ВРИЕЊЕ КАЈ АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ

Во текот на 1992 год., Македонија, чекор по чекор се издигнуваше, како независна држава на Македонците, влегувајќи во фаза на меѓународно признавање. Во ова фаза Македонија веќе имаше заокружено многу процеси, особено на внатрешен план, таа го имаше завршено процесот на нејзиното формирање како држава, преку три значајни акти: Декларацијата за независнот, референдумот за суверена држава и уставот. Истовремено таа имаше основано државни институции, како: парламент, претсе-дателство и влада. Се поставува прашањето, што правеше албанскиот политички фактор во ова фаза?
Албанскиот фактор, ПДП, која го претста-вуваше мнозинството на албанскиот народ во Македонија, остана на маргините на политичките настани. Ваквата ситуација беше последица на две причини: распуштениот маке-донски национализам - старата славо-комунистичка логика и последица на неодлучноста - внатрешни слабости на албанскиот политички фактор, кој го имаше добиено вердиктот на албанскиот народ во Македонија. Значи, во оваа историска фаза Албанците во Македонија не го одиграа улогата како одлучувачки фактор за некои прашања од важен интерес, што се врзуваа со судбината на штотуку формираната држава или својата судбина како народ. Единствениот успех беше учеството на некои министри во владата на Кљусев. Во овие околности се оддржа Првиот Конгрес на Партијата за демократски просперитет.
Првиот Конгрес на ПДП беше добредојден за две причини: како прво за да се анализираат политичките настани во Македонија, во предход-ната фаза и врз основа на овие анализи да го определи второто прашање, а тоа е стратегија за понатамошното поли-тичко дејствување.
Анализирајќи ги документите на Конгресот на ПДП може јасно да се види дека во експозеето на претседателот на ова партија, г. Невзат Халили, се зборува за основањето на партијата, за нејзините односи со македонските партии, за учеството на првите парламентарни избори, за недозволување на функционирањето на општинските собранија, конституирани во Тетово и Гостивар, за учеството на Албанците во владата со еден министер, за многу-бројните неуспешни средби со републичките лидери, за соработката и контактите со косовските партии, како и тие од Албанија, за дејствувањето на албанската парламентарна група и многу други општесвено-политички прашања.
За време на работата на овој Конгрес, остро и полемички беше дискутирано меѓу делегатите за многу прашања на политичките настани во Македонија. Во овој случај, во Конгресот отворено се виде дека во ПДП владеат две контрадикторни линии:
Првата ја оправдуваше усвојувањето на Декла-рацијата за независност на Македонија без албанскиот услов, и решавањето на албанското прашање во Македонија го сметаше како внатрешно прашање, прифаќајќи го македонскиот референдум и усвојувањето на уставот.
Додека втората линија се спротивстави на усвојувањето на Декларацијата за суверена Македонија, усвојувањето на уставот, и кои се ангажираа за подржување на референдумот за политичко-терито-ријална автономија на Албанците во Македонија, кои решавањето на албанското прашање во Македонија исто така го сметаа како внатрешно прашање, но во една бинационална или федерална Македонија.
Овие спротивставени ставови како одмину-вало времето станаа се по истакнати и завршија со поделба на две политички партии, што се случи подоцна. Првиот Конгрес на ПДП не ја определи јасно опцијата за понатамошно дејствување, но дозволи и понатаму да дејствува непринципиелната политика за фундаментал-ниот интерес на Албанците во Македонија.
Од историска гледна точка, Конгресот не беше оправдан, бидејќи не ја разјасни стратегијата на политичкото дејствување на албанскиот субјект.
Конгресот не успеа да ја состави политичката платформа, околу која ќе се собираа политичките активисти. Платформата требаше да биде оска на политичкото дејствување, затоа што нејзиното отсуство причинуваше забуна во членството. Оваа празнина оставаше простор за манипулации и неодговорни политички дејствувања, кои многу ќе го оштетија политичкиот интерес на албанскиот народ во Македонија, а од друга страна причини конфузија и го подлабочи расцепувањето во политичките редови и воопшто на членството. По завршување на Првиот Конгрес на ПДП, беше потпишан договор за протерување на ЈНА од територијата на Македонија. Договорот беше многу значаен за Македонија како независна држава.
