РАСПАЃАЊЕ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЈУГОСЛАВИЈА

Социјалистичката Јуославија беше основана од Југословенските комунисти, во Јајце во Босна и Херцеговина, на 29 ноември 1943 год. Таа беше изградена врз основа на федералниот систем. На чело на Социјалистичка Југославија беше избран Јосип Броз Тито, југословенски комунист со хрватско потекло. Политичкиот систем во ова земја ја водеше само една политичка партија, Сојузот на комунисти на Југо-славија. По смртта на Тито, во Југославија започна тешката економска и политичката криза, која се пренесе и во самиот Сојуз на Комунистите. Во јануари 1990 год., бил свикан XIV Вонреден Конгрес на Сојузот на југословенските комунисти. Конгресот ја започнал работата во атмосфера на големи тензии меѓу српските претставници од едната страна и словенеч-ките и хрватските од друга страна. Пред да ја заврши работата, Конгресот се распаднал, а со тоа се распаднал и Сојузот на комунисти на Југославија. Словенечката делегација, првата ја напуштила работата на Конгресот. Со ова југосло-венската криза влезе во завршна фаза, најтрагична. Токму низ овој период беше легализиран новиот плуралис-тички систем, беа формирани многу политички партии и биле одржани повеќепартијските избори во сите федерални единици на Социјалистичка Југославија. Во Словенија и Хрватска, на повеќе-партиските избори победиле оние политички сили кои се залагале за отцепување од Југославија. Во Р. Словенија, овие сили биле под водство на Милан Кучан, додека во Р. Хрватска од Фрањо Туѓман.
Повеќепартиските избори во Хрватска биле спроведени на почетокот на 1990 год. На овие избори победила Хрватската Демократска Заедница – ХДЗ, на чело со Фрањо Туѓман. Со нејзината победа, беше конституиран хрватскиот парламент (Сабор), кој усвои многубројни амандмани во хрватскиот Устав, со кои биле сменети хрватските симболи.
Полека, растеле меѓуетничките тензии во Хрватска и ситуацијата се повеќе се комплицирала. Покрај поставувањето на новата хрватска власт, која произлезе од парламентарните избори во Хрватска, беше зголемен и отпорот на Србите од Хрватска, кои не се согласувале да се соединат со новата хрватска власт. Спротивставувајќи се им на одлуките на високите органи на Хрватска, српските раководители во Хрватска, во јуни 1990 год. во Книн, ја свикаа “Првата српска Конвента” и ја усвојиле Деклара-цијата за сувереност и автоно-мијата на српскиот народ во Хрватска. Во август 1990 год. почнаа првите војувања. Хрватската полиција се обидела да ги разоружа резервните српски полицијски сили во Бенковац. Но, Србите на околните села се собрале и ја разбиле полициската станица, земајќи го целото оружје. Хрватските авторитети се обиделе да ги пратат специјалните сили, но Југославенската Армија (ЈНА) ги спречила овие тенденции. Одбранети од Југословенската армија, хрватските Срби го реализираа референдумот за автономија и на 1 октомври 1990 год. бил прогласен Српски Автономен Регион, Српска Краина.
Во почетокот на 1991 год. хрватската власт на чело со Туѓман се обидела да организира една сопствена воена сила, купувајќи оружје надвор од земјата. Затоа воените југословенски раководители одлучиле да ги стават под директна контрола единиците на хрватската територијална одбрана. Истовремено, Југословенската армија отворено почнала да ги вооружува хрватските Срби. Ова ги потикнало Хрватите на демонстрации, кои во Сплит, на 6 мај 1991 год. ја опколиле командата на Југословенска Морнарица. Во ова гужва хрватската полиција и Југословенската војска пукаа едната против друга.
Искрите на вооружениот конфликт беа разнесени и во Словенија. Во Марибор избил отворен конфликт меѓу единиците на Словенечката територијална одбрана и Југословенската армија. Во овој случај, на улиците во Марибор излегле и тенковите, но ова ситуација потикнала демон-страции на Словенците, кога бил убиен еден граѓанин. По овој настан цела Словенија се дигна на нозе.
