ВТОРАТА ВЛАДА НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Владата на Бранко Црвенковски


По паѓањето на Владата на „експертите” на Н. Кљусев, беше избрана нова политичка влада на чело со Б. Црвенковски, кој истовремено беше и претседател на СДСМ (бившата СКМ). Ова влада беше избрана на 4 септември 1992 г. Б. Црвенковски ja водел македонската влада, не само до крајот на првиот парламентарен мандат, но и низ целиот втор парламентарен мандат, до 1998 год. кога социјалдемократите изгубиле на парламентарните избори.
Албанскиот политички фактор, ПДП, учес-твувал во ова влада како владин коалиционен партнер со пет министри и четири заменици министри. Со самиот факт на учество на албанскиот фактор како владин коалиционен партнер, беа омалуважувани сите превземени обврски од овој политички субјект за оживување на политичката територијална автономија на Албанците во Македонија.
Периодот на владеењето на социјалдемократите во Македонија беше најодлучниот период за сите процеси кои се одвивале во ова новоформирана држава, како во внатрешните меѓуетнички односи, така и во меѓународните односи. На овој период многу политички процеси, за време на овој период завршиле на штета на албанското национално прашање. Албанците во Македонија остана во внатрешните граници на новоформираната држава, додека политичкиот и правниот статус на албанскиот народ остана “национално малцинство”. Во економската сфера Албанците, во ова фаза не можеле да создадат стабилна основа од државниот имот. Тие не можеле да привати-зираат ниедно државно претпријатие, кои за ова време беа приватизирани, со што биле отстранети од можноста за економска добробит. Од друга страна, вклучувањето на Албанците во државната администрација, остана на симболичен процент.
Во првиот мандат на Црвенковски се случиле два настани со голема антиалбанска позадина, што ескалираа со брутални полицијски напади, судења и затворења на Албанци: првиот беше настанот на скопски Бит Пазар и вториот беше Афера со оружјето.

Бит Пазар
На 6 и 7 ноемри, 1992 год. на Скопскиот Бит Пазар, се случиле несакани настани, кои предизвикале нарушу-вање на јавниот ред и мир, потикнати од предходно сценарио од македонско воено-потикнувачки кругови во Македонија. Со овој чин, македонската полиција демон-стрираше брутална сила против Албанците.
Според информацијата на Министерството за внатрешни работи на Македонија, овие нстани завршиле со четири убиени и четиринаесет тешко повредени, како и претресување и лишување од слобода на голем број Албанци.
Интересен е еден факт кој редовно ќе се повторува, за време на драматичните настани на Бит Пазар, претседателот на Р. Македонија, К. Глигоров секогаш патуваше по “службени работи” надвор од Македонија. Сличните настани потврдуваат дека во Македонија ништо не било направено без претходно сознание на Глигоров.
Албанскиот политички фактор кој учествувал во владата на Црвенковски, како главен виновник го прогласи Министерството за внатрешни работи на Македонија, кое го имаше подготвено крвавото сценарио во Бит Пазар. Но, исто така треба да се потенцира дека ништо не било превземено од страна на албанскиот политички фактор, за спречување на сличните сценарија.
Никогаш не беше обелоденета позадината на настаните во Бит Пазар. Не беше јасно, зошто му требаа овие трагични настани на тогашниот политички естаблишмент? Едно е јасно, дека „Бит Пазар” беше подготвено сценарио за да се аргументира фактот, некако дека новоформираната република е во “опасност” од Албанците, со што можеше да се дестабилизира и балканскиот регион. Значи, македонските националис-тички кругови се обиделе преку крвавите антиалбански сценарија да ги претставуваат Албанците, пред меѓународниот фактор, како дестабилизатор на Македонија, се со цел да го забрзаат процесот на признавањето на новата држава.

