ВТОРАТА ВЛАДА НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

По завршувањето на вторите парламентарни избори во Р. Македонија, започна договорот за формирање на новата влада. Политичката сила која доминираше во парламентот беше „Сојузот за Македонија”, нејзиното јадро ја сочинуваа Социјалдемократите на Б. Црвенковски. Македонската опозиција воопшто не беше претставувана во парламентот, бидејќи таа ги бојкотираше изборите. Додека албанската политичка сила беше поделена на три политички партии: ПДП, со 10 пратеници, ПДП -“забранетата” со 4 пратеници и НДП со 4 пратеници и 1 независен пратеник.
Додека се формираше новата Влада, започнаа настаните околу основање на Тетовскиот Универ-зитет. Владата на Црвенковки беше против основањето на универзитет на Албански јазик. Таа испратила големи полициски сили за спречување на подигнување на оваа високо-образовна институција. Реално, се очекуваше дека албанскиот фактор, во овие околности на спротиставување на македонските политички кругови против образованието на Албанците на мајчин јазик, да ја искористи својата политичка сила и да го условува македонскиот политички фактор за основување на универзитет на Албански јазик. Но, не само што тоа не се случи, туку на чудење на сите Албанци во Македонија и пошироко, еден ден по полицискиот напад над привремените објекти на универзитетот, еден од албанските политички фактори, ПДП, одлучила да учествува во владата на Црвенковски. Значи, ПДП влезе во владата со симболично претста-вување. Но, и овој пат продолжила политиката на поранешната влада, политика на формално претставување на Албанците и политика на дискриминација на Албанците во државните институции, политика против подигну-вањето на образовните, културните и научните вредности на Албанците во Македонија.