ВТОРИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ПЈРМ (1994)

Вторите парламентарни избори во ПЈРМ започна на 16 октомври и завршиле на 30 октомври 1994 год. Покрај изборите за Републичкото Собрание беа одржани и претседателските избoри. И овие избори се одржаа според мнозинскиот модел, во два изборни круга. Значи, и овој пат територијата на Македонија беше поделена на 120 изборни единици, во кои требаше да се избираат 120 пратеници за Републичкото Собранието. Во овие 120 изборни единици беа предложени 1482 кандидати од 38 политички партии и 238 независни кандидати.
Во 13 изборни единици изборите завршиле во првиот круг.
Во вториот круг се гласаше за 333 предло-жени кандидати, од 17 политички партии и 71 независни кандидати. Вториот круг беше одржан на 30 октомври 1994 год.
На вторите парламентарни избори Албанците учествуваа со три политички партии: ПДП, НДП и ПДП – “забранетата”21. Главната политичка борба, за да ги добија гласовите на албанскиот електорат, се одвиваше помеѓу двете струи на ПДП, поделена на вториот предвремен Конгрес, на старата линија или “умерена” и новата линија „радикалите” леги-тимирани на тој Конгрес.
Од друга страна, македонските политички парти се поделиле на два блока: блокот “Сојуз за Македонија”, кој го симболизираше традицио-налната политика на претседателот Глигоров и на премиерот Црвенковски, и вториот блок кој ги претставуваше македонските национални партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Ова група маке-донски политички партии во вториот круг целосно ги бојкотираше изборите, поради големи мани-пулации со изборите од страна на “Сојузот за Македонија”, каде главната улога ја играше СДСМ.
Завршните резултати на вторите парламен-тарни избори во Р. Македонија беа:
Коалицијата “Сојузот за Македонија” (СДСМ-ЛП-СП) – добиле 87 пратеници;
Партијата за Демократски Просперитет– 10 пратеници;
Либералната Партија на Македонија – 5 пратеници;
Партијата за Демократски Просперитет, - „забранетата”- 4 пратеници;
Народната Демократска Партија – 4 пратеници;
Демократската Партија на Македонија – 1 пратеник;
Партијата за Еманципација на Ромите – 1 пратеник;
Коалицијата: Демократска Партија на Турците – СДА - Исламски Пат – 1 пратеник;
СДСМ-Либерална Партија на Македонија– 1 пратеник;
Социјалдемократската Партија на Македо-нија– 1 пратеник;
Социјалдемократски Сојуз на Македонија– 1 пратеник;
Социјалистичката Партија на Македонија– 1 пратеник;
Независни кандидати – 3 пратеници.
На вторите парламентарни избори, за разлика од првите избори кога беа избрани 23 пратеници Албанци, сега бројот на пратениците Албанци беше намален на 19. Намалувањето на бројот на пратениците Албанци беше резултат на манипула-циите со изборните листи и резултат на недораз-бирањата помеѓу албанските политички сили. Овие избори јасно покажале дека и за идните четири години ќе продолжи традиционалната политика на Соци-јалдемократите, додека за албанскиот национален интерес не се очекуваше некое големо унапредување.

21 Партијата за демократски просперитет – „забранетата”, беше формирана на вториот предвремен Конгрес на ПДП, кога таа се подели, од едно нејзино крило се создаде ПДП на Албанците (ПДПА).