ОСНОВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Основање на Тетовскиот Универзитет

Во 1991 год. српските окупатори на Косово, ги прекинаа студиите на Албански јазик, на Приштинскиот Универзитет. Но наставата на Албански јазик не престана никогаш. Истата година, на 26 ноември 1991 г. беше основан и Приштинскиот Универзитет (албански), на чело со Ректорот проф. д-р Ејуп Статовци. Образовниот процес се спроведуваше во вонредни услови, во приватни куќи. Образовната и научната дејност на Албански јазик, во деведесеттите години, во Косово, се одвиваше во вонредни услови на тоталната српско - југословенско воено -полициска администрација.
Универзитетот во Приштина, од неговото основање беше една голема надеж за образовното издигнување на Албанците во Македонија. Причи-нитетите тешкотии на Универзитетот во Приштина, од инсталираните српски авторитети на Косово, од 1990 год. беа еден тежок удар и за младите од Македонија. И покрај тоа што демократските процеси отвориле нови патеки за продолжување на високите студии, на универзитетите во Р. Албанија, сепак високо-образовните институции на албанската држава не можеле да ги абсорбираат сите аспирации на младите Албанци од Македонија. Така, имаше голема потреба за основување на високо образовна институција на Албански јазик и во Македонија, која ќе ги надопол-неше одамнешните потреби за издигнување на профе-сионален образовен кадар за разни професии.
Значи, идејата за основање на една висока образовна институција на Албански јазик во Македонија се појави како потреба на времето.
Иницијативата за основање на Универзитетот на Албански јазик започна на 4 јуни 1994 год. од Собранието на албанските интелектуалци, на уни-верзитетско ниво, заедно со претставниците на разните асоцијации и политички субјекти.
Но, како одговори Владата на Б.Црвенковски, на иницијативата на албанските интелектуалци за основање на Универзитет на албански јазик?
На залагањата на Албанците за основање на високо-образовна институција, македонската влада и се спротистави брутално. На 14 декември 1994 год. во периодот кога се осниваше универзитетот, владата испрати булдожери, во асистенција на многубројни полициски сили, кои ги рушиле објектите каде беше предвидено да се одржат првите универзитетски предавања. Иритирани од бруталниот полициски напад Албанците од Тетово и околината излегоа во одбрана на вложувањата за издигнување на високо образовната институција на Албански јазик, со што беше предизвикана спонтана караница, меѓу собраната маса и македонските полициски сили, каде имаше убиени и повредени Албанци.
Иницијативата на албанските интелектуалци не престана, таа продолжи и успешно беше крунисана на крајот на 1994 год. кога беше донесена одлука за основање на Универзитет на Албански јазик во Р. Македонија.
Во ова одлука се вели: “Претставниците на општинските собранија на општините:
Тетово, Гостивар, Дебар, пет Скопски општини, Куманово, Кичево, и Струга, и Собранието на град Скопје, претставници на ПДП, НДП, Демократскиот сојуз на Албанците–Либерална партија, ПАД–Исламски пат, НДП–Партијата за народно соединување, Сојуз на албанската жена во Македонија, прате-ниците во Собранието на Република Македонија, Одборот за основање на универзитетот, други асоцијации регис-трирани во Р. Македонија, сите овие во својство на Собрание за основање на универзитетот на Албански јазик во Македонија, на свечана седница, одржана на 17 декември 1994 год. донесоа Р е ш е н и е за основање на Универзитет на Албански јазик во Република Македонија. 22. Според оваа одлука, универзитетот на Албански јазик беше наречен Тетовски Универзитет, со седиште во Тетово. Одлуката определуваше шест факултети, кои требаше да го сочинуваат јадрото на Тетовскиот Универзитет:
Филолошки факултет,
Филозофски факултет,
Факултет за природно-математички науки,
Правен факултет,
Економски факултет, и
Факултет на ликовна уметност.
Главните органи на Тетовскиот Универзитет, според оваа одлука беа:
Сенатот, Научно-образовниот одбор и Ректо-ратот.
Одлуката за основање на Тетовскиот Универ-зитет предвидуваше хармонизација на наставните програми со другите универзитети во Р. Македонија, како и објавување на конкурсот за упис на студентите за академската година 1994/1995 год.
