ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

По усвојување на Декларацијата за независност, во Собранието на Македонија, беше избран претседателот на Републиката. За прв претседател на независна Македонија беше избран Киро Глигоров.3 Методо-логијата на изборот на претседателот на Македонија не беше нималку сменет, од некогашната типична методологија на поранешниот комунистички систем.
Според сведочењето на самиот Глигоров, неговата кандидатура не течеше според легалната параламентарна процедура (значи, помеѓу лидерите на парламентарните
релевантни политички сили, З.Р.), туку кандидатурата била резултат на задкулисните дого-варања на македонските академски интелектуалци, кои од претходно биле ангажи-рани во “Македонскиот форум” за подготвување на националната програма. Значи, Киро Глигоров, веќе беше подготвен како најсоодветен кандидат. Неговите идеи беа во потполна согласност со идеите на Македонскиот форум. Во овој контекст, академик Блаже Ристовски, за дневникот „Нова Македонија”, на 24 јануари, 1991 год, изјавил: “Уште пред неколку месеци, работејќи во Македон-скиот форум за подготвување на Македонската национална програма, јас бев убеден дека Киро Глигоров е најсоод-ветен човек за претседателското место, бидејќи тој сублимира неколку релевантни компоненти во нашите услови: државјанин со искуство и способен политичар, како и утврден патриот, кој на најсоод-ветен начин го сосредоточува континуитетот помеѓу АСНОМ и првата суверена македонска држава”.
Значи, Киро Глигоров бил поставен на чело на Македонија, не од дирекните избори, туку од зад-кулисните националистички кругови, кои го избраа него преку претставниците во Собранието на Македонија, на 27 јануари, 1991 год. Албанскиот политички фактор, иако ги претставуваше интересите на целиот албански народ во Македонија, беше отстранет од овој одлучу-вачки процес. Но, и покрај презирот, албанскиот политички фактор го поддржи изборот на Глигоров за претседател на Македонија.
Платаформата на Глигоров ја предвидуваше Македонија како национална држава на Македонците, со другите малцинства. Но, кои беа “другите малцинства”? Без двоумење тој како национално малцинство го сметаше и албанскиот народ во Македонија, кој од сите аспекти не беше малцинство.
Глигоров, користејќи ја неговата умешност како способен политичар се залагаше да создаде суверена македонска држава, како национална држава на Македонците. Освен ова, кога тој станал претседател на државата, најавувал територијални претензии на Македо-нија кон соседите, користејќи го присуството на етничките Словени во соседните земји4.
Ако ја анализираме Глигоровата политика, од гледиште на интересот на албанскиот народ, во два рамништа, како што се:
1.Внатрешно рамниште – неговиот став кон албанскиот народ во Македонија;
2.Надворешното рамниште – неговата поли-тика кон Косово и Албанија.
Во внатрешната политика на Македонија, Глигоров како што одминувало времето ја разјасни неговата национална платформа, која истовремено беше анти-албанска и антидемократска платформа. Во периодот додека Глигоров беше претседател, во Македонија се случуваа многу настани, кои воглавно имаа антиалбански карактер. Хронолошки, во овој период се случиле:
- настаните во Струшкото село Ладориште;
- бруталните напади на македонската полиција, на скопски Бит Пазар;
- бруталните полицијски напади против основањето на Универзитетот на Албански јазик, во Тетово;
аферата на оружјето;
- бруталните полициски напади во Гостивар и во Тетово, јулските настани 1997 год;
- монтираните политички процеси против албанските челници во општините Тетово и Гостивар;
- Фашизоидниот проект за “транспортирање” на косоварите преку неговиот “коридор” (Глигоров) …
Сите овие настани се случиле во време кога Киро Глигоров беше претседател на Р. Македонија. Жртви на овие настани секогаш беа Албанците. За последните негови цели ќе зборувам во другите делови на ова книга.
Во надворешната политика, Глигоров ја афирми-рал тезата на политиката на еквидистанца. Фактички, тој ќе ја избере најнесоодветната теза за албанскиот национален интерес, бидејќи таквата политика се залагала за распарчување на националната супстанца и глобалната албанска политика. Таквата политика беше во интерес на хегемонистичките српски кругови и нејзините филијали во Македонија, кои сонуваа за „чистење” на Косово од Албанците. Според политичката логика на еквидистанцата, било што да се случеше во Косово, Албанците во Македонија требаше само да „набљудуваат”. Со други зборови, ако во Косово ќе избиеше вооружена војна, Албанците од Маке-донија не требаше да се мешаат во внатрешните проблеми на Србија. Оваа тенденција беше во директна спротивност со глобалната албанска политика (стратегија) и не беше во согланост со основните природни принципи на демократското право на албанскиот народ, за да се одбрани од српската воена машинерија.
