АЛБАНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО ПЈРМ

Причините за востанието

Од моментот на објавување на независноста и развитокот на плуралниот процес, на адресата на ПЈРМ биле дадени многу опомени за демократските процеси и тешките газења на правата на Албанците. Сериозни опомени доаѓаа од седиштето на ООН. Генералниот Секретар на ООН, Бутрос Гали, за положбата во ПЈРМ, по повод основањето на Тетовскиот Универзитет, во еден момент рече: “Еден универзитет на Албански јазик во ПЈРМ е неопходен, што ќе беше цивилизиран акт и за самата Република Македонија”. Но, сите опомени наидуваа на глуви уши и не беа разбрани сериозно од страна на македонскиот политички фактор.
Главните причини на незадоволството на Албанците во ПЈРМ може да се соберат во две главни прашања:
1. Концептот на државата ПЈРМ, и;
2. Дискриминацијата на Албанците во институ-циите на државниот систем.
Концептот на државата нацртан со Уставот на 17 ноември 1991 год. не кореспондирал со мулти-етничката реалност во ПЈРМ. Прокламираниот Устав како “граѓански”, во практиката беше во функција на Национален Устав, подигнувајќи национална држава на Македонците. Концептот на државата скициран во Преамбулата на Уставот, го фалсификуваше историското минато. Конфронтираните етнички заедници, Албанците и Македонците, имаат свое историско, политички, културно и верско минато. Анализирајќи го историското минато, на Албанците и Македонците, меѓу нив никогаш немаше меѓуетнички конфликт, бидејќи двата народи биле угнетувани од туѓи окупатори. За време на ослободу-вачките војни Албанците секогаш им се одѕивале на повикот за борба против туѓите окупатори. Но, по завршувањето на тие заеднички војни, Албанците остануваа измамени, бидејќи плодовите на победата ги користеле само Словенското население. Со поминување на времето, биле пронајдени различни форми за угнетавање на Албанците. Крајната цел беше нивно протерување од етничките огништа. Додека, разни националистички научни кругови се обиделе да докажуваат дека Албанците во ПЈРМ не се автохтони, како се тие дојдени од разните краишта на Албанија и Косово.
Уставот од 1974 год. Албанците ги дефинираа како конститутивен елемент, додека “демократскиот” Устав, на 1991 год. Албанците ги ставил во положба на “граѓани од втор ред”. На ова “одењe наназад”, во политичкиот и правниот статус на албанскиот народ, му предходеа уставните промени кои биле усвоени во 1989 год и кои биле инкорпорирани во новиот устав. Со овие промени Албанците биле “избришани” од уставот како консти-тутивен елемент на државата. Ова беше подготвената патека за фазата на парламентарна демократија. Вака, етничкото македонско “мнозинство” во Парламентот на независната држава достигнува да ги намали историските права и наследните права на Албанците, преку процесот на мајоризација. Ваквото решение на меѓуетничкиот проблем, без механизмот на консензус, преку процесот на надгла-сување, донесувал перманентни спротиставености, кои полека, полека избија на вооружен конфликт.
ПЈРМ, фактички беше едно “копија” на српската варијанта на државата. Додека, Србија го изнуди својот устав преку тенкови во Косово, режисерите на македонскиот устав, ова го извршеле преку политичкиот процес.
Идеолозите на концептот на македонската нацио-нална држава, Албанците ги сметале во позиција на малцинството исто како другите ирелевантни малцинства во ПЈРМ. За да биде иронијата уште поголема, главните протагонисти на таа политика, во 1991-1992 год., на ХХ век, ја лансираа тезата за ПЈРМ како “оаза на мирот”, позади која се одвиваше националниот проект на една полициска македонска држава.
Поранешните комунистички кругови, фактички го сочинуваа јадрото на македонскиот национализам, тесно поврзани со бившите српски националистички кругови, под влијание на воената сила, изнудуваа политичко решение во ПЈРМ, кое беше во спротивност со процесите на парламен-тарната демократија.
Усвојувањето на Уставот на 17 ноември 1991 год. de jure, го означи крајот на формалните наследни права за Албанците. Со поминување на времето, проектантите на “македонската национална држава” припадноста и државниот суверенитет ја сметаа како затворено прашање. Сепак, албанскиот политички фактор се обидуваше да се спротивстави на овие недемократски процеси, обидувајќи се да ги отвори нерешените меѓуетнички прашања. Овие спротивни тенденции, придонесоа за влошувањето на меѓуетничките односи во ПЈРМ.
Според службената статистика, во ПЈРМ живеат 23 % етнички Албанци (според пописот на 1994 год.). И покрај манипулацијата со процентот на Албанците, службените статистички податоци јасно покажуваат дека оваа држава може да биде само со мултиетнички карактер, додека Албанците и Македонците го сочинуваат најголемиот број на населението, фактички го сочинуваат главниот дел на населението во државата. Меѓутоа, Уставот од 1991 год. не ја зема в предвид внатрешната реалност на етничкиот состав на државата, затоа како таков тој беше главен генератор на кризата во ПЈРМ. Нејзиниот карактер како национален, многу тешко ги допираше главните историски премиси за создавање на ПЈРМ како држава, придонесот на Албанците во историското минато:
Ø Учествувањето во Илинденското востание;
Ø Учествувањето во државните органи на Крушев-ската Република, како и
Ø Заедничката борба на Албанците од ПЈРМ против фашизмот во Втората Светска војна.
Исто така треба да се потенцира дека нацио-налистичките кругови што го изнудија Уставот од 1991 год. целосно го игнорираа албанскиот фактор во поранешна Југославија, каде Албанците според воените македонски аналити-чари, се сметаа како поразени. Затоа, историските виновници на меѓуетничката криза, која изби во 2001 год. беа проектанти на Уставот од 1991 год и идеолозите на националната македонска држава.
Македонските лидери, на средбите со Меѓуна-родниот мониторинг, кога зборуваа за правата на Албанците во ПЈРМ, се обиделе тие да ги прет-стават како национално малцинство. На еден документ на Министер-тсвото за надворешни работи, со наслов “Генералната политика спрема малцинствата”, се вели:
“Заштита на малцинските права во Република Македонија е утврден на конститу-ционално ниво, при што сите малцинства во РМ имаат еднаков третман и уживаат исти права... Според тоа не постои правна основа што би дозволила мајоризација на одредено малцинство наспроти другите малцинства, без оглед на процентуалното учество на малцинствата во вкупната популација”.

