УСВОЈУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Декларацијата за суверена Македонија и референ-думот на 8 септември, 1991 год. создадоа услови за усвојување на Уставот на независната држава. Уставот како највисок правен акт на Република Македонија, беше усвоен од републичкото собрание на 17 ноември 1991 год. Претседателот на републиката, К. Глигоров, за ова иницијатива фомрирал работна група, која се занимаваше со составувањето на нацрт уставот. Работната група беше составена од овие експерти:
- Владо Поповски,
- Љубомир Фрчковски,
- Лазар Китановки, и
- Димитар Мирчев.
Значи, како што се забележува, во ова комисија не учествуваше ниту еден Албанец, кој ќе придонесеше за составувањето на уставот кој ќе ги опфати основните премиси на парламентарната демократија и мулти-етничкиот карактер на Македонија како независна држава.
Уставот е основен правен акт, кој им претходи на сите други законски акти. Тој, истовремено е “акт на создавање на власта и акт на потврдување на основните општествени односи, поради тоа што претставува правна основа за функционирање на општествено-политичкиот и економскиот систем, како и за реализи-рањето на правата и гарантирање на постоењето на уставноста во општеството”.
Структурата на уставот на Р. Македонија, усвоен во 1991 год. опфаќа:
- Преамбула;
I Основни одредби;
II Основни слободи и права на човекот и граѓанинот;
III Организација на државната власт;
IV Уставен суд на Република Македонија;
V Локална самоуправа;
VI Меѓународни односи;
VII Одбрана на Републиката, воена и вонредна состојба;
VIII Измена на уставот,
IX Преодни и завршни одредби56.
Преамбулата е уводен дел на уставот. Во преамбулата во нацрт-уставот составен од гореистакнатата група се зборува за минатото на македонскиот народ и залагањето за создавање национална држава, потпирајќи се на одлуките на АСНОМ, од 1944 год и референдумот од 8 септември 1991 год. Во преамбулата се истакнува:
“Тргнувајќи од историското културно-духовното и државно-наслетство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската Репу-блика и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Јуославија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија...”
Според скицираниот концепт на Преамбулата на уставот од 1991 год. беше омаловажено историското право и правото на наслетство на албанскиот народ во Македонија. Во продолжение во кратки точки ќе ги анализираме овие категории на правата, кои им овозможуваат на Албанците од Македонија да го бараат нивниот дел во оваа држава.
Историското право, се базира на фактот: Албанците како дирекни потомци на Илирите, во Македонија се автоктон народ. Овој факт може да се потврди и од многубројни антички автори. Но, Македонија како географски поим и како држава се спомнува од античкото време. Таа стана позната во времето на двајцата антички владатели, Филип II и Александар Велики – Лека, во IV век пред нашата ера. Додека за време на владеење на Филип II, Македонија се издигнува како држава и се зацврсти во воена смисла, за време на Александар, кој по мајка беше илирски внук, Македонија се прошири на три континента, Европа, Азија и Африка. Според грчките и римските истори-чари, на просторите на античката Македонија живееле Илирите, Тракејците и Хелените.
За време на Римската империја, Македонија падна под нејзината власт, во 168 год. пред нашата ера, додека во 148 год. пред нашата ера, таа беше проста римска провинција. Но, подоцна Македонија не се спомнува ни како провинција на некоја освојувачка држава, значи ни за време на Османлиското царство. Кон крајот на владеење на Османлиското царство, под влијание на ВМРО, создадена во Солун, во 1893 год. македонското прашање, за кратко време повторно беше актуализирано. Помеѓу двете светски војни, Македонија воопшто не беше спомната ниту како провинција. За време на владеењето на Кралството на СХС, таа била именувана како Вардарска Бановина. По распаѓање на Кралството на СХС, југословенските комунисти го реактуализираа македонското прашање, со што создадоа една територијална политичка единица, НР.Македонија, во која беа опфатени широки територии населени со етнички Албанци, од Куманово до Дебар. Албанците во Република Македонија, од исто-риска, територијална и демографска гледна точка, се дел од една национална целина која се простира од Јадранското и Јонското море, реката Каламас, долината на Јужна Морава и Вардар. Овој територијален географски простор, со мали промени, се поклопува со територијата, која во античкото време било населено со илирски племиња: Дардани, Пајони, Пелагони, Молоси6. Тоа значи, најголемиот дел од денешна Македонија, во античкото време била населено со илирски племиња, за кои има многу автентични сведоштва од грчки, римски и византијски историчари, како и археолошки остатоци. На крајот на Балканските војни, кога Лондон-ската Конференција (1913 год.) го печати создавањето на незавинсна албанска држава –Албанија, Конферен-цијата истовремено ја печати и поделбата на етничките албански територии, поделејќи ги на два дела, од кои најголемиот дел им се додели на Србија и Грција. Првата Светска војна и Мировната Конференција во Париз (1919 год.), не го промениле поделбата на албанските територии. Но, од тогаш албанските територии кои порано и беа доделени на Србија, Париската Конференција ги додели на новата
држава, Кралство СХС, која подоцна беше именувана Југосло-венско Кралство. Ваквата ситуација се одржувала до 1941 год. На крајот на Втората Светска војна, во јужните краеви на Кралството Југославија беше создадена нова федерална единица, Македонија, како република во рамките на Југословенската федерација. Албанските територии јужно од Шар Планина, влегоа во состав на оваа република. Овие територии во Македонија, иако перма-нентно го променија освојувачот, тие ипак останаа населени со етнички Албанци. Исто така, треба да се потенцира дека некои македонски псеудо-научници се обиделе да ја негираат автохто-носта на Албанците во Македонија, сметајќи ги тие како дојдени, но овие залагања немаат никаква научна основа.
