АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИОТ ДОГОВОР ВО ОХРИД

Охридскиот договор е една спогодба за нови општествено-политички односи и понатамошната изградба на државата, ПЈРМ. Договорот на двата народи стана можен по вооружениот конфликт, на 2001 год. Доворот беше реализиран со помош на Меѓународната Заедница, која придонесе за решавање на меѓуетничката криза во ПЈРМ.
Договорот беше една успешна победа на демократските сили во ПЈРМ. Таа исто така е победа на политичкото ангажирање на албанскиот фактор спротивно на македонските ексклузивни државни институции и нивните военопотикнувачки кругови. Договорот одбеле-жува големо потонување на етноцен-тричниот концепт на државата и истовремено почеток на нова епоха во албанско-македонските односи.
Охридскиот договор му даде можност на албанскиот народ во ПЈРМ, да ги врати уставно-правните права, кои неправедно им беа одземени за време на усвојување на Уставот во 1991 год. Овој договор го воспостави механизмот на консенсус, преку кој легално, во институциите на системот, може да се одбрани национал-ниот интерес на албанскиот народ. Документот усвоен во Охрид, “de jure” го одбележува крајот на националниот концепт на “државата на Глигоров” и почетокот на нова етапа, на нов концепт на државата, во кој албан-скиот народ го добива статусот на државотворен народ. Нејзината вредност ја зголемува перманентната присут-ност и сериозното ангажирање на Меѓународната Заедница, Европската Унија, САД, ОБСЕ. Овој факт е доволен за да се докаже дека Охридскиот договор е под меѓународното наблу-дување и гаранции. Гледајќи од овој аспект, албанско-македонскиот договор може да се смета и како историски. На крај, Република Македонија, според Охридскиот договор, не е само држава на македонскиот народ, но и држава на албанскиот народ кој живее на овие територии.
Улогата на меѓународниот фактор за прекину-вање на конфликтот и постигнување на политички договор беше незаменлив. Од времето на борбените настани во ПЈРМ, Европската Унија и САД, ги пратиле своите претставници: Francois Leotard и James Perdew, како посредници за постигнување на мирот. По тешките разговори на конфронтираните страни, тие подготвија документ наречен “Драфт Верзија на Рамковен Договор”, кој на 7 јуни 2001 год. им бил доставен на четирите лидери, учесници во Владата на ПЈРМ и на претседателот Б. Трајковски.
За време на Охридките разговори, албанскиот политички фактор стартуваше со инклузивни евро-западни позиции. Тој не излезе со барања за тери-торијални отцепување, но со барања за потполна етничка рамно-правност, што беше во рамките на еврозападните принципи. Фактички, се бараше мултиет-ничкиот карактер на македонското општество, да се одрази во државното уредување, додека, македонската страна држеше ексклузивна позиција, одбивајќи го барањето што го одразуваше објек-тивниот диверзитет на општеството во државниот концепт. Со други зборови, додека македон-ската страна се стремееше да ги контролира албанските национални права, албанската страна не се мешаше во корпусот на македонските права. Крајот на албанско-македонските разговори беше Охридскиот рамковен договор.
Во моментот кога се очекуваше разговорите во Охрид да завршат, одредени македонски нацио-налистички кругови, владини и невладини, почнаа да даваат неумерени изјави, кои потикнаа остри реагирања кај меѓународните претставници. Овие изјави се обидоа да го минираат политичкиот процес и договорениот проект од меѓуна-родните експерти. Но, меѓународните одлучувачки центри, и ставија до знаење на македонскта страна, дека: “Подобар излез, освен помирување и потпишување на овој документ нема”.
Албанско-македонските разговори, во Охрид, продолжија околу десет дена и завршија на 13 август 2001 год. Под меѓународен притисок, албанско-македонскиот конфликт заврши со спо-годба - Охридски рамковен договор. Тој беше потишан во Скопје, од албанските и македонските претставници, кои учествува во проши-рената вла-дина коалиција: Л. Геогриевски, А. Џафери, Б. Црвенковски и И. Имери. Овој договор го поптишаа претседателот на државата, Б. Трајковски како и евро-американските посредувач, Leotard и Perdew.
Охридскиот Рамковен Договор опфаќа десет главни точки:
1. Основни принципи;
2. Прекинување на непријателствата;
3. Развиток на децентрализираната власт;
4. Недискриминација и правно застапување;
5. Посебни собраниски процедури;
6. Образование и употребување на јазиците;
7. Изразување на идентитетот;
8. Имплементирање;
9. Анексите; и
10. Завршните одредби.
Со овој чин беа потпишани три документи, кои се нарекуваат:
АНЕКС А,
АНЕКС Б, и
АНЕКС Ц.
Анексите се составен дел од Рамковниот Договор.
АНЕКС А – ги опфаќа измените во устав-ните Амандмани.
