ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ПЈРМ (1999-2000)

Поразот на СДСМ, на третите парламентарни избори, не го означуваше крајот на ниваната политика, бидејќи на челото на ПЈРМ беше главниот идеолог на нивната осумгодишната политика, К. Глигоров.
Глигоров беше избран за претседател на ПЈРМ од објавување на независноста и остана до крајот на Косовската војна, во 1999 год. Низ целиот негов мандат, политиката на Глигоров беше опишана со истакнат националистички, панславистички карактер.
Во 1999 год. тој јавно излезе со фашизоидната идеја за “коридорот” преку сакаше да ги транспортира косоварите што подалеку од ПЈРМ и од Косово. Но, благодарение на демократските и слободолубивите сили во светот, антикосовскиот сон на Глигоров не беше реализиран.
Летото 1999 год., косовските бегалци беа вратени во нивните вековни огништа, на ослобо-деното Косово. На 9 август 1999 год. претседателот на Собранието на ПЈРМ, донесе одлука за прогласување на избори за претседател на републиката. Овие избори биле одржани на 31 октомври 1999 год.
На овие претседателски избори учествуваа македонски и албански кандидати. Левите македонски политички сили го номинираа како потенцијален кандидат Т. Петковски, а десните политички сили, Б. Трајковски. Албанските политички сили, на овие избори излегле со нивни кандидати, ДПА со М. Неџипи, додека ПДП, со М. Халили. Беше многу јасно дека албанските политички сили на овие избори се бореа за престиж и да се тестираат себеси кај албанскиот електорат.
На албанска страна, кандидатот на ДПА, М. Неџипи, постигна голема победа, но ова не беше доволно, да се учествува во понатамошното натпре-варување, во вториот круг на избори.
Во вториот круг на претседателските избори во 1999 год. најголемиот број од албанскиот електорат се определил за реформираната политика на десните политички сили, кои ги претставуваше Б. Трајковски. Но, не може да се омалуважува дилемата, зошто албанскиот електорат не ја поддржи кандидатурата на Тито Петковски, кој ја имаше подршката на македонското мнозинство. Имаше поголемо образло-жение, но ќе ги истакнеме само најбитините:
1. Политичките структури кои ја подржуваа канди-датурата на Тито Петковски, во ПЈРМ, подигнале дискриминаторски, угнетувачки систем против албанскиот народ;
2. Т. Петковски плаќаше арач за погрешната политика на К. Глигоров против Албанците;
3. Т. Петковски излезе на овие избори со јавна националистичка и албанофобиска плат-форма, пцуејќи и навредувајќи се што беше албанско...
За време на изборната кампања, Т. Петковски јавно изјавил, дека: “не ги сака албанските гласови, бидеќи не сака да стане предавник, туку претседател на Македонија”50. Неговата директна порака пред Македонскиот народ беше:
“Македонскиот народ треба да биде свесен дека својата судбина не треба да ја пушти во рацете на Албанците, бидејќи идниот претсе-дател кој ќе се избира со тие гласови нема да биде легитимен”51.
Значи, беше многу логично дека албанскиот електорат ќе гласа за другиот кандидат.
Албанците во ПЈРМ, на претседателските избори во 1999 год. ја покажаа големата сила како многу значаен политички фактор, што не треба да се занемарува, бидејќи директно може да влијае и за изборот на претседателот на државата.
Една година подоцна, во ПЈРМ беа одржани и изборите за локалната власт. Албанските политички сили што конкурираа на овие избори беа ДПА и ПДП. Изборите поминаа на мирна и демократска атмосфера. На овие избори ДПА го доби мнозинството градоначалници во општините со повеќе албанско население, вкупно 23 градоначал-ници и 287 општински советници, додека ПДП до
50 >>Фљака<<, “На сцена, национал-социјализмот и шовинизмот на Тито”, 19 номеври, 1999 год.
51 >>Фљака<<, исто така.