Во точката 5.1. на овој документ се вели: “...на последните повеќепартиски избори беа избрани 22 пратеници, припадници на националните малцин-ства, од вкупно 120”.

Во точката 7, се зборува за образованието, и се вели: “Тргнувајќи од фактот дека образова-нието на малцинствата на нивниот мајчин јазик е од посебно значење за заштитата и негувањето на национал-ниот идентитет, Владата на РM, обезбеува целосно предучилишно, основно и средно образование на јазикот на малцинствата”.

Во точката 8.3, се зборува за употребување на јазикот на малцинствата и меѓу другото се вели: “Припадниците на малцинствата имаат право слободно да го одредуваат своето име, а според Законот за личната карта, имињата на припад-ниците на малцинствата се запишуваат двојазично, на служ-бениот јазик и на јазикот на малцинстава...”
Во точката 9, се зборува за културата на медиумите: “Владата на РМ. целосно го финансира дневниот весник на Албански јазик – “Фљака”. Исто така, значително е згоелемен бројот на часовите на програ-мите што емитуваат на малцинските јазици, на државната Радио-Телевизија ...”26.
Ако го анализираме овој документ на Минис-терството за Надворешни работи на ПЈРМ, може да се забележи дека никогаш не се зборува за Албанците како народ, кои перманентно биле игнорирни и сметани како “малцинство”. Така, било пишувано и зборувано, кога станува збор за 23 избрани претставници на албанскиот народ во парламентот. Додека во точката 8 на овој документ јасно се гледа дека авторот уште не бил ослободен од старата логика на комунистичкиот систем, кога и личните имиња требало да се диктираат од властата.
Второто прашање, дискриминацијата на Албан-ците, како етникум и нискиот процент на застапеност во институциите на системот, беше резултат на недовербата кон Албанците, што беше причина за дискриминација врз еден цел народ. Недовербата кон Албанците за да им се дадат задачи со голема државна одговорност беше последица на словенската пропаганда дека тие можаат да работат, зад грб на независната држава, за “Големата Албанија”27.
Дискриминацијата беше забележана и од меѓународните организации при ООН, :
“Специјалниот известувач нагласи малиот број на вработени Албанци во јавната администрација. Како илустративен пример може да се нагласи дека околу 4.5 % полицајци се Албанци, додека во армијата околу 4 %. Специјалниот известувач беше информиран, дека Владата има намера да го реши овој проблем преку зголему-вањето на квотите на малцинствата во полиција, на работни места низ министер-ствата, судовите и другите јавни институции”.

Во истиот документ, во точката 204, се вели:
“Специјалниот известувач нагласува дека поли-циските сили на ПЈРМ, за време на извршу-вање на своите задачи, и понатаму влечат кон незаконските методи. Особено, вознемирувачки е незаконското употребување на таканаречени “инфромативни разго-вори”. Затоа, се повикува Владата да превземе конкретни чекори, во сферата за човекови права, за тие службеници кои го спроведуваат законот”.
Албанскиот политички фактор направи големи залагања за подобрување на положбата на Албанците во системот и омекнување на дискрими-нацијата, сепак ова појава во ПЈРМ беше многу далеку од потполната елиминација. Корените на етничката дискриминација на Албанците беа многу длабоки.

26 Авторот на ова дело, имаше можност да биде главен уредник на Редакцијата „Фљака„, при “Нова Македонија”. Реалноста е ваква: “Преку Редакцијата на “Фљака” нејзините издавања, дневникот, списанија “Јехона”, списанијата за деца, издавање литерарни и ликовни дела, и др. фактички беше експлоатиран албанскиот читател и вработените во редакцијата. На овие последниве, како противнаграда им биле овозможени минимални доходи, од што произлезе албанскиот читател да се среќава со слаб квалитет на пишување. А од друга страна, во комунистичкиот период “Фљака” беше под целосна контрола, работејќи под диктат на туторите. Значи, “Фљака” беше само еден зависен сервис на македонските раководители. Сите залагања за независност на “Фљака” како редакција, завршиле без успех”.


27 “Голема Албанија”, беше пронајдок на антиалбанската пропаганда. Историски е докажано дека Албанците никогаш немале национална програма со експансионистички претензии, за да создаде “голема” држава, како што имаа Србите, Грците, Бугарите, и др. Овие клевети ги пропагираа токму тие кругови што имале за цел создавањето на нивните големи држави на Балканот.