Преамбулата на уставот од 1991 год. според договорот претрпела измени, основувајќи на кон-цептот на индивидуалните права и на цивилното општестсво. Во новиот предлог на Преамбулата се вели:
“Граѓаните на RM, земајќи ја в предвид одговорноста на сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни кон своите предци, за жртвите и со наклоност кон нивоното ангажирање и борба за создавање суверена, независна држава Македонија, но и одговорност пред гене-рациите што доаѓаат, за чувување и развивање на сето тоа што е вредно за богатото културно наслетство и за сожителството во Македонија, рамноправни на своите права, но и за нивните обврски кон заедничкото добро на Р. Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуката АСНОМ, и Референдумот на 8 сеп-тември 1991 год. одлучиле за конституирање на РM. како суверена и независна држава, со цел да се спроведе и да се зајакне правото, за да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи како и да се обезбеди мир и сожител-ство, социјално право, економска добробит и унапре-дувањето на индивидуалниот и колективниот живот, преку нивните претставници во Собранието на Република Македонија, избрани слободно и на демокра-тските избори”.
Со предлог-амандманите биле променети овие членови на Уставот на ПЈРМ: Член 7, Член 8, Член 19, Член 48, Член 56, Член 69, Член 77, Член 78, Член 84, Член 86, Член 104, Член 109, Член 114, Член 115 и Член 131 од Уставот на Република Македонија.
АНЕКС Б – ги опфаќа измените во легислати-вата.
1. Закон за локална самоуправа;
2. Закон за финанцирање на општините;
3. Закон за територијална поделба;
4. Закон за полиција, сместена по општините;
5. Закон за државните службеници и јавната администрација;
6. Закон за иборните единици;
7. Правила за Собранието;
8. Закони во врска со употребувањето на Албан-скиот јазик;
9. Закон за Јавен Правобранител; и
10. Други закони.
АНЕКС Ц – ја опфаќал имплементацијата и мерките за градење на довербата:
1. Меѓународната поддршка;
2. Попис и избори;
3. Враќање на бегалците, обнова и изградба;
4. Развивање на децентрализираната власт;
5. Недискриминирање и пропорционално заста-пување;
6. Култура, образование и јазична употреба.
На церемонијата за потпишување на дого-ворот учествуваа: Хавиер Солана, Џорџ Робертсон, Мирчеа Џоана и Луи Мишел.
При тоа, Џ. Робертсон, истакна: “Целата земја треба да се гордее со овој ден, како и партиите и проширената коалиција, зошто направиле договор кој е историски и верувам дека тоа ќе го обележи влезот на Македонија во современата Европа”.
Додека, портпаролот на НАТО, Ив Бродар, истакна: “Политичкиот договор не е крај на патот, туку почеток на еден процес кој бездруго треба да донесе долготрајно решение за ова криза”.
По потпишувањето на договорот започна фазата на спроведување на процесот, кој го опфаќа:
- Разоружувањето на ОНА;
- Започнувањето на парламентарната процедура за промена на Уставот;
- Враќањето на бегалците во нивните огништа;
- Изградувањето на рушените објекти од војната и
- Воспоставувањето на уставниот поредок на целата територија на ПЈРМ.
Само ден по потпишувањето на договорот, на 14 август 2001 год. со посретство на амбасадорот на НАТО, Питер Феит, беше потпишан уште еден договор меѓу политичкиот претставник на ОНА, Али Ахмети, и претседателот на ПЈРМ. Б. Трајковски, за амнестија на војниците на ОНА и нивното разо-ружење. На истиот ден, меѓународните експерти пристигнаа во Скопје, за да ја започнаат работата околу собирањето на оружјето од поранешните војници на ОНА. Ова операција беше наречена “Есенцијална жетва” и требаше да се заврши со 3500-5000 трупи на НАТО. Операцијата започна на 27 август 2001 год. Покрај разоружувањето на поранешните војници на ОНА, во првата фаза, на 6 септември 2001 год. парламентот ја започна проце-дурата на уставните измени.
На 14 септември 2001 год. силите на НАТО ја завршуваа втората фаза на програмата за собирање на оружјето. Додека, парламентот на 20 септември, ги започна процедурите за определување на проект-измените на Уставот.
На 26 септември 2001 год. заврши опера-цијата на НАТО, за собирање на оружјето. Ден потоа, беше прогласено дека ОНА е расформирана.
На 16 ноември 2001 год. Парламентот на ПЈРМ ја усвои одлуката за проголасување на амандманите: IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII, од Уставот, со што беа направени пред-видените измени.