Наследното право, е тесно поврзано со историс-кото залагање на албанскиот народ за национална слобода, покрај борбата на другите народи кои исто така беа под туѓо ропство. Фактички Република Македонија како заедничка држава, на македонскиот и албанскиот народ, е плод на Ослободителната борба против осман-ското ропство и плод на Ослободителната Антифашис-тичка војна 1941-44 год. Овие сведочења ги потврдуваат и многу македонски автори во нивните дела, како: Тодор Симовски7, Александар Христов8, Орде Ивановки9, и др.
Илинденското востание и реципрочната помош меѓу Албанците и Македонците беше првиот настан со историска важност, меѓу двете народи што живееле на просторите на денешна Македонија. Овие настани го забележуваа историскиот почеток на соработката меѓу Албанците и Македонците и нивната подготвеност за ослободување од османлиското ропство.
Втората можност што им се даде на народите од денешна Македонија, за ослободување од туѓите непри-јатели, беше Втората Светска војна. И во ова војна, како и другите народи, и Албанците активно учествуваа. Ова го потврдуваат многу документи. На еден од нив се истакнува:
“За време на Втората Светска војна, двете народи активно учествуваа во антифашист-ичката борба. Водачите на војната апелираа кај албанското и македонското население да учествуваат во борба под знамето на Скендербег и Крушевската Република. Затоа, на нив им се гарантираше слобода и рамно-правност, бидејќи како што се велеше, Македонија ќе станеше заедничка татковина на сите, значи и на Албанците” 10. Ова го потврдува и проф. д-р Ѓорѓи Цаца.
Тоа значи, дека фактите јасно покажуваат дека Албанците од Македонија, како поробуван народ, активно учествувале во сите ослободителни борби до нивната национална слобода. Сите залагања за национална слобода и потполна рамно-правност, на Албанците во денешна Македонија, бил направен обид да се круниса на крајот на Втората Светска војна. На 2 август 1944 год. во Прохор

Пчински беше одржано Првото заседание на АСНОМ. Заседанието претставува почеток на Република Маке-донија, во рамките на Социјалистичка Југославија.
Албанците од Македонија и покрај нивните големи залагања не ја реализираа потполно културно-политичката рамноправност, бидејќи и овој пат беа залажани од југословенските комунисти, кои низ целата Антифашис- тичката војна пропагираа потполна рамноправност до самоопределување. Значи, вековниот идеал за национално обединување, составен на Призренската Лига, и за време на антифашистичката борба, остана една нереализирана желба.
Настаните што се одвиваа на крајот на Втората Светска војна и потоа за време на „слободата” (периодот по Втората Светска војна), ги издадоа идеалите за кои Албанците во Македонија беа ангажирани. Во овие околности за Албанците во Македонија беше сменет само туѓиот освојувач, по Балканските војни овој освојувач беше Србија, по Првата Светска војна, беше Кралството СХС (Кралството на Југославија), додека по Втората Светска војна улогата на освојувачите ја зедоа југосло-венските и македонските комунисти.
За време на постоењето на Социјалистичката Југославија, во Македонија се случија уставните реформи, кои беа една комунистичка фарса, криејќи се зад паролите за „братсво-единсво”. Со уставните промени од 1974 год. беше постигната највисоката фаза на фиктивната рамноправност на Албанците во Македонија.
Значи, историското право и наследните нацио-нални права, на Албанците во Македонија им дадоа потполно право за поделување на суверенитетот на независната држава Македонија.
Преамбулата на уставот на Македонија, од 1991 год. се стремел многу јасно кон македонска национална држава. Ваквата тенденција беше во спротивност со интересите и стремежите на албанскиот народ во Маке-донија. Ваквиот проект тешко газеше над историјата на Македонија и ја определуваше јасно позицијата на Албанците како национално малцинство. Овој концепт на предложениот устав, во идниот период станал главен генератор на кризата во Македонија и извор на сите меѓуетнички албанско-македонски несогласувања. Албан-скиот народ, никогаш не можеше да се согласи со статутот на малцинството во Република Македонија. “експертите” што го составиле уставот, заедно со главниот предлагач, К. Глигоров, ја носат најголемата историска одговорност за избивањето на вооружениот конфликт, кој започна десет години подоцна, во 2001 год.
Периодот на усвојување на уставот, на 17 ноември 1991 год. претставува една изгубена историска можност, да на централните балкански простории, по распаѓањето на Југославија, да се создаде „Балканска Швајцарија”, која ќе ги спречеше сите конфронтации на соседите, како неутрална зона на интересите на главните народи на Балканот: Албанците, Грците, Бугарите и Србите. Оваа историска можност не ја искористи македонскиот политички фактор, кој го сочинуваше мно-зинството на собранискиот глас. Затоа, анализирајќи од историски агол, носителите на тогашната политика, носаат историска одговорност за сите понатамошни настани кои ќе служаат како искри за меѓуетничкиот конфликт во Македонија.




56 Устав на Република Македонија, Скопје, Ноември 1991 год.
6 Александар Стипчевиќ, Илири,Приштина, 1990 год. стр. 37.
7 Тодор Симовски,“За учество на националностите во Илинденското востание”.
8 Aлександар Христов, “Организација на власта во востаничката територија за време на Илинденското востание”.
9 Орде Ивановски, “Никола Карев – бессмртни претседател на Крушевската Република”.
10 “Зборник на документи на АСНОМ: 1944 -1964”, Скопје, стр. 71, 177-178.