Аферата со оружје
Ипак, трагичните настани на Бит Пазар не беа единствените кој се обидувааа да сведочат “за опасноста” на Македонија од Албанците.
Другиот настан, со уште поголеми размери, ќе го потресе целиот албански политички фактор во Македонија, а исто така ја погоди и Република Албанија. Тоа беше таканаречената “афера со оружјето”, која избувнува во есента 1993 год. поточно во време кога се појавија тенденциите за реформи во албанскиот политички фактор. Преку овој настан, од напред подготвен, исто така од кујните на антиалбански националистички кругови, пред меѓународниот фактор, биле обвинети не само Албанците во Македонија, но и самата Р. Албанија, како деста-билизаторски фактор на Р. Македонија и на регионот. Причина за избивањето на таканаречената “афера со оружјето” беше фиктивната организација за самоодбрана, во случај на опасност. За ова организирање беше запознаена и Владата на Р. Македонија.
За време на избивање на “аферата со оруж-јето”, многу луѓе, чесни патриоти, завршиле зад решетките. Никој од главните лидери на албанскиот политички фактор не даде објаснување за поширо-ката јавност, што се случува. Некои избрани албан-ски претставници изјавиле дека за ова “ништо не знаеле” или “за прв пат слушаат”. Сите овие изјави ги демантирал, изјавата на еден висок функционер во Министерството за одбрана на Р. Македонија. Според него: “За идеjата на самоодбрана на Албанците беше запознаена и Владата на Кљусев. Подготовките за самоодбрана немале за цел терито-ријално загрозување на Македонија ... Тој рече дека: Владата на Македонија и нејзиното Минис-терство за одбрана не ја обвинува Албанија за ова афера”.
И покрај овие јавни изјави од страна на албански владин претставник, министерот за внат-решни работи, Љубомир Фрчковски, ја обвини Р. Албанија, тој во тоа време истакна дека: “фактите за импликација на Албанија им ги понуди на некои пријателски странски инфор-мативни служби, кои можеле да ги потврдат. Значи, ова да не остане само потврда, но им рековме: “повелете, утврдете ги овие факти: жиро-сметките во банки, потек-лото на оружјето со бројки, врските, фотогра-фиите, видеолентите ...”! И тие можеле да го потврдат ова.
Резултатот беше, меѓународен притисок кон Албанија. Мислам дека тие го заслужиле тоа”.
Проектот на “самодбрана на Албанците” со кој без сомнение дека беше запознаена и Владата на Кљусев, имаше две штетни димензии:
- преку овој проект индиректно беше имплицирана Р. Албанија, која според сценаристите беше обвинета од меѓу-народните дипломатски кругови како дестабилатор на ПJRM и на регионот, и;
- остави тешки последици за албанскиот политички фактор и Албанците во Македонија во целина, беше дека преку импликацијата на таканаречената “само-дбрана”, според сценаристите и македонска дневна политика, постоела можност Албанците, да бидат обвинети како терористи и непријатели на Р. Македонија, причина што создадеше предуслови за разно-разни афери и нови затворања, така како што и се случи. Албанскиот политички фактор, додека беше имплициран и “виновен”, премолчуваше, и никогаш не ги разјаснуваше точно, албанските национални интереси, затоа што сценаристите можеле да ја реактивираат мрежата на новите затворања, секогаш кога ќе им притребаше во дневната политика, за постигнување на некоја политичка цел. Значи, аферата со оружјето го држеше како залог политичкото раководство на Албанците во ПЈРМ, и преку неа и албанските политички активисти кои дејствувале и кои на еден начин биле имплицирани во аферата.
За жал албанскиот политички фактор крена рака од проектот на “самоодбрана”, дистанцирајќи се, а тоа им даде можност на македонските нацио-налистички кругови да го искористат тоа, како голема замка за да им стaваат кочници на “радикалните Албанци”, а истовремено стана сигурен инструмент во рацете на македонскиот политички естаблишмент за обвинување на Албанците и Р. Албанија, како дестабилизаторски фактор на Р. Македонија и пошироко, на регионот.