Развитокот на настаните во Р. Хрватска и Р. Словенија го забрзале распаѓањето на Југославија. На 16 јуни 1991 год. Парламентот на Словенија прогласи независност на Република Словенија, додека на 25 јуни 1991 год. и Парламентот на Хрватска прогласи независност и потполна суве-реност на Република Хрватска.
Еден ден по прогласувањето на независноста на Р. Словенија, нејзините специјални единици во граничните премини со Италија, Австрија и Унга-рија, ги замениле сите ознаки и знамето на Југославија со ознаки и знаме на Р. Словенија. На граничните премини на Словенија со соседните земји, биле поставени Словенечките единици на територијалната одбрана. Вложувањето на Југословенската армија за да ги спречи овие процеси биле неуспешни. Затоа, таа ги нападнала единиците на словенечката територијална одбрана, со што потикнале многу инциденти на граничните премини. Југословенската армија се обидела да ги стави под контрола аеродромите и да ја изолира Словенија од светот. Во тоа време министерот за одбрана на Р. Словенија, Јанез Јанша, изјави: “од денеска за Словенија почнуваат денови на војна, бидејќи за ова имаме предупредување од самата Југословенска армија, според воениот план на Југословенската Народна Армија >БЕДЕМ 91< но, ние на силата ќе им се спротивставиме со сила”. Според изјавата на генералот на ЈНА, Аџиќ, решението за интервенција на армијата во Словенија, беше превземено од федералната влада. Според него “Било издадена наредба за освојување на 137 точки низ Југословенската граница, на територијата на Република Словенија и за обез-бедување на царинските служби, за да ги започнат нивните задачи на пограничните премини”.
Нема дилема дека со оваа интервенција Југосло-венската армија се обидела да воспостави контрола над федералните царини и со сила да ја повратат Словенија во рамките на Југославија и на овој начин да ги парализираат другите вложувања за распаѓањето на Југославија. Но, единиците на територијална одбрана на Словенија ги блокирале и ги парализирале воените гарнизони на Југосло-венската армија. Немајќи друг излез, Врховната команда на Југословенската армија, на 18 јуни 1991 год. го наредила повлекувањето на сите воени ефективи, од територијата на Р. Словенија. Многу од овие ефективи ќе бидат стационирани во Р. Хрватска и Р. Босна и Херцеговина. Со повлекување на Југословенската армија, Р. Словенија се оддели од Југославија. Од овој момент започна завршната фаза на распаѓање на Социјалистичка Југославија.
Српските воено-потикнувачи, под раковотство на Милошевиќ, лесно го “оставиле” отцепувањето на Р. Словенија, бидејќи ова отцепување ќе ги потикнеше и другите федерални единици, со што беше можно де се предизвика крвава граѓанска војна. Тие кругови, потпирајќи се на воената сила, под чија каманда беше Југословенската армија, ја бара токму војната, како средство за поставување на новите односи во една трета Југославија, каде би доминирале Србите.
Во меѓувреме, хрватскиот раководител, Ф. Туѓман, работеше за консолидација на неговите воени сили, Соединетата народна гарда. Нејзините воени вежби биле изведувани на тајни места, додека оружјето се донесувало преку тајни патишта. Со почетокот на борбите, хрватските воени сили се зголемија многу брзо.
Според, >>Извештајот на Стратешките Политики на Одбра-ната и Надворешните Американски Работи<<, Германија и продала на Хрватска голем број разни видови оружје, како: борбени авиони МИГ, ракети земја-воздух и тенкови од последното производство.
Борбите во Хрватска продолжуваа со висок интензитет, преку летото, 1991 год. Според словенеч-киот пример, и тука беа блокирани воените гарнизони на Југословенската армија. Но, од разлика на Словенија, во Хрватска имаше многу Срби. Затоа, кога хрватската полиција се сплеткуваше со српското население, Југосло-венската армија добиваше причина за интервенција, со цел да го одбрани српското население. За кратко време, од ваквите постапки во Хрватска започнаа вистинска војна.
На почетокот на септември, 1991 год. Лордот П. Керингтон, во улога на претседател на Меѓународната Конференција на Хаг, се обидел да го реши хаосот што владееше во Југославија, Конференцијата завршила неуспешно.
