ТРЕТИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА (1998)

Третите парламентарни избори во Република Македонија беа спроведени во октомври 1998 год. Законот за избори, кој беше на сила за време на третите парламентарни избори, беше поинаков од оној што важеше за првите и вторите избори, бидејќи за третите избори бил усвоен комбинираниот модел: мнозински и пропор-ционален. Според новиот закон, 85 пратеници требаше да бидат избрани според мнозинскиот модел, додека 35 пратеници, според пропорционалниот модел.
На третите парламентарни избори учествуваа 17 политички партии. Албанските партии, ПДП и ДПА постигнаа договор, со што албанскиот елек-торат беше релаксиран на овие избори.
Договорот меѓу албанскиот полтички фактор беше постигнат токму во период на избивање на војната за ослободувањето на Косово. Договорот ги омекнал на задоволително ниво старите предрасуди, помеѓу овие два албански политички ривали во Р. Македонија. Со овој договор беа спречени внатрешните албански компликации, во време кога Косовската криза почнала да зазема вознемирувачки размери.
За двете политички партии, ослободувањето на Косово беше приоритетно прашање. На Косово веќе започнале првите залагања околу херојската борба на ОВК. Албанците надвор од Косово, понеле голема историска одговорност за зачувување на стабилноста на териториите каде живеат, со цел да им овозможат на логистиката на ОВК, успешно дејствување.
Договорот меѓу двете албански политички субјекти имаше голема важност, затоа што Косовското прашање ги надминуваше сите политички несогласувања меѓу Албанците во Македонија. Тоа имаше голем одзив не само кај албанската популација, но и пошироко.
Договорот, јасно влијаеше врз релаксирањето на односите меѓу Албанците во Македонија, а истовремено сигнали-зираше дека при евентуална албанско-српска војна, албанскиот народ ќе возврати како една единствена нација.
Фактички, договорот меѓу албанските поли-тички субјекти беше продолжение на албанските национално-политички макропроекти. Албанските политички раково-дители докажаа дека се одговорни и знаат да ја играат политичката улога во пресудни историски моменти.
Договорот меѓу ДПА и ПДП, што може да се оквалификува како историски, беше потпишан во салата на Општина Тетово, во присуство на голем број новинари, на 9 септември 1998 год. Договорот го потпишаа двајцата лидери на политичките субјекти: Арбен Џафери и Абдурахман Алити.


Во овој документ се вели:
“Денес ПДП и ДПА, потпишуваат Спогодба за соработка и заедничко политичко дејствување во идниот период, мотивирани од реципрочна волја за да ја зголемат политичката ефикасност на Албанците во Македонија, на таков начин што со енергија на заедничка политика да ги реализираат нивните аспирации за рамноправно достоинство, индивидуални и колективни, на ова земја. Со оваа спогодба се структурира едно политичко анга-жирање на Албанците за реализација на фундамен-талните политички цели и кои до сега функционираа како конвергентни програмски точки меѓу овие две партии. Со ова спогодба, исто така се поставаат основите на институционална соработка меѓу двете партии, со која потпишаните странки преземаат заеднички задачи и одговосности за дефинираните прашања во неа.
Политичките настани што ги надми-навме не научија дека не треба да се дејствува поделено политички, толку време колку што имаме, треба да одредиме заединчки фунда-ментални цели.
Од сега, денешниот чин ние го сфаќаме како чин на нашата политичка зрелост, на овдешните Албанците и како битен чекор, да ја сфатиме политиката, како уметност на помирувањето, на еден колективитет и со другите. Албанскиот императив, денес и во иднина е политичко единство врз база на демократските принципи. Ова е чекор за кристализирање на политичкиот пејсаж на две партии, јасно структурирани и со кредибилитет, така што да се затвори процесот на политичко фрагментаризирање на Албанците низ партии или политички групации кои немаат тежина, но само ја растураат политичката енергија на народот на недефинирани политички алтернативи.
Денешниот чин, со кој двете најрелевантните партии на Албанците, формираат демократски конвергенции на политичко дејствување, е значајно и поради фактот дека формираат една заедничка визија, легитимна и демократска за албанското прашање во Маке-донија и нејзиното решавање”.
Спогодбата, освен излегување на заедничките избори ги обврзуваше потпишаните политички субјекти за соработување при реализирање на заед-ничките објективи, кои беа:
- гаранција на рамноправен политички статус на Албанците во ПЈРМ;
- образование на Албански јазик на сите степени, особено во решавање на прашањето за виското образование на Албански јазик и стату-сот на Тетовскиот Универзитет;
- проширување на просторот за службена употреба на Албанскиот јазик на централно и локално ниво;
- пропорционалното опфаќање на Албан-ците во државните, политичките институции, во јавната администрација на централно и локално , исто така и во економски и финансиски одлучувачки центри на централно и локално рамниште;
- реална децентрализација на централната власт и зацврстување на положбата и улогата на локалната власт, и
- ангажирање на двете партии за ослободу-вањето на политичките затвореници.