Претседателот на Македонија, Киро Глигоров не беше во состојба да ја сфати будењето на националната свест кај Албанците во поранешна Југославија и нивната национална и духовна поврзаност. Тој не беше во состојба да ја сфати филозофијата на делување на албанскиот политички фактор, дека во случај на воен конфликт, Албанците ќе делуваат како еден народ.
Глигоров, никако не можеше да се согласи со Косово како независнната држава, или отцепено од Србија. За Глигоров, Косово е внатрешно прашање на Србија, додека Албанија се обидуваше да ја гледа како и сите други соседи, не влегувајќи воопшто во длабоки анализи за големото влијание на албанската држава врз Албанците во Македонија, кои беа значаен политички фактор во ова држава.
Косовското прашање, според Глигоров не постои, бидејќи Косово е само внатрешен проблем на Србија. Се поставува дилемата, зошто Глигоров е преокупиран со Косово и зошто се плаши од независно Косово?
Претседателот на Македонија го истакнува иселувањето на Србите од Косово, обвинувајќи го за ова Уставот од 1974 год.5 Тој ги искривува историските факти, кои сведочат за спротивното, за иселувањето на Албанците од нивните огништа, од Косово и другите краеви на поранешна Југославија. Значи, историските факти ја говорат спротивното од тврдењата на Глигоров. Тие говорат за колонизација на Косово и другите албански краеви со српски и црногорски колонисти и иселување на Албанци. Во овој момент ќе спомнам само некои непобитни факти: во 1918-1941 год. српските државни кругови во Косово и другите албански крајишта, присилно населиле 17.679 словенски семејства, кои го грабнаа имотот на Албанците. Од друга страна, во овој период од албанските огништа беа прогонувани 276.489 албанци, во Анадолија, Турција. Исто така, по Втората Светска војна, 1949-1967, српскиот комунистчки режим, во Косово создаде други околности со процесот на експропријација, за протеру-вање на Албанците од нивните огништа. Од педесетите години започна една дива кампања за да го потикне албанскиот народ, да се изјаснува со “турска” национална припадност. Истовремено, беше потпишан Џентелменскиот договор, Тито-Киприлили во Сплит, на 1953 год, според кој се протеруваа во Анадолија 412.000 Албанци, и според плановите на Александар Ранковиќ, поранешните албански земјишта требаше да се колони-зираат со 64.000 словенско население (српско- црно-горско).
Значи, Глигоров не знаеше ништо или не сакаше да знае за:
§ Српската национална програма “Начертанија”, 1844 г.;
§ Српската програма “Излегување на море”, 1881 г.;
§ “Турско-Југословенската конвента за иселување на Албанците во Анадолија”, 1938 г.;
§ “Џентелменскиот договор Тито - Киприлили, за протерување на Албанците во Анадолија”, 1953 г.;
§ “Југословенската програма за Косово”, од 1988 г.
Исто така, Глигоров не знае ништо за Елаборатот на Васа Чубриловиќ, од 3 ноември, 1944 год. и 5 јануари, 1945 год.
Врз основа на овој став кон Косово, од 1992 год. за време на Единбуршкиот самит, Глигоров апелирал кај Еврпоската Заедница, за признавање на Македонија и нејзиниот ангажман за непризнавање на косовското прашање. Во овој случај, тој изјавува: “Нашето призна-вање (зборот е за независна Македонија) ќе го олесни решавањето на Косов-скиот проблем и ќе ја отстрани опасноста, кризата да се внесе и во Македонија. Тој побарал од Меѓународната Заедница мировни сили, кои ќе бидат поставени на границите со Србија и со Албанија. Тој вели дека ако се случат немири во Косово, секако ќе бидат причина за балкански конфликт”. Глигоров со неговата итра политика се обидуваше да ја исплаши Меѓународната Заедница за можниот конфликт со големи балкански размери. Затоа тој бара, признавањето на Македонија да биде свршен чин, според неговиот концепт, со цел, целосно да го изолира Косово, ставајќи се на страна на српските нацио-налистички кругови. Но, треба да се истакне дека Меѓународната Заедница, не падна во замката на Глигоровата политика.
Понатамошниот развиток на настаните, за време на Ослободителната војна на Косово, покажа дека тезата на Глигоров беше “фалсификат”, бидејќи конфликтот не зеде балкански размери, како што пропагираше прет-седателот на Македонија.
Глигоров ќе продолжи да биде на страна на српските националисти и отворено ќе се залага кај странските дипломати, Косово да биде третирано како внатрешен проблем на Србија. Тој признава дека на странските дипломати, како на американ-ските така и европските, им сугерира дека: “не можат да си играат со тезата, Независно Косово, ова може да има големи и трагични импликации”*. Тој ќе се потруди до последниот момент да остане таен сојузник на националистичките српски кругови.