Како се одвивал договорот помеѓу челниците на југословенската армија и претставниците на Македонија, кои дадоа согласност, уште е непознато. Но, според мемоарите на Глигоров, почетните договарања за отстранување на Југословенската војска од Македонија, се одвивале помеѓу него и шефот на Југословенската Народна Армија, генералот Вељко Кадиевиќ. Подоцна за постиг-натата согласност и другите детали, во Македонија бил испратен генералот Б. Аџиќ. Глигоров вели дека во овој договор учествувале: претседателот на Собранието, Стојан Андов, министерот за одбрана, Т. Гоцевски и некои македонски генерали. Значи, со самиот факт дека во овој договор не учествувал ниту еден Албанец, остава сомнеж за некоја српско-македонска завера против албанските интереси.
Во текот на преговарањата со Југословенскиот генералштаб, за Глигоров не било разумно да покани некој албански претставник во Македонија, исто како што ќе постапи со чинот на признавање на Македонија во ООН, кога беше потребно пред меѓународниот фактор да се претстави, дека Албанците во Македонија учествуваат во процесот за независна држава на Балканот, Македонија.
Од друга страна многу е интересен и симпто-матичен фактот како беше постигнат договорот за отстранување на Југословенската војска, кога се знаеше дека истата таа војска не се повлекол на мирен начин од Република Словенија и од Република Хрватска.
Во меѓувреме покрај проектот на Собранието на Автономијата за промена на уставот на Македонија, во пролетта 1992 год. албанскиот политички фактор, ПДП и НДП, презедоа заедничка иницијатива за промена на уставот на Република Македонија. Ова иницијатива имаше за финална цел, да ги спречи наопаку започнатите процеси во Македонија, кои секогаш можеле да доведат до меѓуетнички конфликт. Од оваа иницијатива на двете албански партии бил составен документ, каде бил истакнат мултинационалниот, конфесионалнниот и хетерогениот состав на државата, распаѓање на Југославија и создавање нови држави, како резултат на самоопределување на народите, исто така и политичката волја на албанскиот народ во Македонија, изразена на референдумот на 11 и 12 јануари 1992 год.
Предлогот за промена на уставот, беше демо-кратско право на претставниците на албанскиот народ, по институционален пат да ја реализираат националната рамноправност во Македонија. Овој предлог-документ ја разјаснуваше етничката реал-ност во Македонија. Со овој предлог Албанците во Македонија преку парламентарна процедура, бараа промена на националниот карактер на државата, Македонија, со што ќе се отстранеше институционалната нерамноправност на сите национал-ности кои живееле во новоформираната држава. Албанскиот фактор предло-жил дводомен парламент, кој би обезбедил потполна рамноправност на народите и националните етнички групи, со што ќе беше онемоз-можена етничка мајоризација во Републичкото Собрание. Од историски аспект овој документ е многу значаен, бидејќи беше првата сериозна понуда на албанскиот фактор, за демократско-институционално решавање на меѓуетничкото прашање во Македонија.
Овој предлог-документ беше игнориран од страна на македонскиот фактор, со што во продолжение ќе бидат предизвикани етнички тензии во Македонија, кои од време на време избиваа како мали кризи, кои го зголемиле незадоволството на Албанците кон државните институции.
Но, како што одминуваше времето и ова ини-цијатива остана само идеја, исто како политичката автономија на Албанците во Македонија, која беше амортизирана, за да се заборави засекогаш. Широ-кото членство, полека, ја изгуби довербата кај најсилниот политички субјект, дека може да влијае за промена на политичкиот и правниот статус на албанскиот народ што живееше во Македонија.