ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО АЛБАНИЈА И НЕЈЗИНОТО ОДРАЗУВАЊЕ (1997)

Во фаза на развитокот на новите процеси на Балканот и Европа, Албанците во поранешна Југославија се надеваа дека Албанија ќе биде импонирана како значаен фактор, кој ќе можеше да помага во решавањето на „албанското прашање”. Но, кога во пролетта, 1997 год. во Албанија избиваа нереди со вознемирувачки размери, желбите на Албанците во поранешна Југославија потонале.
Настаните од пролетта, 1997 год. во Албанија, не само што ја навратиле назад, но целосно влијаеле неповолно врз Албанците во целина и девалвација на “албанското прашање”. Иако, во книгава не ни е целта да ги анализираме причините за избивањето на незадовол-ството кон албанските државни институции, но неоспорен доказ е дека овие настани го оштетиле „албанското прашање” на два рамништа: на меѓународно и внатрешно рамниште, за Албанците кои живееле на територијата на поранешна Југославија, во ПЈРМ. На меѓународно рамниште беше реактивирана старата теза, дека Албанците не се во состојба да подигнат демократска држава, бидејќи во Албанија имаше ред само за време на владеење на цврста рака (1925-1939) и во периодот на владеењето на комунистичката диктатура (1944-1990).
На внатрешно рамниште (Албанците од ПЈРМ), настаните во Албанија негативно влијаеле на демо-рализација на Албанците и нивниот политички фактор. Овие настани во Р. Албанија ги стимулираа македонските националисти. Токму во текот на настаните во Албанија, антиалбанските националис-тички кругови во ПЈРМ, користејќи ја анархијата и хаотичната ситуација во Албанија, го реализираа сценариото на 9 јули 1997 год. обидувајќи се да ги елиминираат од политичката сцена оние политички сили, кои не се вклопуваа во концептот на нацио-налистичката политика на К. Глигоров, за создавање национална држава на Македонците.