РЕФЕРЕНДУМОТ НА 8 СЕМПТЕМВРИ 1991 Г.

Република Македонија, за прв пат на Балканот, се појави кон крајот на Втората Светска војна (1944 год.). Неа ја создадоа југословенските комунисти, како федерална единица во рамка на Социјалистичка Југославија. Но Македонија немаше меѓународен субјективитет. Тој субјективитет можеше да го добие само со плебисцитарно изјаснување (сенароден рефе-рендум), каде народите кои живееле во оваа територија, ќе ја изразуваат волјата за независна држава. Значи, народите кои живееле во внатрешните граници на Македонија требаше да го потврдат фактот дека се, за независна и суверена Македонија.
Во периодот кога се спроведуваше сенарод-ниот референдум во Македонија, се појавиле две спротивни тенденции, кои се судриле меѓу себе. Од една страна, македонскиот стремеж и од другата, албанскиот стремеж. Македонскиот политички фактор, преку успешниот референдум, се обидуваше да ја претстави Република Македонија пред меѓународниот фактор, како национална држава на Македонците. Оваа тенденција, на груб начин го омалуважуваше интересот на другите народи кои живееле во Македонија, особено националниот интерес на Албанците. Додека, албан-скиот фактор под влијание на околностите на другите делови на Социјалистичка Југославија (војната во Хрватска) немаше јасна политичка визија што треба да одлучуваат Албанците во тој историски момент, во Македонија. Дилемата на албан-скиот политички фактор, му даде голем маневарски простор на македонскиот политички фактор, кој се обидуваше да формира македонска национална држава, која беше во спротив-ност со етничката реалност на Македонија. Политичките околности кои владеа во Македонија во тоа време бараа конкретно политичко дејствување, со цел на Албанците во Македонија да не им се повтори историјата од 1912 год. и 1944 год. На референдумот за независна држава, разни албански интелектуални и политички кругови, со право го поставиле прашањето, што добиваат Албан-ците од Македонија од овој референдум?
Општото убедување беше дека албанскиот народ, не само што не добиваше ништо, но со него и даваше легитимет на државата која се обидуваше да добие меѓународен легитимитет без Албанците, како негов конститутивен народ. Затоа, албанскиот народ во Македонија целосно го бојкотираше референдумот, со што го резервираше своето историско право за само-определување во иднина.
Тенденцијата на македонскиот политички фактор да ги забрза процесите за независна Македонија, беше забележлива и од владата на Клусев, која со забрзана процедура сакаше да биде донесена одлука за референдум и покрај тоа, да тече и процесот за усвојување новиот устав.
Одлуката за организирање на реферндумот за суверена Македонија предизвикал пукнатина меѓу албанскиот фактор. Избраните претставници на албанскиот народ во Македонија немале заеднички став за ова прашање, со големо историско значење. Беа објавени некои јавни изјави за македонскиот референдум, барајќи и од самиот претседател Глигоров да се изјасни јавно за некои барања на Албанците. Но, претседателот на Македонија остана глув и никако не му паѓаше на ум да одговори на барањата на албанскиот политички фактор. Затоа, сите слични барања беа премолчени, како да не постоеле. Молкот на Глигоров, јасно покажуваше дека тој немаше намера да ја подели сувереноста на Македонија со Албанците.
Беше одлучено Референдумот да се одржи на 8 септември 1991 год. Прашањето што беше поставено за народите од Македонија на овој референдум беше: “Дали сте за Македонија како суверена држава со право на влегување во Сојуз на суверени држави на Југославија”.
Според официјалните податоци, на референ-думот во 1991 год. излегоа 71.85 % од населението во Македонија. Меѓутоа, овие факти беа многу сомни-телни, бидејќи Албанците целосно го бојкотираа македонскиот референдум. Ако на овој, број што излезе на референдум, му се додаде и службениот процент на Албанците во Македонија (над 25 %), тогаш значи дека на референдумот на 8 септември, гласале повеќе од 97 % на населението во Македонија, што во нормални услови, на демократските процеси, е еден апсурд. Значи, сите општествено-политички процеси во Македонија се одвивале по сомнителни патеки.
Референдумот на 8 септември и одлуката за нејзино прогласување за државен празник, за Албанците во Македонија засекогаш ќе остане спорно прашање.