Со амандманот IV беше променета Преам-булата на Уставот. Новото формулирање на Преамбулата, на Македонците им го одзеде ексклузивното право врз државата ПЈРМ. Значи, не само Македеонците, туку и Албанците, и другите етнички заедници ги преобрази во конституивни елементи на државата. Со ова, ПЈРМ, de jure беше претворена во мултиетничка држава. Новото форму-лирање на Преамбулата гласеше:
“Граѓаните на РM, македонскиот народ како и другите граѓани што живеат на нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот, босан-скиот и другите, преземајќи ја одговорноста на сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на нивните предци за жртвување и наклонетост кон нивното залагање и борба за создавањето на РМ, како суверена и независна држава и одговорни пред генерациите, за зачуву-вањето и развивањето на сето тоа што е вредно за богатото културно наследство и за сожител-ството во Македонија, рамноправни на своите права, но и за нивните обврски кон заедничкото добро – Р. Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуката на АСНОМ, и Референдумот на 8 септември 1991 год. одлучиле да ја конститу-ираат како независна, суверена држава, со цел да се спроведе и да се зајакне правото, да се гаран-тираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и сожителство, социјални права, економско богатство и унапредување на индиви-дуалниот и колективниот живот, преку претстав-ниците во Собранието на РМ., избрани на слободни и на демократски избори”, (Треба да се истакне дека Преамбулата имаше измени од тоа што беше предложено со Охридскиот договор).
Со V амандман, беше изменет Членот 7 на Уставот на ПЈРМ. Со оваа измена покрај македон-скиот јазик, службен јазик стана и Албанскиот, во внатрешни односи во државата. Новата измена гласеше:
“На целата територија на РМ и во меѓународните односи, службен јазик беше Маке-донскиот и неговото кирилчко писмо”.
Прва алинеа: “Друг јазик кои го зборуваат најмалку 20 % на граѓаните, исто така, е службен јазик и нејзиното писмо, како што е определено со овој член”.
Втора алинеа: “Личните документи на граѓа-ните кои го зборуваат службениот јазик, поинаку од Македонскиот јазик, се издаваат на Македонски јазик и нејзиното писмо, како и на таков јазик и таквото писмо, во согласност со законот”.
Петта алинеа: “Во едниците на локал-ната самоуправа јазикот и писмото што го употребуваат најмалку 20 % од граѓаните е службен јазик, покрај Македонскиот јазик и неговото кирилично писмо...”.
Со амандманот X беа определени крите-риумите за одлучување во републичкото Собрание. Со овој амандман се спречуваше мајоризацијата на мнозин-ството во парламентот. Со други зборови, со оваа измена беше воспоставено правото на “вето” за прашањата на албанските етнички особености.
Во него се вели:
“Собранието може да одлучи ако на состанок се присатни мнозинството од вкупиот број на пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присут-ните пратеници, нај-малку 1/3 од вкуниот број на пратеници.
За законите кои директно и припаѓаат на културата, употребувањето на јазиците, образо-ванието, личните документи и употребувањето на симболите, Собранието одлучува со мно-зинство гласови од присутните пратеници кои им припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во РМ. Несогла-сувањата околу спроведувањето на ова регулатива ги реши Комитетот за односи меѓу заеднците”.
Амандманот XII зборува за мултиетничкиот Комитет кој ќе се занимава со меѓуетничките прашања на заедниците во ПЈРМ.
“Собранието формира Комитет за односи меѓу заедниците.
- Комитетот го сочинуваат 19 члена, од кои по 7 члена се од редовите на пратениците во Собранието, Македонци и Албанци и по еден член од редовите на пратениците: Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци.
- Комитетот проучува прашања за односите меѓу заедниците на републиката и дава мислење и предлог за нивното решавање.
Додека, амандманот XVII, ги прецизира ингере-нциите на власта на локалната самоуправа. Со ова промена беа предвидени проширувања на ингренциите на локалната власт во сферата на урбанизам, економскиот развој, просторно плани-рање, образование, здравтсво, и други дејности, кои претходно беа во надлежност на централната власт, каде доминираа Македонците:
“Во единиците на локалната самоуправа граѓаните директно и преку нивните претстав-ниците учествуваат за одлуките на прашањата со локална важност, особено околу прашањата за јавните служби, урбанизам, просторно плани-рање, зачувување на средината, локален еко-номски развој, локалното финансирање, општин-ските дејности, образование, здравството...”.
Треба да се истакне дека низ периодот за неопходни измени, процесот за воспоставување на мирот наиде на остра спротивност на некои македонски воено-потикнувачки националистички кругови, но притисокот на Меѓународната Заедница не дозволи да се рециклира кризата во ПЈРМ.
Охрдискиот договор се карактеризираше со еден постигнат компромис меѓу македонските и албанските политички претставници во ПЈРМ. Тој го прекина вооружениот конфликт меѓу двата народи, кој можеше да земе пошироки размери.Охридскиот Договор de facto и de jure, го измени концептот на државата ПЈРМ, како држава само на Македонците. Во овој поглед, Охридскиот договор, може и да се одликува и како “историски договор”. Затоа, на албанските политички сили во ПЈРМ, им останува национална должност, во што пократок рок да ги реализираат обврските кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.