Јули беа трагични: тројца убиени Албанци, преку стотини бие ранети, преку илјада безмилосно малтретирани, уапсени и казнети со тежок затвор, началниците и претсе-дателите на општинските одбори, Р. Османи, А. Демири, Р. Даути и В. Беџети. Крајната цел на сценариото беше јасна, политичко елиминирање на Арбен Џафери и неговата политика на оспорување на македонската национална држава.
Настаните од 9 јули 1997 год. оставиле длабоки траги и ги влошиле уште повеќе меѓуетничките односи во ПЈРМ.
По настаните на 9 јули, за оправдување на целиот настан, беше организиран судскиот процес во Гостивар, кој завршил на 16 септември 1997 год. Во овој политички процес Основниот Суд во Гостивар ги прогласил виновни: началникот на општината Гостивар, Р. Османи, и претседателот на Општинскиот одбор на Гостивар, Р. Даути. По судскиот процес во Гостивар единствената опција што му остана на албанскиот политички субјект, ДПА, беше повлекувањето од институциите на системот. Во овој судски процес стана јасно дека во тој систем нема место за визионерска политика, која нудеше подобар модел за меѓуетничките односи. Албанскиот политички субјект кој се залагаше за реформи и кој се спротивеше на постоечката концепција на политчкиот систем, ги повлече сите свои претставници, одборниците, началниците и пратениците од институциите на системот и прев-зеде други чекори на политичко дејствување, кои ги овозможуваше парламентарната демократија. Тогаш, таа организираше сенародни демонстрации.
Лидерот на скороформираниот политички субјект, кој ги водеше реформските процеси во ПЈРМ, А. Џафери, истакна: “ова е презентирана политика во политичката платформа на ДПА …”.
Треба да се истакне дека монтираниот политички процес во Гостивар беше осуден и од многу македонски политички партии, освен СДСМ. Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, по осудувањата од Гостиварскиот суд, истакна: “Судскиот процес во Гостивар и изговорните казни на началникот на општината на Гостивар, Р. Османи и претседателот на Општинскиот одбор, Р. Даути, се скандалозни казни, кои ќе имаат негативни реперкусии за самата македонска држава”.
Другиот чекор на владата на Социјалдемократите беше одземениот пратенички мандатот на лидерот на ДПА, А. Џафери. Причина за одземање на мандатот беше неговата апстененција од работата на Собранието. На 8 октомври 1997 год. Собранието на ПЈРМ гласаше за одземањето на мандатот на народниот избран претставник. За ова одлука гласаа мнозинството македонски пратеници, вкупно 81 пратеници. Ова беше чин без преседан во парламентарната демократија. Демократијата и плуралниот систем, на ПЈРМ паднаа на испит. Одземањето на мандатот имаше за крајна цел затварањето на сигналниот глас на албанската опозиција во ПЈРМ. Социјалдемократите уште еднаш покажаа дека кога се во прашање Албанците, тие можаат да направат било што, се разбира и одземање и давање на мандати, во име на народот. Ова беше старата филозофија на размислување и на дејствување на бившите комунисти, сега “рефор-мирани”.
И со сценарието од “9 Јули” и одземањето на мандатот на албанскиот пратеник, и лидер на ДПА, социјалдемократскиот режим се обидуваше да ја маскира мултиетничката реалност на државата ПЈРМ. Како резултат на недостасувањето на механизмот на консензус за етничките особености, народот што имаше мнозинство на гласови го елиминираше народот со помалку гласови, преку процедурата за надгласување експлоатирајќи и стеснувајќи го просторот на етничките особености. Значи, во ова држава не постоеше механизам кој гарантираше рамноправност на Албанците во системот, затоа судбината на албанските интереси беше во потполна зависност од волјата, интересот и каприци на македонските политички коњуктури. Во ова насока, апстиненцијата имаше за цел да ја отвара големата “измама” што му се правеше на албанскиот народ во Р. Македонија.
Но, владата не можеше целосно да ги избегне демократските процеси. Таа беше принудена да организира нови избори, со што А. Џафери повторно беше избиран за пратеник. И овој пат беше верифицирана волјата на народот. Собранието која му го одзеде мандатот на албанскиот лидер, по спектакуларната победа на избори, беше принудено повторно да му го врати мандатот. Ова беа првите знаци на кризата меѓу редовите на Македонските социјал-демократи.