Свечено објавување на основањето на Тетов-скиот Универзитет, беше планирано да се случи во салата на Општина Тетово, но ова беше спречено од македонските полициски органи, затоа истото беше одржано пред зградата на Општина Тетово и покрај блокирањето на влезните врати на општината од страна на полицијата која беше до заби вооружена. На тој чин, покрај избраните народни претстаници, беа присатни и многу други граѓани од Тетово и околината и од сите други градови. Дневникот “Фљака е влазеримит”, информираше дека: “Поради напнатата ситуација и избегнувањето на можните екцеси, проф. д-р Фадил Сулејмани, претседател на Одборот за основање на универзитетот, го прочитал Одлуката за основање на Универзитетот на Албански јазик, во седиштето на ПДП”.
По основањето на Тетовскиот Универзитет, така како што беше предвидено, беа регистрирани студенти за првата академска година 1994/1995 и започнаа првите предавања. Од друга страна, раководните структури на оваа високо образовна институција на Албански јазик, ги започна зала-гањата за соработка со сличните меѓународни институции. На 10 февруари 1995 год. беше потпишана соработка меѓу Тетовскиот Универ-зитет и Универзитетот “George Washington” од САД. Оваа соработка за Тетов-скиот Универзитет претставуваше меѓународно призна-вање од една американска високообразовна институција. Треба да се истакне, дека на афирмативниот пат, Тетовскиот Универзитет, беше помаган од државниот универ-зитет на Р. Албанија и од Универзитетот во Приштина, со кои цело време се развиваше добра соработка. Оваа соработка, на 2 јуни 1996 год. се официјализира преку Декларација, потпишана од Ректорот на Приштинскиот Универзитет, проф. д-р Е. Статовци и Ректорот на Тетовскиот Универзитет, проф. д-р Ф. Сулејмани. Во ова Декла-рација, Тетовскиот Универзитет му се заблагодарува на Приштинскиот Универзитет, за дадената помош од основањето, како со наставни кадри така и во образувањето универзитетски кадри.
Во Декларацијата се истакнуваат и протоко-ларните едногодишни спогодби, меѓу двата универ-зитета, за разни потреби на факултетите и катедрите на Тетовскиот Универзитет.
И покрај тоа што Тетовскиот Универзитет, се развиваше, Владата на Б. Црвенковски, продолжила со игнорирачки став кон високо-образовната инсти-туција на Албански јазик.
Во 1996 год. во Р. Македонија, биле одржани локални избори, за избор на локалната власт. На овие избори, во најзначајните општини, каде доминирале Албанци, победиле претставници на ПДПА, која во својата платформа, приоритет му даваше на официјализирањето на универзитетот на албански јазик. Затоа, општинските претседатели потпишаа:
Декларација.
Во ова Декларација се вели:
“Поради перманенто игнорирање, од цен-тралната власт на Р. Македонија, потпиша-ните општинските преседатели, го земаат врз себе развојот и иднината на Тетовскиот Универзитет, изветсувајќи дека во рамки на локалната власт ќе се превземат конкретни чекори за нормално финан-сирање на uнивер-зитетот, ако и понатаму не биде финансиран од буџетот на Р. Македонија. Исто така, општините земаат врз себе обврска да обезбедат услови за градење на објети на универзитетски комплекс”.
Универзитетот во Тетово стана неспорна реалност, кој постоеше како високо-образовна институција на Албански јазик, во Р. Македонија. Низ долгогодишната работа, од основањето, тој создаде традиција и искуство на организирање на научно-образовен процес, како и другите потребни услуги за неговото нормално функционирање. За неколку години, Тетовскиот Универзитет, обезбеди при-времено финансирање, нови наставни објекти за адмнис-тративните потреби, обезбедување со наставни средства, за наставниот процес, за теоретска и практична работа, лабаратории, разни кабинети, наставни сали, како и универзитетски кадар и научно-професионална литература.
Освен основните студии, Тетовскиот Универзитет, отвори и постдипломски студии, на неколку факултети, што ја покажа сериозноста на неговите раководни структури за создавање на професио-нален кадар на универзитетско ниво.
Тетовскиот Универзитет ја започна работата со шест факултети, но во продолжениот период биле отворени и нови факултети, односно 24 смерови или катедри. Со ова, се зголеми и бројот на студентите од 570, колку имаше на првата генерација, на 6200, колку што броела академската година 1998/1999. Исто така, бројот на ангажи-раните професори, се зголемил од 75 на 350.