Кон крајот на септември, 1991 год., почнаа воените операции на Југословенската армија кон градот Вуковар. Според југословенски воени експерти, овој град се сметаше како “рбетен столб на хрватската војска”. Списанието на ЈНА, >>Народна Армија<< пишуваше: “Вуковар цели децении се подготвуваше да го поддржи военото влегување на германците преку Дунав”. Иако, битката за Вуковар немаше некоја посебна воена стратегија, нападот врз овој град продолжил во наредните два месеци, разурнувајќи го целосно градот.
Во декември, 1991 год. го бомбардираа градот Дубровник, со што стариот дел на градот настрада од бомбардирањето на Југословенската армија. Бомбарди-рањето на Дубровник потполно го расклопи пред очите на светот безумието на војната на Балкан.
Кон крајот на 1991 год., Р. Словенија и Р. Хрватска беа признати како независни држави. Но, нивното признавање од Меѓународниот комунитет, ја остави Босна и Херцеговина во безизлезна ситуација. Претседателот, Алија Изетбеговиќ, се најде пред две алтернативи, да бара независност или да и се придружи на Југославија на Милошевиќ. Фактички, од март 1991 год. српскиот и хрватскиот раководител, Милошевиќ и Туѓман, имаа постиг-нато таен договор против Босна и Херцеговина, во Караѓорѓево. Ова спогодба беше комплот за поделба на Босна и Херцеговина.
По повеќепартиските избори во Босна и Херцеговина, во октомври 1991 год. во нејзиниот парламент муслиманските и хрватските претстав-ници усвојиле одлука за отцепување на Босна и Херцеговина од Југославија. Но, со оваа одлука не се согласувале српските претставници, кои заминале од парламентот. Еден месец подоцна, српското раководство во Босна организираше референдум со српското население на републиката, на 9-10 ноември 1991 год. Србите од Босна и Херцеговина, на референдум се изјасниле да останаат во Југо-славија. Не земајќи го во предвид референдумот на Србите во Босна, претседателот, А. Изетбеговиќ, бараше од Меѓународната Заедница да ја признае независноста на Б-Х. Но, Европскиот комунитет и одговори дека ќе ја признае независноста на Босна, ако нејзиниот народ ја потврди ова волја преку референдум. Затоа, во февруари 1992 год. Мусли-маните и Хрватите, преку референдум гласаа за независноста на Б-Х. Од тој миг, тензиите во Босна секојдневно растеле. На 1 март 1992 год. на една улица со мнозинство муслимани, на една српска свадба, изби конфликт. На свадбата се вееле српски знамења, додека еден вооружен човек пукал врз толпата убивајќи го таткото на зетот и ранувајќи свадбар. Ова беше искрата што ја запали Босна и Херцеговината.
Европскиот комунитет ја призна независноста на Б-Х, на 6 април 1992 год. Признавањето на Босна и Херцеговина, ја стави Југословенската армија пред завршен чин, како една туѓа сила на територијата на Босна. Но, во Б-Х, Србите го формираа нивниот парламент и Република Српска, на чело со Радован Караџиќ. Бања Лука беше прогласена за главен град на тоа творештво. Додека, Југословенската армија, стационирана во Б-Х, влезе под команда на генералот Ратко Младиќ. Неговата армија, во текот на 1992/1993 година, совладала 70 % од територи-јата на Босна и Херцеговина.
Силите на Српската република на Босна, не беа единствената војска која се бореше во оваа независна држава. Таму се бореше и Хрватскиот Одбор на Одбраната (ХВО), како крило на Ф. Туѓман, која држеше под контрола многу територии. На 5 јуни 1992 год. хрватите од Б-Х, исто така, ја прогласија Независната Република Херцег-Босна.
Војската на Босна и Херцеговина која се бореше за соединета држава, беше под команда на претседателот, Алија Изетбеговиќ. Вооружувањето на ова воена сила, во текот на 1992/1993 година, беше минирано од ембаргото на оружјето, особено од фактот дека сите патишта, од каде можеше да помине тешката воена опрема, требало да поминат преку Хрватска. Меѓутоа, во текот на 1994 год. бошњачката војска се покажа многу организирана и зазема под контрола многу територии.
Војната во Босна и Херцеговина зазеде широки размери. Тоа беше најголема трагедија што се случи при распаѓањето на Социјалистичка Југославија. Оваа војна заврши со помош на Меѓународната Заедница, со Дејтонскиот Договор.