Според спогодбата, помеѓу ПДП и ДПА беше направена и поделба на мандатите на албанските претставници во Републичкото Собрание, во 17 изборни единици, во однос 10 кандидати за ПДП и 7 кандидати за ДПА. Исто така, беше составена заедничка пропор-ционална листа на двете партии, според принципот, претставникот со “непарен” број да биде од ДПА, додека со “парен” број од ПДП.
Партиите што ја потпишуваа ова спогодба како и нивните симпатизери, се обврзаа да не поддржуваат независни кандидати.
Потпишаната спогодба даваше надеж за еден пресврт кон нови интеграции и други процеси што ќе бидат попродуктивни не само за Албанците во ПЈРМ, но и за целиот албански простор. Тоа беше голем политички настан, затоа што албанските политички партии се обидувале да ги постигнат националните права преку демократски средства. Истовремено целта беше, консоли-дирање на редовите на политичките сили на Албанците, кои беа гаранција за мирот на ПЈРМ.
Спогодбата меѓу ривалните субјекти, на ДПА и ПДП, имаше два позитивни ефекти: од едната страна се максимализираше гласот на Албанците во ПЈРМ, со кои беа избрани 25 републички пратеници и од другата страна беа спречени сите можни кон-фликти помеѓу албанскиот електорат.
Но, најголемиот историски ефект беше спо-годбата на политичките субјекти на Албанците и мудроста на албанскиот народ во ПЈРМ. Поли-тичката спогодба и мудроста му одеше во прилог на најголемото национално прашање, (косовското прашање), давајќи им засолниште на протераните од Косово во ПЈРМ и помошта што го дадоа Албанците за ослободување на Косово од српскиот окупатор.
Резултатот од третите парламентарни избори во ПЈРМ беше како во продолжение:
Коалицијата: Демократската Алтернатива – ВМРО-ДПМНЕ – добила 46 пратеници;
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија–27 пратеници;
ВМРО-ДПМНЕ – 12 пратеници;
Партијата за Демократски Просперитет–14 пратеници;
Демократската Партија на Албанците – 11 пратеници;
Демократската Алтернатива – 4 пратеници;
Коалицијата: Либерална Партија-Демократска Партија на Македонија – 4 пратеници;
Социјалистичката Партија на Македонија–1 пратеник;
Партија на Ромите – 1 пратеник.
Како што се гледа третите парламентарни избори во ПЈРМ донесоа промени и кај македон-скиот политички блок. На овие избори изгуби СДСМ, а победи другата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската Алтер-натива. Со поразот на Социјалдемократските структури, кои беа носители на поранешните политички процеси, се создадоа можности за учествување на ДПА, во централната власт, која низ претходниот период многу пати се судрила со политиката на македонските социјал-демократи. На албанскиот политички фактор му беше дадена можност за реформи, во интерес на постигнување на рамно-правност на Албанците во ПЈРМ, преку парламен-тарен демократски процес.
Третите парламентарни избори во ПЈРМ, во најодлучувачкиот историски момент, отстранија од власт една структура која беше наследничка на стариот менталитет, на озлогласениот Сојуз на комунистите. Таа, за осум години по ред, низ целиот период на плуралниот систем, ја подигна новата држава, ПЈРМ, како национална држава на Македонците.
Во надворешната политика Социјалдемократскта политичка структура, никогаш не била дистанцирана од насилството и српскиот фашизоиден терор, против Косово и тамошните Албанци. Структурата на СДСМ, отворено ја држеше страната на српските националис-тички кругови, кога беше во прашање “косовското”. Ова потврда стана јавна од почетокот на 1998 год, кога и самиот претседател, Глигоров, го предлагаше “злогласниот коридор” за транспортирање на косоварите преку ПЈРМ. Изјавата на Глигоров, која беше дадена при неговата посета во Москва, во 1998 год. фактички беше “комплот” на српско-македонските кругови против Албанците. Тој манифес-тираше заедничка српско-македонска стратегија за етничко чистење на Косово. Значи, самиот председател на ПЈРМ, со тоа се стави во функција на сојузник на Србија на Милошевиќ, и ја поддржуваше идејата со сила да се протера албанскиот народ од Косово.
Меѓутоа, ваквиот антикосовски и атниалбански план го спречиле третите парламентарни избори, кои не ја легитимираа политичката структура што ја подржуваше антикосовска платформа на претсе-дателот Глигоров, но легитимираа една друга политичка структура, која имаше спротивно мислење од тоа. Значи, третите парламентарни избори и загубата на сојуз-ниците на српските националистички кругови во ПЈРМ, беше еден одлучу-вачки историјски момент, како за Косовскиот народ така и за албанскиот народ во целина.