ОСНОВАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Развитокот на настаните, во цела Источна Европа и во Социјалистичка Југославија, влијаеле на политич-киот плурализам и во Македонија, со што се распаднал поранешниот монистички систем. Новиот плуралис-тички систем родил надеж и кај Албанците во Македонија, сметајќи дека тој ќе биде базиран врз парламентарната демократија, обезедувајќи рамноправ-ност и национални права на сите народи.
Во Македонија, за краток период беа формирани многу политички партии кои претста-вуваа разни општествени слоеви и разни етнитети, кои со своите програми се обидувале да се вметнат кај народот. Голем број од нив не можеа да се легитимираат на изборите, но се обидуваа да останат на политичката сцена. Од блок на македонските партии беа:
МААК – Движење за Семакедонска Акција, на чело со Гане Тодоровски, како прва партија, која се залагаше за одбрана на македонските интереси, внатре и надвор од Македонија. Таа се залагаше главно за независна држава Македонија.
Поранешниот Сојуз на Комунистите на Македонија беше реформиран и со ново име, СКМ - Партија за Демократска Преобразба, на чело со Петар Гошев. Оваа партија претежно ги привлече поранешните членови на Сојузот на Комунисти на Македонија. На Првиот конгрес, по трансформацијата, во 1991 год. го промениле името во Социјалдемократска Партија на Македонија – СДСМ.
Поранешниот Сојуз на Социјалистите во Македонија, како филијала на СКМ, формирал самостојна партија со име Социјалистичка Партија на Македонија, на чело со Киро Поповски.
ВМРО–ДПМНЕ (Демократска Партија за Македонско Национално Единство) беше формирана како партија која се залагаше за соединување на сите Македонци во една држава. На нејзиното чело беше Љубчо Георгиевски. Оваа партија, се сметаше како десна политичка партија со националистичко определување.
Сојузот на Реформските Сили, која ја иницира последниот југословенски премиер, Анте Марковиќ, претендираше да биде една сејуго-словенска партија. За нејзин претседател во Македонија беше избран Стојан Андов. Во 1991 год. ова партија се соедини со Новата Демократска Партија и беше формирана коалицијата Сојуз на Реформски Сили – Либерална Партија.
Од албанскиот политички блок, во Република Македонија, беа формирани две политички партии: Партијата за Демократски Просперитет (ПДП), подоцна и Народна Демократска Партија (НДП).
Партијата за демократски просперитет беше формирана на 16 Април, во тетовското село Џепчиште, за нејзин претседател беше избран г. Невзат Халили2. Оваа партија беше легализирана кога излезе Законот за политички партии, со што ПДП беше регистрирана како прва партија на Албанците, на 25 мај, 1990 год. Ова партија предизвикала ентузијазам кај албанскиот народ и интелигенција, воопшто. Според нејзината програма, таа не беше национална партија, бидејќи во програмската определба на ова партија беше истакнато: “ПДП е граѓанска партија. Таа е партија на граѓаните со: албанска етничка припадност, муслиманска, турска, македонска, влашка, ромска ...”. Сепак, овој политички субјект успеа околу себе да приближи разни општествени слојеви на албанското општество. Во ПДП влегоа поранешни членови на Сојузот на Комунистите, поранешни албански политички затвореници и многу други членови со разни политички убедувања.
Втората албанска политичка партија, НДП, беше формирана на 23 Јули 1990 год. Со нејзиното формирање започнал политичкиот плурализам и кај Албанците во Македонија. За нејзин прв претседател беше избран, лекарот (кардиологот) од Тетово, Јусуф Реџепи.
Албанските политички партии во Македонија беа формирани во текот на распаѓањето на Социјалис-тичката Југославија. Во овие околности се создаде моментот, кога веќе требаше да се презема нешто за решавање на албанското прашање, во државата што се распаѓаше. Многу политички активисти за албанското прашање излегоа од илегала (некои од нив се ослободија од југословенските затвори, З. Р.) за да се ангажираат во легално политичко дејствување. Главната цел на нивното политичко ангажирање беше да обезбедат решение за албанското прашање, преку демократските форми на политичката борба, во околности на политичкиот плурализам.
Треба да се истакне, дека албанските политички партии во Македонија, не се разликувале многу во фундаменталните програмски определби. Двете први албански партии, ПДП и НДП, го признаа тери-торијалниот интегритет на Македонија. Ова требаше да значи дека решавањето на албанското прашање за Албанците во Македонија го предвидуваа како внатрешно прашање на независната држава Македонија.


2 Невзат Халили, претседател на Партијата за Демократски Просперитет (ПДП), е роден во 1946, во с. Порој – тетовско. Основно училиште завршил во родниот крај, средно во Тетово, а Филолошки факултет, смер: Англиски јазик и книжевност, во Скопје, 1970 год. Од тогаш, па до доаѓањето на чело на ПДП работел во средното медицинско училиште, како професор по Англиски јазик.