По третите парламентарни избори, на 1998 год. и формирање на Владата на Лубчо Георгиевски, во времето на избивање на Косовската криза, Сенатот на Тетовскиот Универзитет, излезе со став за негово официјализирање. Во овој документ, бидејќи се зборува за историјатот на Тетовскиот Универзитет, каде се даваат и причините за неговото основање, главните податоци за факул-тетите и бројката на студентите, од страна на највисокиот орган на универзитетот, се земаат Ставови, за негово официјализирање. Во овој документ се истакнува:
1.Чинот на основање и другите нормативни акти на Тетовскиот Универзитет, имаат законска основа во постоечкиот закон за образование, кој е во сила, врз основа на кој е основан универзитетот “Свети Климент” во Битола. Затоа, верифика-цијата и официјали-зирањето на Тетовскиот Универзитет треба да се направи во согласност со диспозициите на тој закон.;
2. Официјализирањето на Тетовскиот Универ-зитет како приватна институција е неосно-вано, затоа што нема законска основа во постоечкиот закон, кој не предвидува основање на високо-образовни институции од правни и физички приватни лица. Настојувањето за ваквото официјализирање ќе беше штетна за конти-нуитетот на досегашната работа на Тетовскиот Универзитет.
3. Официјализирањето на Тетовскиот Универ-зитет го гледаме само како трет јавен државен универзитет во Р. Македонија. Секој друг модел на официјализирање, нема да биде прифатен, ако се настојува парцијално да се реши, а не целосно;
4. Имајќи предвид дека се очекува донесу-вањето на новиот закон за високо образование, сме-таме дека официјализација на Тетовскиот Универзитет не треба да се врзе со новиот закон, бидејќи тој закон само ќе констатира функсионирање на вакви институции што беа основани од порано, согласно со законот во сила и според една законска процедура што предвидуваше основање на само државни универзитети, каде влегува и Тетовскиот Универ-зитет. Новиот закон за високо образо-вание ќе предвидува и основање на приватни универзитети, и ќе отвори можност како основачи да бидат и правни и физички лица, исто така ќе донесе и други иновации во согласност со функционирањето на високо-образовните институции;
5. Имајќи предвид дека Тетовскиот Универ-зитет е една високо-образовна институција што “de facto” и “de jure” припаѓа на терито-ријата на Македонија, ги услужува нејзините граѓани и има законски основана дејност, тогаш се подразбира дека со неговата официја-лизација, македонската држава се обврзува редовно да го финансира, да му обезбеди други наставни објекти, админис-тративни и други помошни објекти, како и да му обезбеди инвен-тар и средства и потребни апара-тури за обавување на практични и теоретски работи во едукативниот, наставниот и научниот процес;
6. Во врска со финансирањето и подигнувањето на универзитетските објекти на Тетовскиот Универ-зитет, тие треба да се обезбедат од државниот буџет. Но, за нивното реализирање не ја отстра-нуваме можноста за финансирањето во прва фаза да се направи парцијално, од централната власт и парцијално од локалната власт, на која владата ќе и овозможи таква компетенција, бидејќи локалната власт денеска го финансира Тетовскиот Универ-зитет преку една “германска марка месечно”, иако не е на официјален начин. Меѓутоа, ова ќе беше едно привремено финансирање, која од блиску ќе се дефинира со еден посебен акт на владата;
7. Што се однеува до предлогот на г. Ван Дер Штул за решавањето на проблемот на високото образование на Албанците во Македонија, како се тие за албанско - американски универзитет или за еден универзитетски колеџ албанско-македонско-англиски и други слични, за денешно време, кога уште се игнорира Тетовскиот Универзитет, ниедена ваква варијанта за образованието не доаѓа в предвид, бидејќи сите вакви и други варијанти, кој евен-туално можат да излезат на македонската политичка сцена, од било кој, имаат намера го уриваат универзитетот.
Со овој документ им се сугерираше на албан-ските политички субјекти да ги раскинат контактите и договорите со г. В. Д. Штул, за неговиот предлог за високо образование, кој бил виден како злонамерен и многу штетен за каузата и официјали-зирањето на Тетовскиот Универзитет.
Една година потоа, односно на 13 јуни 2000 год. по завршувањето на Косовската криза, преку Декла-рација потпишана од политичките и неполи-тичките субјекти, како и Исламската Верска Заедница во ПЈРМ, се бараше од Владата на Република Македонија, официјализирање на Тетовскиот Универзитет, како трет државен универ-зитет, со рамноправен статус со другите универзитети во републиката и со финансирање од државниот буџет. Декларацијата имаше за цел да се спротивстави на иницијативата за основање на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во точката 2 од Декларацијата остро се напаѓа раководството на ДПА, која фактички по неуспешните разговори со структурите на универ-зитетот, се ангажираше за отварање на Уни-верзитетот на Југосисточна Европа. Затоа, рако-водството на ДПА не ја потпишаа ова Декларација.

22 Одлуката за основање на Универзитетот на Албански јазик во Р. Македонија, 17 декември 1994 год. Тетово, потипишана од проф. д-р Фадил Сулејмани.