Низ периодот на Ослободителната војна на Косово, Глигоров како претседател на Македонија се обидел да го спречи поставувањето на логистиката на НАТО во Македонија. Но, овој пат општествено-политичките околности во Македонија беа променети на штета на неговата политика. Во тој момент, Глигоров немаше никаква внатрешна поддршка, од владата на Георгиевски ниту пак поддршката од Меѓународната Заедница.
Кон крајот на Ослободителната Војна на Косово, Глигоров за последен пат ќе се обиде да им се спротивстави на новите околности, спротив-ставувајќи се на средбите помеѓу косовските и македонските претставници, како две соседни земји, Косовскиот премиер, Хашим Тачи и Македонскиот премиер, Лубчо Георгиевски. Ваквите определби на претседателот на Македонија, Глигоров, донесуваат една логична заврш-ница, дека тој беше еден големомакедонски националист, типичен југословенски комунист, со една кристална антикосовка и антиалбанска политика, која сама по себе се влеваше во водите на српската политика и нејзините филијали во ПЈРМ.



3 Киро Глигоров, македонски политичар, роден на 3 мај, 1917 год. Завршил Правен факултет. Му припаѓа на Студентското движење, пред Втората Светска војна. Активно учествувал во Антифашистичката војна, од 1941 год. Од 1944 год. беше член на СКЈ. Беше член на АВНОЈ и секретар на Иницијативниот одбор за повикување на АСНОМ и член на Президиумот на привременото Народно Собрание на Федеративна Југославија. По војната ги вршел овие задачи и функции: во периодот од 1974-1978 год. беше претседател на Собранието на СФРЈ, од 1948-1962, беше професор во Економскиот факултет во Белград. Беше избран (неколку мандати) како делегат на Федеративното собрание и на Собранието на СР Македонија. На VIII Конгрес, беше избран за член на ЦК на СКЈ, на IX Конгрес, за член на Претседателството на СКЈ, на X Конгрес, член на Претседателството на ЦК, СКЈ, додека на XI Конгрес на СКЈ, член на ЦК, СКЈ, >>Фљака<<, 30 јануари, 1991 год.
4 Цитат од книгата на К. Глигоров, ,,Македонија е се што имаме“ Култура, Скопје, 2002 год., стр. 170, „ … според мене, основно прашање преставува суверенитетот на македонската држава, судбината на деловите на македонскиот народ во соседните земји…”
5 Според Уставот на СФРЈ, од 1974 год., Косово беше конститутивна единица на Југословенската федерација. Устав на Социјалистичка Федеративна Југославија, член 2: „Социјалистичка Федеративна Република Југославија ја сочинуваат: СР Босна и Херцеговина, СР Македонија, СР Словенија, СР Србија, САП Војводина и САП Косово, кои се во состав на СР Србија, СР Хрватска и СР Црна Гора; Службен весник на СРМ, Скопје, 1974 год. стр. 29.

* Киро Глигоров, Македонија е се што имаме, Скопје, 2002 год., стр. 462.
3 Киро Глигоров, македонски политичар, роден на 3 мај, 1917 год. Завршил Правен факултет. Му припаѓа на Студентското движење, пред Втората Светска војна. Активно учествувал во Антифашистичката војна, од 1941 год. Од 1944 год. беше член на СКЈ. Беше член на АВНОЈ и секретар на Иницијативниот одбор за повикување на АСНОМ и член на Президиумот на привременото Народно Собрание на Федеративна Југославија. По војната ги вршел овие задачи и функции: во периодот од 1974-1978 год. беше претседател на Собранието на СФРЈ, од 1948-1962, беше професор во Економскиот факултет во Белград. Беше избран (неколку мандати) како делегат на Федеративното собрание и на Собранието на СР Македонија. На VIII Конгрес, беше избран за член на ЦК на СКЈ, на IX Конгрес, за член на Претседателството на СКЈ, на X Конгрес, член на Претседателството на ЦК, СКЈ, додека на XI Конгрес на СКЈ, член на ЦК, СКЈ, >>Фљака<<, 30 јануари, 1991 год.
4 Цитат од книгата на К. Глигоров, ,,Македонија е се што имаме“ Култура, Скопје, 2002 год., стр. 170, „ … според мене, основно прашање преставува суверенитетот на македонската држава, судбината на деловите на македонскиот народ во соседните земји…”
5 Според Уставот на СФРЈ, од 1974 год., Косово беше конститутивна единица на Југословенската федерација. Устав на Социјалистичка Федеративна Југославија, член 2: „Социјалистичка Федеративна Република Југославија ја сочинуваат: СР Босна и Херцеговина, СР Македонија, СР Словенија, СР Србија, САП Војводина и САП Косово, кои се во состав на СР Србија, СР Хрватска и СР Црна Гора; Службен весник на СРМ, Скопје, 1974 год. стр. 29.